Skip to main content

Автор: инфодеск

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на потег кај ЕВН

Post Views: 170 Поради интервенција на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Македонски Просветители“ (на потегот од ЕВН до пожарна) , дел од Бул.„Туристичка“ и дел од „Дејан Војвода“ (на потегот од ЕВН од пресекот со улицата „Абас Емин“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со интервенцијата.

Продолжи со читање

Јавен повик на субвенционирање на дефицитарни занаети

Post Views: 153 Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-2519/1 од 24.02.2025 година објавува:ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТИ КОИ БЕЛЕЖАТ НАМАЛУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО КОНТИНУИТЕТ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

ТППЕ Охрид бара санкции за подметнувачите на шумските пожари

Post Views: 184 ТППЕ Охрид – Пожарна, со своите екипи го гаснеше шумскиот пожар кај селата Оздолени-Сошани, во Општина Дебрца.Пожарникарите  бараат под итно да се пронајдат сторителите на овие намерни потпалувања, и согласно законот да се санкционираат .-Вие како несовесни и неодговорни жители, треба да имате предвид дека со самите пожари кој ги предизвикувате ги намалувате капацитетите на Тппе Охрид , со оглед на тоа што пожарникарите се активни и гаснат пожари во урбана средина и извлекуваат и ваши членови од фамилијата од опожарени живеалишта и од сообраќајни...

Продолжи со читање

Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Post Views: 125 Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него беше свикан Седмиот Вселенски Собор во Никеја, во 787 година, каде што ереста беше осудена, а...

Продолжи со читање

Сончево со мала облачност

Post Views: 140 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите во интервал од 2 до 18 степени Целзиусови.Во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајна несреќа кај Рача, загина 27 годишен охриѓанец

Post Views: 252 На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 76 годишно лице од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 27 годишно лице од Охрид. Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на мотоциклот констатирал смрт, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.Полициски екипи предводени од јавен обвинител...

Продолжи со читање

8-ми март, Меѓународен ден на жената

Post Views: 215 Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8-ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна...

Продолжи со читање

Православните верници ја слават Тодорова сабота

Post Views: 171 Во оваа прва сабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, коешто се случи вака: кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против христијаните.Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните. Знаејќи дека нашиот христијански народ најмногу се очистува и внимава на...

Продолжи со читање

Продолжува периодот на сончево и топло време

Post Views: 126 Наутро постудено, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер, информираат од УХМР.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 0 до 17 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со учесниците на „Школата за безбедност 2025“

Post Views: 120 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со учесниците на „Школата за безбедност 2025“ која се одржува во Охрид и Скопје од 6-ти до 8-ми март.На средбата беше отворена кратка дискусија на која градоначалникот Пецаков ги запозна студентите со мерките и активностите кои Охридската локална самоуправа ги презема во делот на справувањето со кризи. Тој потенцираше дека формиран е Штаб за заштита и спасување на Општина Охрид кој е постојана соработка со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, ги информираше...

Продолжи со читање

Коалицијата „СЕГА“ е организацијата која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид

Post Views: 115 По завршување на распишаниот јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид.Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

ТСТГ: Дан требеТ шољи?

Post Views: 336 Наша сограѓанка, која вечерва со голем ентузијазам сакаше да присуствува на манифестацијата по повод 8-ми Март-Меѓународниот ден на жената, а организирана од страна на Општина Охрид, Женскиот центар „Бисера“ и Фото клубот „Охрид“, веднаш до НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид затекна многу непријатна глетка.Имено, во ресторанот веднаш до киното, надвор биле оставени еден куп вц шољи и материјали кои угостителите ги користеле при реновирањето.-Ево наша слика и прилика: центар на град! – вели изреволтирано нашата...

Продолжи со читање