Skip to main content

Автор: инфодеск

Спречен нов терористички напад во Франција

Post Views: 31 Францускиот јавен обвинител денес соопшти дека во франција минатата недела е уапсен 34-годишен маж поради сомнение дека планирал нови напади во Париз. Во неговиот стан во предградието на Париз е пронајден голем воен арсенал од оружје и постојат индиции дека нападот го планирал во блиска иднина. Уапсениот, се дознава, бил еден од лицата кој имал врска со претходните напади. Освен арсенал од пушки и пиштоли, во станот на терористот биле пронајдени и хемикалии за експлозиви кои можат да се искористат за правење бомби. Пронајдени биле и пет лажни пасоши, нови...

Продолжи со читање

Меѓународниот суд за поранешна Југославија го ослободи Воислав Шешељ

Post Views: 32 Меѓународниот суд во Хаг констатирал дека Шешељ не е виновен за убиство, мачење, сурово постапување, протерување, нечовечки дела, несовесно разорување и грабеж на имот. За време на образложението судот утврдил дека обвинителството не успеало да ги докаже наводите против Шешељ, а притоа ја истакнало наводната пристрасност на обвинителството при изнесувањето на доказите. Тринаесет години по предавањето на Воислав Шешељ на хашкиот суд Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија денес ја изрече првостепената пресуда на  лидерот на српските радикали обвинет...

Продолжи со читање

Renault повлекува повеќе од 10.000 е-автомобили

Post Views: 34 Францускиот производител на автомобили објави повлекување на преку 10.000 електрични возила поради опасноста од пукање на цревото за течност на сопирачките. Возилата кои се вклучени за повлекување, 10.649, се произведени во периодот кога се пуштени во производство во 2012 до октомври 2014 година во фабриката на Renault во Flins во близината на Париз. Во оваа фабрика до сега се произведени 42.300 електрични автомобили на моделот Zoe. Од Renault соопштиле дека сакаат превентивно да ги прегледаат позициите и состојбата на поедини црева за сопирачките и да ги...

Продолжи со читање

Нова средба во Брисел за решавање на политичката криза

Post Views: 36 Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), во Брисел ќе се обидат да постигнат договор со кој би се решила политичката криза во Македонија.Во Брисел се наоѓаат и амбасадорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав и Џес Бејли. Најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година. Европската Комисија веќе предупреди доколку не биде постигнат договор...

Продолжи со читање

Киднапиран е авион на EgyptAir на Кипар

Post Views: 37 Авион на египетската авио-компанија EgyptAir е киднапиран по полетувањето од аеродромот во Александрија и слетал на Ларнака во Кипар. Сеуште не е познато кој го киднапирал авионот, ниту причината за киднапирањето. Аеродромот во Ларнака е затворен, а другите летови се пренасочуваат. Спрема пишувањата на порталот SigmaLive, киднаперот ги пушта жените и децата и побарал војската и полицијата да не се приближуваат до авионот. Новинските агенции наведуваат од извори на компанијата и египетската влада дека авионот кој летал кон Каиро го киднапирал најмалку едно...

Продолжи со читање

Икер Касиљас испиша нова страница во историјата на фудбалот

Post Views: 40 Настапувајќи во пријателскиот натпревар против Романија, голманот на Шпанија, Икер Касиљас (34) запиша 166-ти настап за репрезентацијата со што стана играч со најмногу репрезентативни настапи во Европа. Касиљас така го престигна досегашниот рекордер Виталиј Астафјев кој во кариерата одигра 165 натпревари за репрезентацијата на Латвија. “Среќен сум и горд што собрав толку настапи за репрезентацијата. Сите овие години имаше многу убави, но и лоши моменти. Но, ги памтам само позитивните”, рекол Касиљас додавајќи дека “свесен сум дека се приближува и крајот на...

Продолжи со читање

Технологија која предупредува за замор кај возачите

Post Views: 64 Еден од проблемите со кои се  борат голем број на возачи се заморот и поспаноста, а некои истражувања покажале дека бројот на сообраќајни несреќи е често зголемен по менувањето на времето на часовникот кога луѓето спијат еден час помалку и треба малку време за навикнување. Иако нема прецизни податоци за сообраќајни несреќи кои настанале поради замор, сигурно е дека заморот делува негативно на возачите и влијае на намалување на концентрацијата и ги успорува реакциите. Како решение за намалување на сообраќајни несреќи кога се работи за замор кај возачите, неколку...

Продолжи со читање

Zara има тајно оружје со кое ги победува конкурентите

Post Views: 38 Zara има ефикасен ланец на добавувачи и многу брзо ги полни полиците со артикли кои можат да се видат на модните писти, а компанијата често ја фалат дека има и најдобар модел на работа во бизнис секторот. “Уверени сме дека Inditex, компанија во сопственост на Zara, има најдобар бизнис модел кога станува збор за продажба на облека и очекуваме двоцифрен раст на заработка на Inditex во периодот од следните пет години”, објавено е во анализта која ја носи Wall Street Journal. Како што се чини овој беспрекорен успех не е случајност. Zara во својот ракав има оружје...

Продолжи со читање