Skip to main content

Автор: инфодеск

Банкнотата од десет американски долари ќе ја краси женско лице

Post Views: 38 Прв пат во сто години една жена ќе се најде на банкнотата од 10 американски долари која ќе биде пуштена во промет во 2020 година, објавија властите на САД. Идентитетот на личноста која ќе ја краси банкнотата ќе се открие во текот на оваа година по консултацијата со јавноста, изјавил американскиот министер за финансии Jacob Lew. Не најавувајќи на кого ќе му припадне конечниот избор, Lew рекол дека тоа “мора да биде жена која работела на унапредување на демократијата”. Претходна жена на која и било укажано чест да се најде на зелената банкнота била Martha...

Продолжи со читање

Загрозени најпопуларните модели на Samsung

Post Views: 41 Со оглед на сѐ поголемиот број на корисници на паметни телефони, како и фактот дека во нив се сите важни приватни информации, мобилните уреди последните години стануваат сѐ поинтересна мета на хакерите. Иако нападите и понатаму се почести на компјутерите, ситуацијата полека се менува, а најзагрозени се корисниците на оперативниот систем на Google, Android. Последните информации поврзани за опасен безбедносен пропуст кој хакерите би можеле да го искористат е поврзан со телефоните на Samsung. Од безбедносната компанија NowSecure откриле пропуст поврзан со SwiftKey...

Продолжи со читање

Почина кралот на Лас Вегас

Post Views: 37 Американскиот милијардер Kirk Kerkorian, кралот на Лас Вегас, некогашен холивудски магнат, почина во 98 година од својот живот, објави портпаролот на компанијата Metro-Goldwin-Mayer (MGM). Тој е роден во Калифорнија во 1917 година во семејство на американски имигранти, го напушил образованието и работел како доставувач на весници, чувар во куглана и аматерски боксер. За време на втората светска војна се придружува на Канадското воздухопловство, а потоа ја основа компанијата за приватни авиони кои ги поврзуваше Лос Анѓелес и Лас Вегас, а продажбата во 1968 година...

Продолжи со читање

Исламската држава праќа сигнали до исламистите на Балканот

Post Views: 35 Нападите на исламистичките екстремисти би можеле да случат веќе на 28 јули, предупредуваат експерти за безбедност, а се проценува дека илјадници екстремисти се веќе активирани во Босна и Херцеговина. Неодамна на некои исламски web страници се појави снимка со наслов “Исламска држава на Балканот”. Тоа било сигнал за пет илјади потенцијални терористи, колку што ги има во моментов во Босна и Херцеговина, да се “разбудат”, да ги трујат изворите со вода за пиење, да рушат згради, да напаѓаат обезбедени објекти, пишува Nezavisne novine. “Таа тактика на терористите на...

Продолжи со читање

Светот наскоро добива една минута која ќе трае 61 секунда

Post Views: 39 Во 23.59 на 30 јуни по координирано светско време (UTC) светот ќе доживее момент во кој минутата ќе трае 61 секунда, пишува News.com.au. Таканаречената “престапна секунда” ќе се додаде на часовниците за да се ускладат со земјината ротација. Многу се оние помеѓу 7,25 милијарди жители на Земјата кои во тој момент нема да се свесни за промената, но за експертите се работи за голем момент. Сепак, постои спор дали таа секунда е навистина важна или би требало да биде отпишана. Последната модификација на 30 јуни 2012 година беше деструктивна за многу даватели на...

Продолжи со читање

Легендарниот “Colt” во стечај, се нуди за нула долари

Post Views: 34 Сопственикот на Colt Defence, инвестицискиот фонд Sciens Capital Menagment, предложил купување на компанијата по почетна цена од нула долари, но со превземање на 105 милиони долари постоечки кредитни обврски и 20 милиони долари нови кредити. Продажбата на пиштолите и пушките Colt опадна минатата година за 30%, па компанијата минатиот месец не можеше да исплати 11 милиони долари доспеани обврзници на сопствениците на кои им должи околу 250 милиони долари. Во таква тешка ситуација компаниите обично го препуштаат сопствеништвото на кредиторите, заменувајќи ги...

Продолжи со читање

Грција повторно под закана за банкрот

Post Views: 44 На европските берзи денес цените на акциите се во остро паѓање бидејќи на Грција ѝ се заканува банкрот и излегување од еврозоната, откако во неделата не беше постигнат никаков напредок во преговорите за решавање на грчките должнички проблеми. Лошото расположение на пазарите е последица на уште еден пропаднат обид за пронаоѓање на решение за грчките долгови. Во неделата состанокот помеѓу претставникот на грчката влада и нејзините кредитори траел помалку од еден час и не вродил со никаков напредок. Европските официјални лица инсистираат на намалување на пензиите...

Продолжи со читање

Google има решение каков телефон да одберете спрема потребите

Post Views: 43 При купување на нов паметен телефон вреди да се потрудите и да пронајдете уред кој ќе ги задоволи сите ваши барања, а притоа цената да е пристојна а телефонот квалитетен. Пазарот на Android е прилично голем и нуди широк спектар на уреди па така може да се пронајдат најевтини или топ модели односно flagships. Токму таа разноликост во цената доведува до несигурност и збунетост при купувањето, но Google има решение и за тоа во облик на web апликација. Се работи за web алатка која во зависност од вашите потреби и очекувања ќе ви го понуди најдобриот модел кој ги...

Продолжи со читање