Skip to main content

Автор: инфодеск

Никој не го сака Пато

Post Views: 35 Со преоѓањето од Коринтијанс во Сао Паоло, Алесандре Пато мислел дека ги решил проблемите, но сепак не е така. Откако стана непожелен меѓу навивачите на Коринтијанс, пред да заигра за новиот клуб се огласија и навивачите на Сао Паоло. Тие протестираа поради неговото доаѓање затоа што претходно играл за градскиот ривал. “Тоа е, очигледно, проблем со кој мораме да се соочиме и да се носиме со него. Секој играч мора да се чувствува добродојден во клубот, а ако не е така тогаш ситуацијата се компликува” рекол тренерот на Сао Паоло Муриси Рамаљо за клупската интернет...

Продолжи со читање

Штрајк на пилотите низ Европа

Post Views: 34 Пилотите на француската авио-компанија Air France започнаа вчера четиридневен штрајк кој би можел да ги поремети илјадниците планови на фудбалските навивачи кои сакаат да стигнат на своите одредишта за да ги гледаат натпреварите на Европското првенство, јавува BBC. Околу 20.000 патници се блокирани вчера од вториот ден на штрајк на шведските пилоти на скандинавската компанија SAS поради кој се откажани 159 летови, објави компанијата. “Направивме сѐ што беше во наша моќ да го спречиме штрајкот, но за жал не бевме во можност да постигнеме договор”, изјавила...

Продолжи со читање

Православните христијани го прославуваат Бадник

Post Views: 43 Православните христијански верници денес го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари – прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.Со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка беа дарувани најмладите, кои утринава со песна го најавија Христовото раѓање. Бадник е празник за семејството кога најблиските делат радост и убави мисли. На овој ден не се оди на гости и сите треба да бидат во своите домови...

Продолжи со читање

Почетокот на Еуро2016 Франција го дочекува во потполн хаос

Post Views: 35 Штрајкот на синдикатите, поради измените во законите за работниците, предизвикува големи проблеми во Марсеј и Париз каде денес се игра првиот натпревар на Европското првенство во фудбал. Железницата одлучи штрајкот да го засили, вклучувајќи и линии од метрото кое вози до стадионот Stade de France на кој денес ќе се игра натпреварот помеѓу Франција и Романија кој го отвора Еуро2016. Фудбалските фанови пристигнуваат во Париз и се соочуваат со смрдеата од контејнерите кои со денови не се испразнети поради штрајкот. На улиците од главниот град на Франција има 3.000...

Продолжи со читање

Денес е Свети Наум – исцелител и просветител

Post Views: 40 Денес православните христијани го слават Свети Наум, познат како исцелител и просветител на македонскиот народ. Денес именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…Свети Наум заедно со Свети Климент го проповедале Светото Евангелие, ги просветиле словенските народи со благата Евангелска наука. Поминале низ многу места во Девол, Панонија, се до Илирик. Потоа дошле на брегот на Охридското Езеро. Додека Свети Климент бил Епископ во Охрид, Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото. Со време во манастирот настанало големо братство на монаси, на кој...

Продолжи со читање

На пазарот тотална доминација на Facebook

Post Views: 38 Резултатите од истражувањето на компанијата Nomura Research покажале дека мнозинството на корисници на паметни телефони користат само неколку апликации и околу 80% од времето трошат само на три апликации, а тие три се најчесто во сопственост на Facebook.  Информациите за превземање на апликации на iPhone и Android од минатиот месец покажале дека повеќе од 60% му припаѓаат токму на компанијата на Zuckerberg која на оваа листа доминира благодарение на апликациите на Facebook, Messenger, WhatsApp и Instagram. Во истражувањето се заклучува дека корисниците превзеле...

Продолжи со читање

Укината забраната за камиони на планинските превои

Post Views: 43 Од АМСМ информираат дека од 07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Продолжи со читање

Афера која може да го растресе Реал Мадрид

Post Views: 36   И на последниот натпревар на Реал Мадрид во првото полуфинале од купот на Шпанија против градскиот ривал Атлетико, не остана неприметено отсуството од екипата на Герет Бејл. Ова беше доволно да се крене лавина од шпекулации. Откако е дојден во Реал често се случуваат чудни работи со мистериозни повреди на Велшанецот. Во Реал истакнуваат дека се работи само за мали проблеми, ама Бејл никако да направи континуитет во играње. Се поставува логично прашање: ако нема проблеми, зошто Бејл толку изостанува?. Некои се сомневаат дека Мадриѓаните купиле „роба со грешка„....

Продолжи со читање