Автор: инфодеск
Views: 279 Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Египет. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Египет. Египет беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и...
Денес времето претежно облачно со врнежи од дожд
Views: 256 Претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.Денес во Охрид минималните температури од 7, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Водостојот на Преспанско езеро порасна за метар и половина
Views: 507 По долг период на алармантно повлекување на водата и постојани предупредувања за еколошка катастрофа, Преспанското Езеро конечно бележи промена на подобро. Најновите хидролошки мерења покажуваат дека водното ниво во последните шест месеци пораснало за приближно еден и пол метар: податок што кај жителите на регионот, стручната јавност и надлежните институции повторно буди внимателен оптимизам.Од Општина Ресен велат дека за првпат по подолг период е прекинат континуираниот негативен тренд на опаѓање на езерото. Според нивните проценки, ако следуваат уште две хидролошки поволни...
Собранието денес го изгласа Законот за Советот на јавни обвинители
Views: 448 Со 64 гласови ,, За”,15 ,, против” и ниту еден ,, воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на РСМ кој е дел од Реформската агенда.Со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина.Се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Се воведуваат јасни и транспарентни критериуми. Се гарантира нивната стручност, искуство и интегритет, по пример на...
Охрид SOS: Локалитетот „Мауцкер“ е претворен во дива депонија, институциите не реагираат
Views: 368 Граѓанската иницијатива Охрид SOS обвинува дека локалитетот „Мауцкер“, наместо да биде дел од природното и културното наследство на Охридскиот регион, е претворен во нестандардна депонија, додека институциите со години не преземаат конкретни мерки за решавање на проблемот.Во реакција испратена до медиумите, од Охрид SOS велат дека и покрај бројните апели, дописи и јавни реакции, состојбата на теренот секојдневно се влошува.Според нив, на локалитетот нелегално се депонира различен вид отпад, меѓу кој опасен отпад, градежен шут, пластика, стар мебел, па дури и мртви...
Велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
Views: 289 По повод Денот на Европа, на 16 мај ќе се одржи велосипедска тура околу Охридското Езеро на релација Струга–Поградец–Охрид–Струга, во должина од 90 километри.Настанот ќе започне во 08:00 часот, а организатори се Europe House Struga, во соработка со Општина Струга и Спортскиот клуб „Соларис“.Организаторите најавуваат заедничко возење низ трите градови, можност за нови познанства, како и освежување и музички пунктови долж трасата, со цел турата да понуди дополнително спортско и забавно доживување за учесниците.За безбедноста на велосипедистите ќе бидат обезбедени...
СВР Охрид со низа активности го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција
Views: 301 Во рамки на одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, СВР Охрид во соработка со Планинарската спасителна служба Охрид, организираше ферата рута на планинскиот масив Галичица.По кратка обука за користење на ферата опрема и безбедносниот систем, полициски службеници заедно со членови на спасителната служба се искачуваа по обезбедена планинска патека, користејќи челични сајли, железни клинови и друга соодветна опрема.Настанот е дел од низата активности со кои СВР Охрид го одбележува празникот на македонската полиција.Вчера, на градското пристаниште...
УХМР: Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Views: 223 Променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Денес во Охрид минималните температури од 8, а максималнте до 21 степен Целзиусов.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се...









