Skip to main content

Автор: инфодеск

Од полноќ горивата поевтинуваат

Post Views: 42 Со одлуката на комисијата за енергетика се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,35, односно за 8,83%. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ за 39 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари. Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51% пониската просечна цена на...

Продолжи со читање

Американска сојузна држава стана шеста најголема економија во светот

Post Views: 43 Благодарение на економскиот раст и силниот долар Калифорнија во 2015 година ја престигна Франција и стана шеста економија во светот. Една година претходно Калифорнија беше осма економија во светот, рекла главната економистка во Канцеларијата за финансии на Калифорнија, Irene Asmundson, и додала: “Калифорнија имаше исклучително добра 2015 година”. Во оваа најнаселена американска сојузна држава се наоѓаат седиштата на компании од различни стопански дејности, вклучувајќи ја Силиконската долина и Холивуд. Во 2015 година бруто домашниот производ на Калифорнија...

Продолжи со читање

Македонија со поларни температури

Post Views: 37 Утрово најниски температури се измерени во Берово -21, Лазарополе -17, Маврово -17, Крива Паланка -14, Крушево и Тетово -13, Прилеп и Скопје -12, Штип -11, Струмица, Куманово, Виница, Демир Капија -10, Кавадарци и Охрид -9, Дојран -6, Гевгелија -4…Метеоролозите и за наредните два дена најавуваат студено време со ниски утрински температури.Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник се најавуваат врнежи од снег со слаб интензитет, а од вторник ќе има постепен пораст и на утринските и на дневните температури.

Продолжи со читање

Причина поради која не треба да се останува логиран на Facebook

Post Views: 35 Сите корисници на социјалните мрежи кои се имаат логирано на телефонот или на друг уред, мораат да знаат дека при пристапувањето на други страници преку Facebook голема е можноста да бидат следени. Компанијата на овој начин собира податоци за своите корисници и им пласира огласи и реклами во склад со нивните интересирања, а врз основа на сурфањето. “Ние ги собираме сите информации кога корисникот ќе кликне “like” или ако се логира некаде по пат на Facebook”, изјавиле од компанијата. Компанијата Facebook пред седум години вети дека нема да го користи копчето...

Продолжи со читање

Холандски веб портал со статија во која се вели дека холандски туристи лежат болни во нивните хотелски соби

Post Views: 37 „Многу холандски туристи, на Охридското Езеро во Македонија, лежат болни во нивните хотелски соби, место да уживаат покрај базен или на плажа. Неколку лица се згрижени во болница.“ Вака започнува написот во холандскиот весник „Телеграф“. Во статијата во која амстердамскиот весник се повикува на извесна Рина топ Брауер, која престојува во хотелот Изгрев спа и аквапарк, пишува дека холандски туристи, се пожалиле на вирус со симптоми повраќање и дијареа.  Во статијата поместена е и изјава на извршниот директор на Корендон, кој вели дека дваесет холандски туристи кои...

Продолжи со читање

Исламска држава е поразена и протерана од Фалуџа

Post Views: 50 “Фалуџа се врати во татковината. Нашите сили го контролираат градот и цврсто владеат таму”, рекол премиерот Haider al Abdadi во телевизиското обраќање. Премиерот се обрати до јавноста неколку часа откако ирачките сили со помош на САД ги завзеле клучните позиции, вклучувајќи ја и зградата на седиштето на владата и главната болница во самиот центар на градот. Фалуџа е град кој се наоѓа на 50 километри од Багдад и беше првиот ирачки град кој падна во рацете на радикалната сунитска група во 2014 година. “Операциите продолжуваат. Копнените сили на ирачката војска го...

Продолжи со читање

Протече крв во Сочи

Post Views: 42 Освојувачот на златниот медал на малата скокалница Полскиот скокач Камил Штох, паднал на тренингот на големата скокалница, но поминал со полесни повреди. “Добро е. Ќе биде спремен за натпреварувањето“ рекол тренерот на олимпискиот победник Лукаш Кружек. Штох при доскокот ја изгубил рамнотежата и паднал на глава и на рака. Од носот му протекло крв, додека со завои на раката го напуштил тренингот и е однесен на понатамошни прегледи во амбулантата на Олимпиското село. Многу полошо поминал Русинот Михаил Максимочкин, кој е пренесен на носила и морал со амбулантно...

Продолжи со читање

Златото најскапо во последните две години

Post Views: 50 Цената на златото на светските пазари минатата недела достигна највисоко ниво од август 2014 година откако американската централна банка сигнализираше дека каматните стапки би можеле да останат ниски уште некое време. Цената за унца злато порасна за 1,4% и изнесуваше 1309,89 долари. Само за време на оваа година златото на пазарите поскапе за 23% бидејќи политичките и економските неизвесности во светот ги мотивираат инвеститорите на купување побезбедни форми на имот. Статистиките покажуваат дека имотот поврзан со златото, но и со среброто, е на највисоко ниво од...

Продолжи со читање