Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес ќе биде промовирана книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова

Post Views: 238 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ денес во Музејот на вода во Заливот на коските ќе биде промовирана книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова.–Дојдете заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на животната средина и Денот на екологијата, порачуваат организаторите.Настанот ќе започне во 12:00 часот.

Продолжи со читање

Трамп забрани влез за граѓаните од 12 земји во САД

Post Views: 405 Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се забранува влез за граѓани на 12 земји. Земјите погодени од најновата забрана за патување се Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. Истовремено, влезот за граѓаните на Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела ќе биде делумно ограничен.Според Трамп, овој потег е неопходен за заштита од „странски терористи“ и други безбедносни закани. Тој додаде дека списокот може да се ревидира и да се...

Продолжи со читање

САД со вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа

Post Views: 330 САД ја блокираа нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и за непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ целата енклава.-Ова е несериозна резолуција – срамна во време кога се поставуваат сериозни прашања за корисноста на ОН, нејзиното финансирање и користењето на ресурсите. Советот за безбедност треба да си постави повисоки стандарди, изјави Дороти Шеј, амбасадорката на САД во ОН.Останатите 14 земји гласаа...

Продолжи со читање

Промовирана книгата ,,Ена и нејзината волшебна четка” од Д-р Кристина С. Алоска

Post Views: 193 Во рамките на Програмата на Општина Охрид наменета за децата, Културата расте со децата „За сите деца“, вчера беше промовирана книгата ,,Ена и нејзината волшебна четка” од авторката Д-р Кристина С. Алоска.Промотор на книгата беше директорката на ООУ Св.Наум Охридски- Пештани, а илустратор на книгата е Дарко Љубиноски. Книгата е поддржана од Општина Охрид.Учениците низ стихови, игра и песна не учеа за важноста на оралното здравје и хигиената на устата уште од најрана возраст.–На промоцијата настапија и ученици од драмската...

Продолжи со читање

Преподобен Михаил исповедник, епископ Синадски

Post Views: 159 Oвoј свeт јeрарх сe пoсвeти сeбeси oд дeтствoтo на служба на Христа. Сe пoдвизуваше заeднo сo светиот Тeoфилакт Никoдимиски. Eднаш, вo сушнo врeмe, oвиe двајца свeтитeли сo свoитe мoлитви измoлија oбилeн дoжд на зeмјата. Пoради свoјoт пoдвижнички и дeвствeн живoт уште oд свoјата рана младoст, беше избран и пoсвeтeн oд патријархoт Тарасиј за eпискoп Синадски. Учeствуваше на VII Всeлeнски сoбoр. Пo жeлба на царoт, oтиде кај калифoт Харунал Рашид да вoди прeгoвoри за мир. Вo врeмeтo на иконоборниот цар Лав Eрмeнин, беше симнат oд архијeрeјскиoт прeстoл пoради...

Продолжи со читање

УХМР: Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите

Post Views: 150 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите, велат од УХМР.Во Охрид денес температурите ќе бидат помеѓу 12 и 27 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

На автопатот Кичево-Охрид повреден 52-годишен градежен работник од Кина, паднал од дрвена платформа

Post Views: 194 На 3-ти јуни 2025 година, во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека 52-годишно лице од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, Општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.– Тој е пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори, информираат од МВР.

Продолжи со читање

Утре ќе се асфалтира улицата „Даме Груев“

Post Views: 133 Поради градежни активности за асфалтирање утре, (четврток) 05.06.2025 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“.Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не го користат приодот кон оваа улица од страната на улица „Мите Богоевски“.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид регрутира нови кандидати за спасители на вода

Post Views: 192 Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона, Црвен крст Охрид, Центар за безбедност на вода започнува со регрутација на нови кандидати за спасители на вода.Сите заинтересирани можат да се обратат на телефонските броеви 046/262-706, 070/315-309 и 046/261-909, или на е-маил адресата ohrid@redcross.org.mk.Од општинската организација на Црвен крст напоменуваат дека кандидатот мора да има наполнети 17 години и да биде психофизички здрав.

Продолжи со читање

Последен Еко пазар за оваа школска година

Post Views: 153 Во понеделник, 9ти јуни, со почеток во 12 часот и 30 минути,  во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ќе се одржи Еко Пазар.  Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и зачувана облека со што ќе ги поддржат училиштата во нивните обиди да ја подигнат свеста за текстилната индустрија, како втор загадувач на глобално ниво. Собраните средства од пазарот и селектираните пластични шишиња ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Продолжи со читање

На 12 јуни „Заборавениот звук на Садило“ – концерт во спомен на Климе Садило

Post Views: 189 „Заборавениот звук на Садило“ е насловен концертот, што во спомен на Климе Садило ќе го одржи во Охрид во четврток, на 12-ти јуни со почеток од 20:00 часот, во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“.– И оваа година ќе можете да  уживате во настапите на КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар, како и изведбата на драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил Патчев, велат организаторите.Климе Садило е претставник на македонската чалгиска традиција чии зачетоци се во 19 и во 20 век. Роден...

Продолжи со читање

Саемите и акциите на Кармен Бауцентар Охрид – позитивен импулс за локалната економија

Post Views: 154 Во продажниот центар Кармен Бауцентар Охрид, со голем успех се одржа Саем на новитети и иновации во современото градежништво, на кој беа претставени најновите производи и технологии од водечките светски брендови во градежната индустрија.–Целта на овој настан беше на едно место да се соберат професионалци, партнери и крајни корисници, и да се овозможи директен контакт со производителите преку стручни презентации, практични демонстрации и советување, велат од Кармен Бауцентар.Настанот предизвика голем интерес кај професионалната фела, особено...

Продолжи со читање