Автор: инфодеск
Post Views: 36 Новиот руски патнички авион од среден домет кој е претстваен во Сибир, спрема пишувањата на државните медиуми, би требало да биде конкурентен на најголемите светски производители Boing и Airbus, а во многу работи и подобар, па така ќе се најде во руската флота, но и во странски компании, објави Reuters. На свеченото претставување на авионот МС-21 присуствувал и рускиот премиер Дмитриј Медведев кој изјавил: “Потполно сум уверен дека овој авион ќе биде гордост на цивилното воздухопловство и дека нашите граѓани, како и странците, ќе уживаат летајќи со МС-21”. ...
“Brexit” во водство, пазарот во опаѓање
Post Views: 29 Додека поддржувачите за излез на Велика Британија од Европската унија се во водство, продавачите и изнајмувачите на деловни простори во договорите почнале да ставаат т.н. Brexit клаузула за да, колку толку, го оживеат мртвиот пазар. Поддршката на Британците за излез од ЕУ на референдумот, кој е закажан за 23 јуни, се зголеми, покажаа резултатите од анкетите кои ги спроведоа TNS и YouGov за телевизиската мрежа ITV. Спрема YouGov, од 3945 анкетирани 45% го поддржуваат Brexit додека 41% се за останување во ЕУ, а 11% од анкетираните биле неодлучни. Анкетата на TNS...
Времен прекин на сообраќајот на правецот Кичево-Охрид
Post Views: 39 АМСМ информира дека денеска ќе се врши минирање меѓу 12:30 и 14:30 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, па сообраќајот околу 15 минути во ќе биде во прекин кај планинскиот премин Пресека – село Врбјани.
Експлозија во Истанбул, има загинати и повредени
Post Views: 34 Единаесет лица загинаа, а повеќемина се ранети во бомбашки напад во центарот на Истанбул, јавуваат турските медиуми.Нападот се случил во раните утрински часови, во време на најголемиот метеж, во центарот на Истанбул во близина на автобуска станица во областа Везнечилер.Мета на нападот бил полициски автобус, а голем број возила на итна медицинска помош се упатиле кон местото на експлозијата.Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а неодамнешните напади во Турција ги изведоа припадници на Исламска држава, курдски екстремисти, како и припадници на...
Гвардиола не го сака Манџукиќ
Post Views: 36 Доколку може да се верува на пишувањата на The Sun, менаџерот на Челзи,Хозе Мурињо, е одлучен во намерата да ова лето го доведе во редовите на својот тим Марио Манџукиќ. Минатото лето Мурињо долго време пробуваше да го реализира трансферот на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, но тоа не му успеа и се сомнева дека тоа ќе го направат и следното лето. Не е Челзи единствениот тим кој е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, интерес покажаа и Манчестер Јунајтед и Арсенал и италијанскиот првак Јувентус. Бидејќи Баерн веќе договори трансфер на напаѓачот Роберт...
Швајцарците не сакаат 2.200 евра месечно без работа
Post Views: 52 Со иницијативата која се гласаше на референдум вчера, Швајцарија предлагаше воведување на минимален месечен личен доход од 2.500 швајцарски франци по лице, без разлика дали лицето работи или не, односно 625 франци по дете помладо од 18 години. Конечните резултати од референдумот покажаа дека предлогот е отфрлен и 76,9% од бирачите рекле НЕ за овој контроверзен план, а излезноста била 46%. Меѓутоа, идејата за пари без работа спрема Швајцарците не е праведна. “Швајцарците во неделата беа реалисти”, рекол политикологот Андреас Ладнер за мрежата RTS од...
Фатен терорист со стотици килограми експлозив, целта била Еуро2016 во Франција?
Post Views: 42 Неименуван француски државјанин е фатен на полско-украинската граница бидејќи превезувал стотици килограми експлозив, детонатори, три фрлачи на гранати и неколку калашникови. Намерата му била сето тоа да го прокриумчари во Франција, па од тие причини се сомневаат дека оружјето би требало да биде употребено за време на скорешното Европско првенство во фудбал, пренесува станицата М6. Мажот (25) е фатен уште на 21 мај, меѓутоа тој податок сега дојде до јавноста бидејќи граничната служба веднаш го предала во рацете на украинската тајна полиција. Порталот...
Некогаш гордост на словенечкото стопанство, а сега на јавно наддавање
Post Views: 40 Словенечкиот државен холдинг SDH кој управува со портфолиото на државниот имот, објави дека обидите за приватизација на фабриката Paloma низ докапитализација продолжуваат со јавно наддавање, откако полскиот фонд Abris Capital поради доцнење во реализацијата на договорот се откажа од вложување во таа компанија која е во доминантна државна сопственост. Фабриката за тоалетна хартија од Сладки Врх, во близина на Марибор, е со традиција од 140 години, има 700 вработени и се наоѓа во предстечајна постапка поради застарена опрема и висок долг спрема банките, па затоа...







