Автор: инфодеск
Post Views: 33 Компјутерските арамии кои ја нападнаа централната банка на Бангладеш се обиделе да украдат една милијарда долари, но откриени се откако украле 80 милиони долари, објави Reuters. Цитирајќи ги банкарските службеници, Reuters објави дека бандата која стои зад нападот користела украдени уверенија за преносот на пари да изгледа законито. Ако биле реализирани сите барања, бандата ќе извлечеше една милијарда долари. Меѓутоа, трансферите се прекинати кога обемот на барања предизвикал сомнежи кај другите банки. Се верува дека хакерите кои стојат зад нападот избегале со...
Откриен е опасен пропуст на Facebook
Post Views: 32 Бројните технолошки компании ги наградуваат своите безбедносни истражувачи кои ќе пронајдат пропусти во нивниот софтвер и за тие проупусти ги известат на време за да се поправат, пред за тоа да дознаат хакерите или криминалците кои тоа можат да го злоупотребат. Една од тие компании е и Facebook кој неодамна својот безбедносен истражувач Anand Prakash го наградила со 15 илјади долари за пропустот кој го пронашол и кој му овозможил пристап до сите профили на оваа социјална мрежа. Овој пропуст, кој Prakash го открил во февруари, е поврзан со процесот на ресетирање...
31-та бомба на опозициската СДСМ со интересни детали за охридската јавност
Post Views: 31 31ва бомба на опозициската СДСМ. Во денешните разговори, меѓу другото, она што е најинтересно за охридската јавност беше разговорот помеѓу министерот за здравство Никола Тодоров и министерката Јанкуловска во врска со реконструкцијата на дел од Охридската болница, за што, во најавата Заев вели дека претходниот министер Бујар Османи бадијала потрошил дури 400.000 евра. Аудио разговорот е на следниот линк Транскрипти од разговорот: НТ: Е така истиот е ама не е истиот знаеш хахах е тоа е поентата сеа имам ситуација во Охрид многу сериозна, веројатно и гледаш по...
Пред денешниот самит на ЕУ сите очи вперени кон Турција
Post Views: 38 Денес во Брисел се одржува вонреден самит на лидерите на Европската унија и лидерите на Турција посветен на мигрантската криза. Европската унија ѝ вети на Турција 3 милијарди евра за да обезбеди сместување за мигрантите и чекор по чекор да го запре нивниот прилив кон Европа. Пред самитот германската канцеларка Ангела Меркел и холандскиот премиер Марк Рут се сретнаа со турскиот премиер Ахмет Даватоглу во турската амбасада во Брисел. Се очекува дека членките на Унијата ќе бараат од Турција да прими назад илјадници мигранти кои немаат услови за азил во надеж дека...
Заев: “Се враќаме во парламент само кога Груевски ќе си поднесе оставка”
Post Views: 47 На прес конференцијата на која беше објавена 31 таканаречена бомба, меѓудругото лидерот на опозицијата, Зоран Заев одговараше на прашања. „После сѐ што објавивме, треба ли да се вратиме во Парламентот?“, реторички одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали опозицијата ќе ги послуша амбасадорите кои побараа нејзино враќање во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак. „Ќе се вратиме по оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе водат до преодна влада“, рече Заев. Опозицискиот лидер откри и...
Цената на нафтата расте втора седмица по ред
Post Views: 46 Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица растеа, втора седмица по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат на намалување на производството и зголемување на побарувачката. На лондонската берза цената за барел нафта во петокот изнесуваше 38,72 долари, што е за околу 10% повеќе отколку пред една седмица. На американските берзи минатата седмица заврши со 5,5% повисока цена, односно 34,57 долари. На овој начин продолжи опоравувањето на цената на црното злато откако во февруари падна на најниското ниво во последните 12 години, на околу 26 долари по...
ЕУ објави најнови податоци за влез на мигранти за 2015 година
Post Views: 35 Стотици илјади Сиријци, Авганистанци, Ирачани и припадници на други националности во минатата година ја одбрале западна Европа како безбедно засолниште. ЕУ ги објави најновите податоци кои укажуваат дека бројот на оние кои бараат азил во Европската унија во 2015 се зголемил за двојно во однос на 2014 година. Мигрантите пропатуваа илјадници километри кон Европа користејќи бродови, возови, автобуси…, а Брисел ја објави конечната бројка која за минатата година изнесува 1.255.600, а за 2014 таа бројка беше 562.680 случаеви. 362.800 се Сиријци и се двојно...
Формирање на анкетна комисија за прислушкуваните разговори
Post Views: 37 Како што соопштија од Собранието, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори. „Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од меѓународната...






