Автор: инфодеск
Post Views: 719 Денес ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен...
Македонската Армијата се модернизира со 17 нови оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД
Post Views: 342 Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила од типот „страјкер“. Оваа опрема е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за модернизација на македонската Армија со современи борбени средства, а до средината на летото треба да пристигнат вкупно 42 кои се дел од набавката на воени возила од Соединетите Американски Држави. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со пристигнувањето на овие возила значително се зајакнува капацитетот на Армијата. Тој изрази благодарност до припадниците на војската,...
Започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид
Post Views: 707 Денес започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид.-Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа. Претходно, со средства на Општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ извршија поставување на комплетно нова атмосферска канализација долж главната пристапна патека, вели градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. ...
Документарниот филм „К15: Од другата страна“ вечерва на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев”
Post Views: 216 Документарниот филм „К15: Од другата страна“ вечерва ќе биде на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20.00 часот.Цена на карта е 200 денари.„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект. Филмот е збогатен со искрени...
Tри нови случаи на семејно насилство во Охрид за изминатите 24 часа
Post Views: 599 Tри нови случаи на семејно насилство во Охрид, во полицискиот билтен за изминатите 24 часа на територија на СВР Охрид.На 24 март 2026 година, во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44 годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10 годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19 јуни 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко...
Враќање кон традиционалните готварски практики за одржлив систем на исхрана и нула отпад од храна
Post Views: 553 Традиционалните методи на обработка и приготвување на храна од почетокот на 20 век претставуваат одржлив систем на исхрана, од кој многу практики треба да се задржат и применуваат и денес, па и во иднина. Тоа го потврдуваат анализите што последниве неколку години ги спроведува меѓународен конзорциум за истражување и развој на дигитални алатки за одржливи кулинарски практики, во кој учествува и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.Во пракса, ваквиот пристап подразбира целосно искористување на сите намирници и стремеж кон создавање “нула отпад”....
Културното наследство недоволно искористено како капитал за развој на туризмот
Post Views: 444 Македонија има значителен културен капитал, но тој сè уште не се користи и управува доволно ефективно за развој на туризмот, вели проф. д-р Сашо Коруновски, експерт во областа на туризмот. Потребен е систем на уредување и вклопување на културното наследство во туристички производи.– Во моментот има многу можности коишто не се искористени, тоа сериозно можам да го кажам, затоа што да, ние промовираме, но не правиме сериозни туристички производи базирани на културно наследство , тоа се тие културни рути. Од каде е овај заклучик, генерално оние кружни...
Контроли во Струга за откривање нелегални приклучоци на системот за јавно осветлување
Post Views: 352 Компанијата ICS SISTEMI, задолжена за одржување на уличното осветлување во Струга, најавува засилени контроли на електричната мрежа во наредниот период, соопштија од Општина Струга.-Контролите ќе бидат насочени кон откривање на нелегални приклучоци во дворови и приватни објекти. Секое неовластено приклучување ќе биде санкционирано согласно закон, со можност за покренување кривична постапка за злоупотреба на електрична енергија, посочуваат од општината.Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат прописите и да придонесат кон безбедно и ефикасно...







