Автор: инфодеск
Views: 322 Од 7 до 11 мај 2026 година, во Тиват, Црна Гора се одржа вториот по ред Меѓународен натпревар за дувачки инструменти, на кој настапи и Марија Дузлеска, ученичка во ДСМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“, дисперзирани паралелки Струга, од класата на м-р Светлана Богданоска-Ристоски, која во силна конкуренција ја освои втората награда.На натпреварот учествуваа 200 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Русија.Од школото во нивното соопштение додаваат дека комисијата за дисциплина флејта ја сочинуваа Матеј Зупан (Словенија),...
Се асфалтира улицата „Прилепска”
Views: 317 Со средства од буџетот на Општина Охрид во износ од 6.400.000 денари се врши комплетна реконструкција на улицата „Прилепска”.Проектот, како што посочуваат од Општина Охрид, опфаќа уредување на улицата и поставување на нова асфалт во должина од околу 530 метри, со што значително се подобруваат условите за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Претходно на оваа улица беше извршена и промена на водоводната линија, при што беа реализирани околу 70 нови водоводни приклучоци, како дел од активностите за обезбедување на поквалитетна инфраструктура за сите...
Карпа се одрони кај влезот во Радожда, жителите стравуваат од нови одрони
Views: 553 Во струшкото село Радожда беше избегната поголема трагедија, откако огромна карпа тешка десетина тони, вчера попладне се одрони на самиот влез од селото и заврши на регионалниот пат.Само среќата спречи катастрофа на една од најфреквентните делници кон Радожда, по која секојдневно минуваат десетици возила, туристи и жители. Нема повредени лица и оштетени куќи, но патот претрпе сериозни оштетувања. Веднаш по инцидентот на терен интервенирале екипи на ЈП „Македонија пат” и Центарот за управување со кризи.„Можеше...
ЈП „Водовод“ Охрид доби нова опрема вредна над 1,1 милион денари
Views: 354 Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија преку набавка на опрема“, за потребите на ЈП Водовод Охрид е набавена и ставена во трајно користење нова опрема во вкупна вредност од 1.163.200 денари. Проектот се реализира преку Центар за развој на Југозападен плански регион, со одлука на градоначалникот на Општина Охрид.Во рамки на набавката обезбедени се апарат за детекција на дефекти на водоводни цевки – геофон SebaKMT HL-7000 со комплет придружна опрема, електричен ударен чекан Makita HM1812 со количка за транспорт и чување, како и два...
Цените на становите нереално високи, најскапи во Скопје и Охрид, проценувачите бараат нова методологија
Views: 339 Цените на становите вртоглаво растат, а експертите предупредуваат дека пазарот сè повеќе се оддалечува од реалноста. Најскапи квадрати се продаваат во Скопје и Охрид, каде на атрактивните локации цената веќе надминува 3.000 евра за метар квадратен.Граѓаните често добиваат искривена слика за пазарот преку интернет-огласите, каде се пласираат нереално високи цени на недвижностите.„Нашата основна цел е да информираме, затоа што имаше долг период кога граѓаните не можеа да се информираат колкава е реалната пазарна вредност на недвижностите, па затоа се...
Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена самостојната изложба „МОТИФ“ на Есра Дехар
Views: 327 Самостојна изложба насловена „МОТИФ“ од уметничката Есра Дехар ќе биде отворена утре со почеток во 18:00 часот во НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.На изложбата, како што информира Дехар, ќе бидат претставени околу 20 дела, изработени во комбинирана техника, акрил на платно и експериментални текстури.-Изложбата „МОТИФ“ претставува спој на традиционалните мотиви и современиот визуелен израз. Инспирацијата доаѓа од културното наследство, ориенталните орнаменти, килимите, текстурите и личната меморија, претставени преку модерен уметнички пристап, вели...
Свети Василиј Острошки
Views: 268 Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против неговата волја. Како архијереј, прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската...
Утрото променливо облачно време со сончеви периоди, попладне услови за локална појава на краткотраен пороен дожд
Views: 265 Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h.Минималните температури во Охрид денес од 9, а максималните до 18 степени Целзиусови.









