Автор: инфодеск
Views: 209 Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка – Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но, во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, сè како што е подробно опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои. Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до стопалата и лежеше Јов на ѓубриштето надвор од градот и...
Променливо облачно и врнежливо
Views: 212 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално во западните и јужните делови ќе има појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер.Денес во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до крајот на седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен и северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж...
Ретро магија во Струга: Изложба на олдтајмери привлече бројни посетители на Машка плажа
Views: 280 Струга вчера беше во знакот на автомобилската класика и носталгијата, откако на паркингот кај Машка плажа се одржа изложба на олдтајмери, која привлече голем број граѓани, туристи и љубители на ретро возила.Настанот беше организиран од Општина Струга и „Citroën 2CV Club Skopje“, а посетителите имаа можност одблиску да ги разгледаат легендарните автомобили, внимателно зачувани низ децениите, и да уживаат во уникатната атмосфера покрај Охридското Езеро.Посебно внимание изложбата предизвика кај најмладите посетители, кои со љубопитност ги разгледуваа возилата,...
Законски измени за вработените во угостителскиот сектор да имаат стручно образование
Views: 280 Недостигот на стручен кадар останува еден од најголемите проблеми за хотелско-угостителскиот сектор. Во пресрет на сезоната сѐ потешко се наоѓаат келнери, готвачи,бармени.Од средното угостителско училиште велат потребни се законски измени за да се врати угледот на професиите, .вработените во секторот да имаат стручно образование.„Ние немаме закон за келнерот да мора да биде келнер, ниту готвачот да мора да биде готвач. Значи, потребни се некои измени во законите.Барем 50 % дел од вработените во...
Второ место за тимот од Црвен крст Охрид на регионалниот натпревар по прва помош
Views: 270 Eкипата на Црвен крст Охрид го освои второто место на Регионалниот натпревар по прва помош кој се одржа во Скопје во конкуренција на 14 екипи.Во екипата по прва помош беа Марио Ѓорески, Ивона Ристеска, Стефани Шапевска, Антонија Шуменкоска, Теона Талевска – ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”-Охрид и Филип Танаскоски и Ања Алческа – ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид.Во перидот кој следи ќе се подготовуваат за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2026 година.
Саемот „Chill & Connect“ во Охрид презакажан за 29 мај
Views: 298 Поради најавените лоши временски услови, Саемот за волонтерски можности „Chill & Connect“, кој требаше да се одржи утре, се презакажува за 29 мај 2026 година, информираат од Младински Центар Охрид.Од организацијата посочуваат дека локацијата и терминот на одржување остануваат непроменети. Настанот ќе се одржи на плоштадот Плоштад Христо Узунов, кај Pako House, во периодот од 11:00 до 15:00 часот.Организаторите најавуваат дека сите планирани содржини остануваат во програмата — презентации на волонтерски организации и фестивали, интерактивни активности, музичка...
Повторно се раскопува новопоставената калдрма кај Чинар, од општината издале налог за корекција на неправилности на товар на изведувачот
Views: 304 Повторното раскопување на дел од новопоставената калдрма на влезот од охридската чаршија, во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ и просторот околу „Чинар“, предизвика реакции од политичките партии Левица и СДСМ Охрид, додека од Општина Охрид денеска соопштија дека станува збор за корекција по утврдени неправилности при изведбата.Од Општината информираат дека при контрола на терен, извршена од стручниот надзор ангажиран согласно законските процедури, биле констатирани неправилности во поставувањето на коцката на почетокот од пешачката...
Општина Дебрца најавува „Недела бесплатен превоз” за оживување на селата и развој на туризмот
Views: 305 Општина Дебрца најавува воведување нова мерка „Недела бесплатен превоз”. Целта е заживување на сите 30 села во општината, привлекување туристи, но и повторно поврзување со жителите кои со години се иселиле во соседните градови. Во план е воспоставување меѓуопштинско поврзување, најпрво со Охрид, а потоа и со Струга.„Знаеме како се движат цените на горивата и колкав трошок претставува за едно семејство да отпатува стотина километри. Ние ја воведуваме оваа мерка за граѓаните бесплатно да можат да ги посетат...









