Автор: инфодеск
Post Views: 35 Полицијата во Париз го идентификува третиот напаѓач кој се разнесе во салата Bataclan за време на нападите во Париз, јавува BBC повикувајќи се на француски медиуми. Деведесет луѓе беа убиени во Bataclan за време на нападите кои се случија минатиот месец. Повеќето француски медиуми не јавија како се вика третиот напаѓач, но весникот Le Parisien навел дека неговото име е Fouad Mohamed-Aggad од Стразбур. Весникот се повикува на сигурни извори и тврди дека Aggad се вратил од боиштата во Сирија во 2014 година. Другите двајца напаѓачи кои се разнесоа во оваа сала...
Фалсификувани новите банкноти од 10 евра
Post Views: 40 “Прелиминарните проверки на банкнотата покажаa дека се со одличен квалитет и можат многу лесно да го измамат оној кој ги прима”, велат во италијанската полиција. Италијанската полиција објави дека во близина на Неапол открила голема количина на фалсификувани банкноти од 10 евра изработени спрема новите апоени со додатна заштита чија цел беше токму оневозможување на фалсификување на заедничката европска валута. “Ова е прва запленета количина на новата банкнота во Европа”, објави финансиската полиција Guardia di Finanza во соопштението. Неапол е познат како...
Вест со тенденциозен коментар што дезинформира
Post Views: 68 Пишува. Убавка ЈаневскаРецензираме вест со наслов „Фијаското и дебаклот на Филипче и неговата комисија нема крај, денеска 8 починати, нови 163 заразени“, објавена на порталот Република на 8 јули.Во текстот со измешани вест и коментар, се пренесуваат и во исто време се коментираат само статистичките податоци од дневното соопштение на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје, за новозаболени и починати пациенти од коронавирус во државата од 8 јули годинава, но не и податокот на оздравени што е за 67 граѓани повисок од новозаболени.Текстот ја...
Илјадници евра најдени во Дунав
Post Views: 41 Полицијата во Виена врши истрага на кој начин повеќе од 100 илјади евра во банкноти од 100 и 500 евра завршиле во Дунав и продолжиле да пловат по реката, пишува BBC. Истрагата досега покажала дека во околината не е направено никакво злосторство ниту грабеж, рекол портпаролот на виенската полиција. Парите кои плутале по површината на реката поттикнале едно момче да скокне во ледената река и да започне да ги собира банкнотите, но случајни минувачи помислиле дека сака да изврши самоубиство, па ја повикале полицијата. Полицијата стигнала во моментот кога момчето ги...
Facebook најави нова опција – Live Video
Post Views: 34 Како одговор на популарните апликации Periscope и Meerkat кои овозможуваат видео пренос во живо, Facebook ова лето претстави слична опција, но ова беше наменето само за некои познати личности со веривикуфани профили. На овој начин лица како Serena Wiliams и Luke Bryan можеа на своите фанови од прва рака во живо да им покажат каде се наоѓаат и што прават. Компанијата на Zuckerberg вчера најави дека во иднина оваа опција нема повеќе да биде лимитирана само на познати личности туку ќе биде достапна за сите корисници. За почеток почнале со тестирање во САД и Live...
Вашингтон призна дека се шверцува нафта од Исламска држава во Турција
Post Views: 37 “Количината на нафта која се шверцува е значително мала, а со време уште повеќе се намалува и е безначајна во поглед на нафтата и приходите”, рекол Amos Hochstein, координатор за енергетика на светско ниво во Стејт Департментот. Американските челници рекоа дека во бомбардирањето значително е оштетена нафтената инфраструктура на џихадистите кои контролираат големи делови на Сирија и Ирак. Тие додаваат и дека нафтата која ја црпи Исламска држава, пред сѐ се користи во Сирија. Русија веќе неколку дена ја обвинува Турција дека извлекува корист од шверцот со нафта...
Турција го возвраќа ударот со докази за Русија
Post Views: 43 “Имаме докази. Ќе почнеме да ги откриваме на светот”, рекол Таип Ердоган во говорот пред синдикалистите во Анкара, наведувајќи го и името на бизнисменот George Hasvani, “кој поседувал руски пасош”. Исто така, Ердоган ги осуди “неморалните” обвиненија врз своето семејство кое во средата Русија ги упати кон него и кон семејството, а кои велат дека тие се “турска политичка класа, меѓу кои е и претседателот Ердоган и неговото семејство” и се вмешани во илегална трговија со нафта. “Русија мора да приложи докази за такви обвиненија…оние кои го вклучуваат моето...
По 70 години забрана излегува книгата на најголемиот злосторник на човештвото
Post Views: 43 По 70 години забрана, во Германија повторно ќе биде издадена книгата на еден од најголемите злосторници на човештвото, Адолф Хитлер, Mein Kampf. Сепак тоа ќе биде поинаква верзија бидејќи книгата ќе содржи и 3.500 забелешки на четворица академици кои му контрираат на идеите на Хитлер за антисемитизмот, нацизмот и геноцидот. Книгата е напишана за време на неговите затворенички денови во 1924 година и позната е како своевиден нацистички политички манифест на омразата спрема Евреите и ширењето на Германија. Mein Kampf прв пат е испечатена во 1933 година. ...







