Автор: инфодеск
Post Views: 159 ЈП„Охридски Kомуналец” утре, 5 јуни, организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, Карабегомала и населба „Христо Узунов”.-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 5 јуни и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.Отпадот треба да е уредно...
Културата расте со децата „За сите деца“: Денес промоција на книгата „Девојчето Ена и волшебната четка“, од д-р Кристина С. Алоска
Post Views: 181 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ денес од 10:00 часот во ООУ„Св. Наум Охридски“ во Пештани ќе биде промовирана книгата „Девојчето Ена и волшебната четка“, од д-р Кристина С. Алоска. Промотор ќе биде Валентина Рубаноска.
Денес и утре „Цветни балкони – Цветен Охрид“
Post Views: 116 Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:Кеј „Македонија“Ул. „Илинденска“Ул.„Коста Абраш“Ул.„Кузман Капидан“Ул.„Христо Узунов“Ул.„Климентов Универзитет“Ул.„Нада Филева“Ул.„Боро Шајн“Ул.„Григор Прличев“Ул.„Кочо Рацин“Ул.„Св. Кирил и Методи“Ул.„Браќа...
Свети Јован Владимир
Post Views: 168 Јован, или Иван Владимир, управуваше со областите Зета и Далмација, во втората половина на 10 век. По природа беше мирољубив, благочестив и добродетелен. Беше војсководец, но при тоа беше благ, редовно ги помагаше сиромашните и се одликуваше со длабоко познавање на Светото Писмо. Се грижеше за правилното исповедање на православната вера во народот, и многу еретици-богомили ги одврати од заблудата на ереста и ги врати во православната Црква. Бугарскиот цар Самуил го нападна и го зароби, та го стави во затвор во Преспа. Ќерката на царот Самуил, Косара, им носеше...
Сончево и топло со слаб ветер од јужен правец
Post Views: 111 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Денес во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес во интервал од 12 до 27 степени Целзиусови.
СВР Охрид со работилници за безбедноста на децата во сообраќајот
Post Views: 147 СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид одржа повеќе работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот”, наменета за учениците од вторите и третите одделенија од основните училишта: „Св.Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, „Живко Чинго”- село Велгошти, „Ванчо Николески” – Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и „Кочо Рацин” со подрачното училиште од Лакочереј.–Целта на...
Утре теристичка ларвицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Дебрца
Post Views: 155 Општина Дебрца утре, 04.06.2025 год. (среда), ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.Од Општина Дебрца ги замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки...
Прекин во водоснабдувањето на улица ,,Јане Сандански”
Post Views: 169 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Јане Сандански“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година на Струшките вечери на поезијата
Post Views: 248 Националната установа – манифестација „Струшки вечери на поезијата“ објави конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2024 година до 31 мај 2025 година.На конкурсот, кој ќе трае до 25 јуни, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.-Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од...
Денес ќе се одржи второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“
Post Views: 264 Здружението „Граѓански Интегритет“ од Охрид, по повод Светскиот ден на велосипедизмот, денеска го организира второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“.– Истиот ќе се одржи од 11:30 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и има за цел промоција на здрави животни навики и општествена одговорност преку мобилна реклама на велосипеди и собирање средства за жртвите од неодамнешната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Учеството е бесплатно и доброволно, а пријавувањето е отворено на следниот линк, информираат...
Денес неколку часа без струја делови од Вевчани и Горна Белица
Post Views: 263 Од Општина Вевчани информираат дека денес, 3 јуни, во периодот од 08:30 до 16:30, ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во Вевчани.-Поради работа на трафостаница, прекин ќе има кај корисниците во дел од центарот, градинката, Црвката Св. Никола, Јанков Камен, како и во с. Горна Белица, посочуваат во соопштението.
Православните христијани денес го слават празникот Св. Константин и Елена
Post Views: 248 Според календарот на МПЦ денес се одбележува споменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена.Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena Augusta), позната уште ѝ како Света Елена, Елена Августа и Елена од Константинопол (250 – 330) е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание која го имала врз нејзиниот син. Била сопруга на римскиот император Констанциј I Хлор и мајка на императорот Константин Велики.Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и...