Автор: инфодеск
Post Views: 247 По повод големиот верски празник Велики Поклади – Прочка, традиционално и оваа година во Велгошти, на 2 март, недела, ќе се одржи маскенбалот „Емшири 2025″.Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште “Тодор Александров”.-Организатор на маскенбалот е М.З. на с.Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид, а за сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци, велат организаторите.
Вечерва во Струга ќе биде отворена изложбата Digital He(Art) на Енкел Дика
Post Views: 189 Уметникот Енкел Дика, вечерва ќе ја отвори изложбата „ Digital He(Art)“, преку која тој порачува дека „Уметноста има срце, а дигиталниот дизајн-душа“.Изложбата ќе биде отворена вечерва, четврток, 27 февруари 2025 година во Europe House во Струга со почеток во 20:00 часот.– Истражете како технологијата и емоцијата се спојуваат во визуелни дела што оставаат траен впечаток. Не ја пропуштајте оваа вечер, порачуваат организаторите.
Промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од Љубен Цветкоски
Post Views: 152 Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски. -Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ излезе од печат стихозбирката НАСОЛЗЕНО ЦВЕЌЕ од Љубен Цветкоски. Тоа е книга создадена од за жал очај и болка и непребол по прерано починатиот син. Таа семејна трагедија и траума нашиот Љубен се обидува преку стихови да ја надмине а од друга страна нам да ни ја пренесе неговата поврзнаост со синот и семејството, рече в.д директорката на нашата библиотека Христина Трпеска....
Свети Кирил, учител словенски
Post Views: 126 Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекна одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано прими презвитерски чин. Во Константинопол беше библиотекар на соборната црква и учител по философија. Светиот Кирил со успех водеше спорови со еретиците иконоборци. Стремејќи се кон осаменички живот, се повлече на гората Олимп, во манастирот каде што игуман беше неговиот постар...
Променливо облачно со повремен локален дожд
Post Views: 110 Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.Денешните температури во Охрид во интервал од 3 до 11 степени Целзиусови.Утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена
Post Views: 159 Општина Охрид информира дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 год), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034. Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и на линкот.Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е ...
Во петок почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах
Post Views: 259 Во петок 28.02.2025 со почеток во 12:00, во ООУ Братство Единство Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах која ја организира ШК Ласкер Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид,На Пионерската лига учествуваат 6 екипи и тоа: ООУ Братство Единство Охрид, ООУ Ванчо Николески Лескоец, ООУ Григор Прличев Охрид, ООУ Св. Климент Охридски Охрид, Св. Наум Охридски Пештани и ООУ Живко Чинго Велгошти. Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ Братство Единство Охрид, ул 7 Ноември бр 85, од 28 февруари до 28 март...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Хипофосфатемичен рахитис
Post Views: 166 ИКС-ВРЗАН ХИПОФОСФАТЕМИЧЕН РАХИТИС/X-LINKED HYPOPHOSPHATEMIC RICKETSMKB-10 E83.31ПРЕВАЛЕНЦАХипофосфатемичниот рахитис поврзан со Х-хромозомот е најчестиот облик на рахитис што се јавува во семејствата. Засегнато е 1 од 20 000 новороденчиња. Оваа болест се појавува подеднакво кај двата пола.ВОВЕДХ-поврзаната хипофосфатемија (XLH) е наследна болест која се карактеризира со ниски нивоа на фосфати во крвта. Нивоата на фосфати се ниски бидејќи фосфатот ненормално се обработува во бубрезите што предизвикува губење на фосфати во урината (трошење...
ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата “Вис” во село Велгошти
Post Views: 160 ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата „Вис” во село Велгошти.-Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 155 метри, информираат од претпријатието.
Во петок ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на Кирил Прличев
Post Views: 111 Во петок, 28.02.2025 година, во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 12:30 ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на Кирил Прличев.Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист, идеолог, интелектуалец. Во Софија го формира Македонскиот научен институт, бил директор на Охридскиот музеј и заедно со археологот Димче Коцо ги откриваат моштите и гробот на Св Климент Охридски на Плаошник. Револуционерно е поврзан од почетокот на Македонското револуционерно дело. Огненото крштевање во Македонската револуционерна организација го има од Гоце...
Левица со Иницијатива за организирање летни школи за изучување на традиционални охридски занаети
Post Views: 173 Левица – Охрид поднесе Иницијатива за организирање летни школи за изучување на традиционални охридски занаети.-Сметам дека во изминативе три децении многу традиционални охридски занаети се изумрени и заборавени, па добро би било да ги оживееме со тоа што кај младите ќе го поттикнеме интересот за нивно изучување. Пример, отворање на летна резбарска школа, која во минатото беше и дел од формалното образование, кога со заинтересираните работеа познати охридски резбари, стои во образложението поднесено од советничката Виолета Аврамоска во Советот на Општина...
Православен календар: Преподобен Мартинијан
Post Views: 165 Житието на овој светител е чудесно и прекрасно.Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го...