Автор: инфодеск
Views: 297 Од утре, 12 мај, ЈП Охридски Комуналец започнува со проширување на мрежата за селекција на отпад со делење на жолти канти за селекција на пластика на домаќинствата кои живеат на улицата „Дејан Војвода”, Охрид.Од претпријатието информираат дека нивна екипа ќе биде позади Тамаро маркетот од 10.30 часот, а граѓаните треба да носат со себе лична карта со место на живеење на таа улица, или лична карта од сопственикот на живеалиштето.-За подигнување на канта за селекција на пластика ќе потпишете договор со кој се обврзувате кантата да ја користите за конкретната...
Дизелот поевтинува за четири денари, цената на бензинот непроменета
Views: 350 Од вечерва на полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата. Регулаторна комисија ги соопшти новите цени, и донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78%во однос на одлуката од 4.5.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,444%, кај дизелот за 6,073%, кај екстра лесното масло за 6,495% и кај мазутот има зголемувањето за 0,791%.Од 12.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе...
Гастрономско доживување во Охрид со Шеф Филип Ондрушек
Views: 394 Во организација на Slow Food Ohrid, со поддршка од Одделението за култура при Општина Охрид, градот Охрид ќе биде домаќин на четиридневна програма посветена на современата и одржлива гастрономија, во чиј фокус се локалните производи, традицијата и одговорниот однос кон храната.Во Охрид пристигнува реномираниот шеф Filip Ondrushek, кој заедно со локалните партнери ќе реализира серија едукативни и кулинарски активности насочени кон промоција на одржливи практики во гастрономијата.Во рамки на програмата е предвидена посета на охридскиот зелен пазар, каде учесниците ќе имаат...
СВР Охрид: Физички напади, пријави и инциденти на „Партизанска“ и ГП „Св. Наум“
Views: 280 Во текот на изминатото деноноќие, СВР Охрид евидентираше случаи на физички напад, закани и спречување на службени лица при вршење службени дејствија.На 10.05.2026 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 55-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 18:00 часот во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид физички нападнал 40-годишен охриѓанец. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 10.05.2026 во 13:10 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид...
ПСС Охрид со апел, пред туристичката сезона, за внимателно и одговорно однесување на планина
Views: 284 Во пресрет на официјалниот старт на летната туристичка сезона, од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид апелираат посетителите на планинските подрачја да бидат особено внимателни. Велат дека бројот на интервенции постојано расте, особено кај авантуристичките активности како планински велосипедизам, параглајдинг и оф-роуд возење.Изгубени и дезориентирани лица, падови и повреди на тешко достапни терени се меѓу најчестите интервенции на спасителите.„Имавме многу, десетици интервенции. Посериозни несреќи беа три или четири. Имавме и една параглајдерска несреќа...
Хваранг Фист со одличен настап во Македонската теквондо лига
Views: 428 Теквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид оствари одличен резултат на Второто коло од Македонската теквондо лига, кое викендов се одржа во Скопје во организација на Теквондо клуб Бутел и Македонската теквондо федерација.На натпреварот учествуваа 310 натпреварувачи од 19 клубови од државата, кои се бореа за нови бодови во лигашкиот поредок. Охридскиот клуб, предводен од тренерот Ацо Јосифоски (5 дан), настапи со 19 натпреварувачи во категориите пионери, кадети и јуниори.Најголем успех забележаа јуниорите Петар Петкоски, Ѓорѓи Петкоски, Јана Спироска и Ненад Целески, кои со...
Утре „Лектирата не е баук“ во НУ Библиотека „Григор Прличев“
Views: 270 НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со Лајонс клубот ДЕНИЦА, утре, вторник 12 мај, со почеток во 11 часот, ќе го организира креативниот настан „Лектирата не е баук“, посветен на поттикнување на љубовта кон читањето и литературата кај младите.Настанот е инспириран од книгата „Читањето не е баук“, промовирана минатата година на Американскиот универзитет на Европа – ФОН во Скопје. Авторки на изданието се Љубица Кардалеска-Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска и Ана Арсовска.Книгата претставува опсежна студија која...
Во Охрид промовиран проектот „Од домашна кујна до локален бренд“
Views: 321 Во текот на викендот, на Малиот плоштад во Охрид се одржа промотивен настан со дегустација на локална храна, во рамки на проектот „Од домашна кујна до локален бренд“, организиран од Здружението Центар за општествен развој ЦОР ИМПАКТ Охрид, со финансиска поддршка од Општина Охрид преку ReLОaD Програмата.Настанот им овозможи на граѓаните и туристите да вкусат дел од традиционалната охридска и регионална гастрономија, преку производи подготвени од локални производители и домашни кујни. Посетителите имаа можност да дегустираат ѓомлезе, питулици, комати, производи од мед,...









