Автор: инфодеск
Views: 214 Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На...
УХМР: Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време
Views: 207 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).Денес во Охрид минималните температури од 7, а максималните до 21 степен Целзиусов.Од УХМР информираат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²),...
Европската комисија одобри 65,7 милиони евра за инвестиции во образование и дигитализација
Views: 272 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека Европска комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст. Ова, според него, е највисокиот износ доделен во регионот, во споредба со доделените 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора.Од исплатените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. И...
СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ утре ќе го одбележи патрониот празник
Views: 315 СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ утре ќе го добележи патрониот празник со свеченост која ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.На свеченоста која ќе започне во 19:30 часот присутните ќе можат да проследат програма подготвена од страна на учениците заедно со нивните наставници.
Охрид достојно ќе го одбележи 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј
Views: 249 Со богата програма, Охрид и годинава достојно ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.-Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, велат од локалната самоуправа.Светите Кирил и Методиј родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на...
Во село Белчишта започна изградбата на противпожарна станица
Views: 258 Во село Белчишта започна изградбата на противпожарна станица за Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст – Дебрца“.Градоначалникот Златко Сиљаноски информираше дека за проектот од општинскиот буџет се издвоени 2,4 милиони денари, а механизацијата веќе работи на уредување на просторот кај општинската зграда во Белчишта.Друштвото брои 15 волонтери и веќе располага со противпожарно возило добиено како донација од Тирол, Австрија. Во тек е и проект за набавка на дополнителна опрема, со цел да се зајакнат капацитетите за противпожарна заштита во Општина...
Завршени градежните активности за асфалтирање во Лакочереј
Views: 201 Завршија градежните активности за асфалтирање во селото Лакочереј, информираше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков преку објава на социјалните мрежи.Како што посочи Пецаков, инвестицијата е дел од заложбите на локалната самоуправа за рамномерен развој на општината и подобрување на руралната инфраструктура. Со новото асфалтирање, жителите добиваат побезбеден сообраќај, полесен пристап и подобри услови за живот.Градоначалникот потсети дека претходно на оваа локација била поставена и примарна канализациона мрежа, со што се создадени услови за целосно...
Расте потребата од згрижување на стари пациенти на кои им е потребна 24 часовна нега
Views: 227 Во Охридската болница нема посебно одделение за палијативна нега, а пациентите со најтешки дијагнози се згрижуваат на Интерното одделение. Сè почести се и потребите за ваков тип грижа, особено поради недостигот на дом за стари лица во регионот. Здравствените работници се соочуваат со зголемен обем на работа и ограничени капацитети.Грижата ја презема персоналот на Интерното одделение, каде се спроведува симптоматска терапија и основна здравствена нега.„Болницата не располага со посебен оддел и посебен тим за палијативна нега, така што грижата за пациентите ја...









