Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид најпродавана еднодневна екскурзија во Албанија

Post Views: 167 Охрид е најпродаваната  еднодневна ексурзија  во соседна Албанија.  Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море.  Туристите од Полска, Чешка, Романија и голем број други европски земји со некоку автобуси дневно  го посетуваат градот под заштита на Унеско.Во Албанија неделно има по 6 чартери од Чешка, или  околу 1500 туристи, а од Полска речиси двојно повеќе. Секој втор  букира посета на Охрид.– Охрид е нашата...

Продолжи со читање

Наредниот викенд тридневен планински настан: Еко ехо на Галичица

Post Views: 161 Наредниот викенд, од 20 до 22 јуни ќе се одржи тридневен планински настан кој ќе вклучува проекции на планински филмови, планинарење, виа ферата, еко акција, музика, вкусна храна и добра дружба.Настанот кој е во организација на АК Патагонија и Културолошката иницијатива 5 до 12,а во соработка со ЕХО Фестивал и НП Галичица, поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), ќе се реализира во планинска куќа „Спиридон“ во Националниот парк Галичица.Организаторите најавуваат дека филмските проекции се бесплатни и дека целосната програма со филмови ќе биде...

Продолжи со читање

Денес и утре АРМ ќе реализира тактичко-технички активности на „Бафало бич“

Post Views: 149 Денес и утре во период од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.–Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи последниот Еко пазар за оваа школска година

Post Views: 200 Денес со почеток во 12 часот и 30 минути,  во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ќе се одржи Еко Пазар.  Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и зачувана облека со што ќе ги поддржат училиштата во нивните обиди да ја подигнат свеста за текстилната индустрија, како втор загадувач на глобално ниво. Собраните средства од пазарот и селектираните пластични шишиња ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Продолжи со читање

Ден на Светиот Дух

Post Views: 154 Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар. Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење; Он е изворот на секој живот. Он има сè...

Продолжи со читање

Утрото сончево, попладне локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Post Views: 120 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер.Денес ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. До среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без промени, велат од УХМР.Во Охрид денешните температури во...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

Post Views: 210  Денес на игралиштето во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи четвртиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025.Организаторите велат дека сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси можат хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.– Oва е 4. издание на хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид, кој прераснува во една убава традиција. Турнирот ќе биде одлична можност за децата од Охрид и...

Продолжи со читање

Денес е Духовден – слегување на Светиот дух

Post Views: 189 Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово.За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на благодатниот пат на вистината и правдата и Кој ќе го прослави Христа. Пред самото Свое Вознесение, Исус го повторил...

Продолжи со читање

Денес во Охрид сончево со температури до 30 степени Целзиусови

Post Views: 196 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Денес ќе се задржи многу топло време. Од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 30 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Денес е Задушница, а утре е Педесетница (Духовден)

Post Views: 213 Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло со температури до 29 степени Целзиусови

Post Views: 230 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Од УХМР информираат дека викендов ќе се задржи многу топло време. Денесќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежиВо Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 13...

Продолжи со читање

СВР Охрид: Акциска контрола во угостителски објекти, приведено 20 годишно лице по пријава на родител за семејно насилство

Post Views: 188 Денеска (06.06.) во 00,10 часот од страна на полициски службеници од ПС ОН Охрид, по претходно изготвен план, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после 24,00 часот, при што во еден објект било констатирано присуство на 17 годишен малолетник од Охрид. Составен е записник за констатиран прекршок по член 21 од ЗППЈРМ.Денеска (06.06.) во 03:00ч. полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20 годишно лице од Охрид, а по претходна пријава од неговиот татко за семејно насилство во семејниот дом. Се...

Продолжи со читање