Автор: инфодеск
Post Views: 31 Метеоролозите за понедленик и вторник во Македонија најавуваат дека ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен, проследен со грмежи.Минималната температура во понеделник ќе се движи од 15 до 23 сепени, а максималната дневна од22 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8Поизразена нестабилност ќе има вторник, особено во северните и југозападните делови, каде врнежите повремено ќе бидат обилни (над 30 л/м2), проследени со грмежи, засилен ветер и локална појава на град.Во среда ќе има локална...
Yahoo се продава, потенцијални купци се интернет џинови
Post Views: 41 Кога се продава интернет џин како што е Yahoo тогаш секако дека потенцијални купци се исти такви џинови. Некогаш Yahoo беше синоним за интернетот и сите услуги кои се користат на него. Иако звучи неверојатно, во тоа време Google не беше ниту во пелени, бидејќи Yahoo е основан во 1994 година а Google четири години подоцна. Но, староста и присутноста на пазарот никогаш не биле гаранција за опстанок или за задржување на доминантната позиција. И додека Yahoo воглавно тонеше, Google растеше и денес практично се неспоредливи кога е во прашање глобалното влијание на...
Електронски и теренски попис на населението
Post Views: 37 “Електронски и теренски ќе се собираат податоци за да се спроведе попис на населението во Македонија, за да нема сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект”, најави премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање од Роза Топузова Каревска. Подготовките за спроведување на пописот се одвиваат во две насоки и тоа за електронско поврзување на матичните евиденции за во најголем дел пописот да биде електронски и во таа насока веќе има резултати, како и...
Јапонците прават невидлив супер брз воз
Post Views: 38 100 години од постоењето јапонската железница Sebu ќе ја прослави со покренување на нова линија супер-возови кои би се вклопувале со околината. Со други зборови ти е ќе бидат скоро невидливи. Железничкиот конгломерат Sebu Railways новата линија на возови ја планира да биде со површина која ќе има висока рефлексија што ќе му овозможи на возот лесно да се стопи со околината и практично да стане невидлив. Угледната јапонска архитетка Kazuyo Sejima е задолжена да направи дизајн за овој воз, а нејзините дизајни се познати по модернистички елементи. Таа во својот...
OLO – прв минијатурен 3D принтер за телефон
Post Views: 53 Стартапот OLO од Сан Франциско го смисли првиот 3D принтер кој е специјално дизајниран така што ќе биде додаток на смарт телефоните. Начинот на кој OLO функционира е поприлично фасцинантен. Во овој минијатурен принтер се става паметниот телефон кој на својот екран прикажува 3D модел на предметот кој сакате да го направите. На екранот се појавува модел кој емитува посебна светлина која во допир со материјалот во принтерот го креира саканиот предмет. Принтерот користи полимерска смола која се стврднува за време на принтањето, а делови на модулот околу паметниот...
Жолта (алертна) фаза во охридско-преспанскиот регион
Post Views: 40 Во сабота со топлотен бран од жолта (алертна) фаза ќе е зафатен охридско-преспанскиот регион, додека во следните неколку дена – од недела до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 степени Целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, информираат од Министерството за здравство.Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до...
Иновативно решение за полнење на уредите
Post Views: 37 U: Plug е решение настанато поради проблеми од големи количини на кабли, полначи и штекери кои се потребни за едно технолошки освестено лице да ги наполни своите уреди. U:Plug како компанија постои повеќе од една година колку што траел и развојот на производот на кој работеле десетина лица, тројца редовно вработени и пет надворешни соработници. Станува збор за хрватска фирма од Осијек која е ориентирана на развој на иновативни решенија и затоа тие работат континуирано на нови производи и технологии. Како што објаснува Иван Јелушиќ, директор на U:Plug, основна...
Samsung патентираше контакт леќи со вградена камера
Post Views: 41 Во иднина би можеле да се носат паметни контакт леќи како оние кои ги користат тајните агенти во филовите. Samsung објави дека му е одобрен патентот во Јужна Кореја за контакт леќи кои ја проектираат сликата директно во окото на лицето кое ги носи. Во леќите се наоѓа вградена камера и сензори кои се контролираат со трепкање, а имаат и антени кои содржината ја праќаат на обработка на надворешен уред, како што е телефонот. Давањето наредба со трепкање не е потполно вон границите на возможното бидејќи и на очилата од Google постои додаток кој на корисниците им...







