Автор: инфодеск
Post Views: 36 Авион на компанијата Turkish Airlines на летот од Њујорк кон Истанбул морал принудно да слета во Канада поради анонимна дојава за поставена бомба, соопштила денес канадската полиција. На Twitter профилот на аеродромот Halifax Stanfild се наведува дека авионот безбедно слетал и дека полицијата се наоѓа на лице место, пренесува агенцијата AP. Страницата Russia today наведува дека полицијата и пожарникарите ги евакуирале патниците и членовите на екипажот. Полицијата го пребарува Airbus A330 со помош на полициски кучиња истренирани за барање експлозив. Канадската...
Позната e сумата која ја потрошиле милитантите за нападите во Париз
Post Views: 34 Исламските милитанти кој минатата недела во Париз убија 130 луѓе, поттикнувајќи нов бран на воздушни удари во Сирија и предизвикувајќи тревога во цел свет, за нападите најверојатно потрошиле само 7.000 евра, пишува британската агенција Reuters. За разлика од Франција и Белгија кои веднаш објавија стапување на сила поголем степен за безбедност во вредност од една милијарда евра, осумте напаѓачи потрошиле релативно малку пари за смислената ликвидација на луѓе по париските улици. За калашникови, муниција, самоубиствени елеци од домашна изработка, за изнајмување...
Брисел под закани и загрозена безбедност
Post Views: 36 Белгија денес го подигна степенот за тревога за подрачјето на главниот град Брисел на најголемо ниво, предупредувајќи ја јавноста да ги избегнува метежите и гужвите поради заканите од терористички напади, рекол официјален претставник на владата. По состанокот на министерот за внатрешни работи, врвот на полицијата и безбедносните служби степенот за тревога во Брисел е подигнат на четвртото и највисоко ниво. “На жителите им советуваме да ги избегнуваат местата каде се собираат многу луѓе како што се шопинг центрите, концертите или станиците за јавен превоз”,...
Франција возврати со бомбардирање на главниот град на џихадистите
Post Views: 33 Француските борбени авиони доцна синоќа го изведоа досега најобемниот напад врз Исламската држава во Сирија, поточно во упориштето на екстремистите, Рака, кој тие го сметаат за своја престолнина. Како што најави, францускиот претседател Франсоа Оланд жестоко одговори на крвавите терористички напади во Париз. Француските бомбардери го нападнаа сирискиот град Рака и го уништија командниот центар и кампот за обука. Во калифатот веднаш потоа завладеала паника. Заканата која ја прати францускиот претседател била јасна и во калифатот сега стравуваат дека Французите...
Исламска држава од мала теористичка група до глобална закана
Post Views: 37 Исламската држава (IS), која ја превзеде одговорноста за нападите во Париз во кои беа убиени 129 лица, почна како мала терористичка група кон крајот на ’90-те години, а стана позната за време на американската инвазија на Ирак. Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет. САД организираше коалиција против IS во 2014 година, откако IS го окупира ирачкиот град Мосул и се прогласи за калифат на кој треба да се покорат сите муслимани, а подоцна тргна во освојувачки поход. И покрај некои назадувања, вклучувајќи ги неодамнешните...
Европските земји воведуваат строги мерки на безбедност
Post Views: 34 Франција денес соопшти дека сите манифестации на јавни места се забранети по нападите во Париз во кои загинаа 128 лица и 250 се ранети, а останатите европски земји одлучија да воведат построги мерки на безбедност. Француската одлука се објаснува со фактот дека се мобилизирани силите за безбедност и притоа не можат да ги обезбедуваат различните колони и собирања, се вели во указот кој го потпишал полицискиот началник Michel Cadot. Италијанскиот премиер Matteo Renzi ги осуди теористичките напади во Париз и најави додатни мерки на безбедност. “Како и сите...
Мобилниот телефон му го спасил животот во нападите во Париз
Post Views: 39 Човек кој се нашол во близина на стадионот каде експлодираа две бомби тврди дека животот му го спасил мобилниот телефон. Тој разговарал на мобилниот телефон одејќи покрај стадионот Stade de France во Париз кога експлодирала една од бомбите. Шрапнелот долетал до него но го погодил точно во мобилниот телефон. “Разговарав, ја преминував улицата и тогаш имаше експлозија точно пред мене. Се разлетаа парчиња, почуствував како летаат околу мене. Паднав и веднаш станав. Го погодија мојот телефон и тој ме спаси, во спротивно ќе ме погодеше точно во глава”, изјавил за...
Низа терористички напади во Париз, убиени 120 луѓе
Post Views: 31 Париското обвинителство потврди најмалку 120 убиени луѓе во низата терористички напади во Париз, вклучувајќи го и масакрот во концертната сала Bataclan и самоубиствениот напад во експлозијата во близина на стадионот Stade de France. Парискиот државен обвинител Francois Molins рано утрово изјави дека во нападите се убиени најмалку 120 луѓе, што е прва бројка на настрадани кој ја изнесе некој официјален извор. Molins рекол дека за време на минатата ноќ се неутрализирани најмалку пет напаѓачи, од кои тројца во концертната сала. Околу 1.500 лица дошле во Bataclan...







