Skip to main content

Автор: инфодеск

Најбрз растечки бренд во Европа

Post Views: 7 Со 4,5 милијарди евра годишен приход учествува со 3% во романскиот бдп и е заслужна за 8% извоз на таа држава. Станува збор за Dacia која некогаш беше грдо пајче кое се претвори во лебед а продажните статистики зборуваат за тоа и ја ставаат во самиот врв. Спрема податоците на здружението на европски производители на автомобили, романската Dacia во првото полугодие била најбрз растечки бренд со пораст од 35%, поттикната од побарувачката за пристапни ефтини автомобили. Во првите девет месеци продажбата на Dacia во Франција пораснала за 19%, Италија за 46%, Германија...

Продолжи со читање

Протестите се покажаа како успешни

Post Views: 4 Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се откажа од планот за воведување на данок за интернет во неговата сегашна верзија и по протестите на илјадници луѓе ветил дека ќе спроведе “национални консултации” во февруари. Протестите го оневозможија воведувањето на данок, рекол Орбан за националното радио. “Данок на интернет не може да се воведе во сегашната верзија…Ништо не може да се воведе во сегашните околности”, рекол тој. Конзервативната влада на Орбан сакаше да воведе данок за превземање на податоци од интернет во висина од 0,5 евра за 1GB. Европската комисија...

Продолжи со читање

Alibaba стана највреден трговец

Post Views: 6 Откако, пред неколку дена, акцијата на Alibaba ја достигна рекордната вредност од 100,5 долари, кинескиот интернет трговец, Alibaba, стана највредната трговска компанија, во светот, по пазарна капитализација од 247 милијарди долари. Со тоа, кинеската компанија по тоа мерење, го престигна американскиот ланец на супермаркети Walmart, компанија која ја држи титулата на најголема светска трговска компанија по приходи. За да се изедначи со Walmart по приходи, Alibaba  ќе мора да потроши уште многу време и многу работа. Извештаите велат дека американската компанија со...

Продолжи со читање

Сликата која има моќ наскоро во јавност

Post Views: 6 Во Втората светска војна сликата во најголема тајност е пренесена од Торино во Рим бидејќи не сакале да падне во рацете на Хитлер, стравувајќи, спрема верувањата,  дека ќе му даде уште поголема моќ, пишува BBC. Каква и да била причината за нејзинот преместување, нејзината вредност ја потврдува фактот дека од целата колекција на сликите на Леонардо да Винчи кои се чуваат во Кралската библиотека во Торино, токму таа е преместена. Еден од најпознатите автопортрети на светот наскоро ќе биде достапен за јавноста. Станува збор за сликата на Леонардо да Винчи која е стара...

Продолжи со читање

Пет добри причини зошто да јадете маслинки

Post Views: 18 Ако сакате да бидете сигурни дека во организмот внесувате само тоа што е најдобро дознајте зошто би требало да јадете и по некоја маслинка во текот на денот. –Го штити крвотокот и го зајакнува имунитетот – Маслинките, а посебно црните, се антиоксидант кој делува како чистач на организмот од штетни супстанци. Тие му помагаат на телото да го исфрли холестеролот – лошите маснотии кои се таложат во крвотокот а со тоа ја намалуваат можноста од кардио-васкуларни болести. Исто така, маслиновото масло го зајакнува имунитетот и е совршен сојузник против алергии....

Продолжи со читање

Нивно обединување ќе биде кошмар за светската сигурност

Post Views: 7 Разузнувачите и аналитичарите стравуваат од потенцијалното помирување на двете најсурови организации во светот. Имено, тие велат дека Ал Каеда ги користи воздушните напади на западните сили за да им пружи “маслиново гранче” на одметнатата организација Исламска држава. Ал Каеда така сака да ги стави настрана сите недоразбирања со другата терористичка организација и да ги здружи силите во борбата против западните сили, јавува AP. Аналитичарите со загриженост ги следи сите обиди на Ал Каеда за помирување со Исламската држава, а иако тоа не се очекува во блиска...

Продолжи со читање

Microsoft ја претстави својата паметна белегзија

Post Views: 8 Под водство на Say Nadell, Microsoft стана поинаква компанија која ги следи технолошките трендови и како сите други се обидува да влезе на пазарот кој ќе им донесе нова заработка за наредниот период. Со оглед дека поприлично задоцнија со паметните телефони и таблетите, Microsoft сигурно нема да ја направи истата грешка, па така, ја претставија паметната белегзија Microsoft Band и Health Market, cloud сервис кој ги следи сите ваши дневни физички активности. Microsoft Band, паметната белегзија, тргнува во продажба со цена од 199 долари и ќе биде достапна во трговијата...

Продолжи со читање

Нови протести против данокот на интернет услугите

Post Views: 8 Повеќе од десетина илјади луѓе, по оценка на локалните медиуми, во вторник навечер повторно протестираа во Будимпешта против предлогот за воведување на данок за интернет услугите сметајќи дека тоа ќе ги загрози темелите на слободата. “Тоа нема да го дозволиме”, извикувале протестантите во кои имало претставници од различни возрасти кои по втор пат во последните три дена излегоа на улиците на унгаската престолнина и покрај зимските температури. Конзервативната влада на Виктор Орбан сака да воведе данок за превземање на податоци од интернет во висина од 0,5 евра по...

Продолжи со читање