Автор: инфодеск
Post Views: 152 Иницијативата „Збогум Буково“ по повод Денот на жената, 8-ми Март, организира акција за садење 100 дрва во Охрид.-Оваа сабота, на Денот на жената, ве повикуваме драги Охриѓани да дојдете и засадете дрвце во чест на вашите мајки, сестри, сопруги, другарки, внуки, баби… Да оставиме трајна и благородна трага во име на нивната борба за нашава заедница, велат од „Збогум Буково“.Локацијата за садење ќе биде кај охридската марина во 12:00 часот.
Свети Лав, епископ Катански
Post Views: 116 Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува. Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде...
Сончево со температури до 13 степени Целзиусови
Post Views: 130 Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури од 0, а максималните до 13 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени.
Спортски ден во ООУ „Живко Чинго“
Post Views: 158 Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески претпладнево во спортската сала Тодор Александров во с. Велгошти се обрати на отворањето на Спортскиот ден што го организира ООУ „Живко Чинго“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а по повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Александров.Во своето обраќаање Секретарот Китески истакна:– Охрид во изминатите неколку години прерасна во партнер на спортот во Охрид. Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод, за кое што...
Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција
Post Views: 180 Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на...
Кривична пријава против двајца лихвари од Охрид
Post Views: 186 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на возраст од 42 и 45 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.-Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Охрид нема дежурна аптека која опслужува 24 часа
Post Views: 665 Охрид нема дежурна аптека која опслужува 24 часа. Приватните аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување, спроведуваат дежурства, но на повик. После 22 часот за итни лекарства мора да се оди во Брза помош од каде што се јавуваат на дежурната аптека, по распоред ,која впрочем е затворена, но на повик ќе отвори исклучиво за одредени лекарства единствено пропишани од лекар специјалист.Екипите на Брза помош добиваат ноќни повици со барања од граѓаните, но се опслужуваат само неколку пациенти...
Тино и Атанас со „(НАТ)ПРОСЕЧЕН МАКЕДОНЕЦ“ на 8-ми Март во Охрид
Post Views: 330 „(НАТ)ПРОСЕЧЕН МАКЕДОНЕЦ“ на голема турнеја низ Македонија! На 08.03.2025 Тино и Атанас гостуваат во Охрид, во НУЦК “Григор Прличев”.После четири распродадени сали во Скопје, време е за ново поглавје! Тино и Атанас, со својот уникатен хумор, ја најавуваат првата голема турнеја на „(НАТ)ПРОСЕЧЕН МАКЕДОНЕЦ“, која се одржува во февруари и март низ 10 градови во Македонија.Билетите за настапот во Охрид можете да ги купите онлајн на ticketx.mk како и во некој од продажните места во Охрид:-Кај Аждер 075/202-333-Ирски Паб – Даблин
Барометар на корупција за февруари 2025 на Транспаренси Интернешнл – Македонија
Post Views: 188 Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“.Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина, – велат од...
Засилени контроли на увозното овошје и зеленчук за заштита од пестициди, најави АХВ
Post Views: 170 Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Засилените контроли ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за испитување на резидуи ( остатоци) од пестициди, со акредитирани методи, од секоја пратка. Мострите ќе се земаат на инспекциските места при увоз, а...
Девет години се бара правда за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид
Post Views: 319 Девет години по убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид, убиецот- српскиот турист Бојан Угреновиќ од Кралјево е на слобода.Мајката на момчето кое беше претепано на смрт, пред кафуле на Новогодишната ноќ се уште чека правда. Таа, обвинува за низа пропусти во судскиот процес, поради што измина законскиот рок за притвор, па така убиецот осуден на 16 години затвор исчезна.– Замислете како една мајка се чувствува како и после девет години е да не е пронајден убиецот на нејзиниот син. Барам од државата да го...
СВР Охрид со кампањи за врсничко и интернет насилство, како и за одговорно паркирање
Post Views: 215 Во Основното училишта „Братство Единство“, пред учениците од албанска и турска наставна програма, беа одржани типизирани предавања на тема „Меѓуврсничко насилство и интернет насилство-сајбер и сајбер булинг“.– Притоа, полициските службеници низ инерактивна комуникација со учениците, зборуваа на темата како облик на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и...
