Автор: инфодеск
Post Views: 132 Претпладне по одделни котлини со услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.Од утре времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.Денешните температури во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.
Одиграно првото коло од Пионерска лига Охрид 2025 во шах
Post Views: 326 Вчера, во ООУ Братство Единство Охрид, се одигра првото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојузот на училишни спортови Охрид.Пионерската лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид,Резултатите од првото коло во прилог.
Денеска започнуваат Рамазанските пости
Post Views: 257 Од денес муслиманите во целиот свет го започнуваат светиот месец Рамазан. По едномесечниот пост, првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е на 30 март. Овој голем муслимански празник се слави три дена. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачки за стари и болни лица.
Светите Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан
Post Views: 140 Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Египет, се враќаа од осуда од рудникот...
Денеска времето променливо облачно и релативно топло
Post Views: 143 Променливо облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека во недела на повеќе места ќе има вренежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.Денешните...
150 години од раѓањето на Кирил Прличев
Post Views: 157 Со свечен настан што се одржа во спомен куќата на Христо Узунов, денес Општина Охрид ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на Кирил, синот на Григор Прличев, познат македонски револуционер, публицист, новинар, идеолог и учител. Во рамки на случувањето пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Денес гордо се поклонуваме по повод 150 години од раѓањето на Кирил синот на Григор Прличев истакнат македонски револуционер, учител, новинар, публицист, писател и...
Покана за јавна дебата во врска со развојните цели на Општина Охрид
Post Views: 144 Заради поголема транспарентност во спрведување на следниот јавен повик, а со намера да се слушне гласот на невладиниот сектор Општина Охрид свикува јавна дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик.На јавниот повик кој во текот на 2023 година Општина Охрид го спроведуваше во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOAD2), право да поднесат предлог проекти имаа сите граѓански организации чии проекти се доследни на развојните цели на општина Охрид: младински активизам и партиципација,...
Јавен повик за прибирање на предлог идеи-проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите
Post Views: 138 Општина Охрид како транспарентна општина, со цел подигнување на свесноста за родова еднаквост и социјална инклузија преку реализација на квалитетни програмски активности од областа на родовата сензитивност со кои ќе се добие позитивен фитбек и бенифит за жените жители на град Охрид како дел од ова современо општество, објавува:ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ИДЕИ-ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕПовеќе информации на линкот.
Ограбена црквата „Св. Јован Владимир“ во Подгорци
Post Views: 241 На 27-ми февруари 2025 година, во 15:20 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св. Јован Владимир“ во струшкото село Подгорци, и биле одземени пари.– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Кривична пријава за директорот на ЦК „Григор Прличев“
Post Views: 157 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид, директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.– Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари, информираат...
Денес почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах
Post Views: 268 Денес со почеток во 12 часот, во ООУ Братство Единство Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах која ја организира ШК Ласкер Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид,На Пионерската лига ќе учествуваат 6 екипи и тоа: ООУ Братство Единство Охрид, ООУ Ванчо Николески Лескоец, ООУ Григор Прличев Охрид, ООУ Св. Климент Охридски Охрид, Св. Наум Охридски Пештани и ООУ Живко Чинго Велгошти. Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ Братство Единство Охрид, ул 7 Ноември бр 85, од 28 февруари до 28 март 2025г....
„Кумови“ вечерва повторно на репертоарот пред охридската публика
Post Views: 201 Поради зголемениот интерес на театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ денес повторно на репертоарот.Режијата е на Билге Емин, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска. За сценографија е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот...