Автор: инфодеск
Views: 178 Тунелот кај Пресека на автопатот Охрид – Кичево е во завршна фаза, а неговото пуштање во употреба, заедно со делницата од Извор до Врбјани и галериите, се очекува во следните неколку недели. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“.Според Николоски, на тунелот се изведуваат завршните работи, меѓу кои фарбањето и поставувањето на осветлувањето.„Таму одлично оди работата, сега одиме на фини работи. Во среда ќе одиме со директорот Трајановски на терен да видиме. Значи, стигнати сме буквално до фарбање на тунелот и...
Светите маченици Сергиј и Вакх
Views: 116 Oвие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста. Но, кога слушна царот дека овие негови двајца достоинственици се христијани, ја измени својата љубов кон нив во гнев. И еднаш, кога имаше големо жртвопринесување на идолите, царот ги повика Сергиј и Вакх заедно со него да им принесат жртви, но тие отворено му откажаа послушност во тоа. Надвор од себеси од јарост, царот нареди и им ја соблекоа војничката облека, ги облекоа во женски фустани; уште им...
Денес сончево, од утре променливо облачно и врнежливо
Views: 143 Претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Од утре попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.Денес во Охрид температурите од 7 до 20 степени Целзиусови.
Објавени добитниците од хуманитарната акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“
Views: 122 Од Црвен крст Охрид информираат дека извлечени се добитниците на наградите од годинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.Од таму додаваат дека наградите може да се подигнат секој работен ден од 9 до 15 часот, најдоцна до 19.11.2026 и изразуваат голема благодарност на сите кои ја поддржаа акцијата „За посреќно детство“.
Од денес до 27-ми октомври поставена изложбата „Стари балкански фотографии“
Views: 180 НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во соработка со Државен архив на Република Македонија за охридската јавност ќе ја приредат изложбата „Стари балкански фотографии“.Изложбата ќе биде поставена во изложбениот салон на Центарот за култура и ќе биде достапна за посетителите од: 19-ти (понеделник) до 27-ми октомври 2026 година, секој работен ден, од 9:00 до 19:00 часот.
Со „Поезија и песни за животот“ Марко Милошевиќ и Борис Режак допреа до душата на охриѓани
Views: 163 Марко Милошевиќ и Борис Режак викендов со музичко-поетскиот проект „Поезија и песни за животот“, во Центарот за култура во Охрид приредија вечер за паметење во која музиката и поезијата се испреплетоа во една заедничка приказна за животот, љубовта, радоста и тагата. Двајцата уметници за прв пат пред охридската публика го претставија концептот што веќе неколку години го освојува Балканот. Она што започнало како спој на две авторски уметности прерасна во препознатлив културен проект со над 500 изведби.„Се покажа како совршена комбинација, бидејќи дефинитивно музиката оди...
Два физички напади во Охрид, инциденти во ноќен клуб и на кеј „Македонија“
Views: 150 Два физички напади биле пријавени во Охрид на 18 октомври, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид.Првиот случај бил пријавен во 03:30 часот, кога во ноќен клуб во Охрид едно лице физички нападнало 39-годишен охриѓанец. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.Вториот инцидент се случил истиот ден во 14:45 часот на кејот „Македонија“, каде 19-годишен охриѓанец физички нападнал 58-годишен сограѓанин, со што го нарушил јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот, против...
Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април
Views: 206 Собранието, денеска, во рамките на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци поради можноста за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година.









