Автор: инфодеск
Post Views: 54 Сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ, по купувањето на Дијамант од Зрењанин, купува уште една фабрика за масло за јадење во Србија. Најбогатиот хрватски бизнисмен, кој во Србија е сопственик на шест компании, сака да ја превземе и компанијата Викторијаоил, фабрика за масло за јадење од Шид која е присутна со брендот Искон. Тодориќ на српскиот пазар на масло за јадење влезе во 2004 година со купување на фабриката во Зрењанин која со години држи една третина од пазарот, а сега Тодориќ со купување на Викторијаоил сака маслото Искон да го користи како суровина за...
Пентагон: Терористичкиот водач убиен со дрон
Post Views: 36 САД во нападот со беспилотно летало на 12 март во Сомалија го убија лидерот на исламистичката група Al Shаbab, Adan Garar, поврзан со нападот на трговскиот центар Westgate во Најроби во 2013 година, соопшти Пентагон. Adan Garar бил припадник на службите на Al Shаbab за известување и безбедност чија задача била да ги координира надворешните активности на екстремистичката група, додава Пентагон во своето соопштение. На основа на оперативни разузнувачки податоци, американските сили со помош на беспилотно летало го нападнале возилото во кое бил Adan Garar во околината...
Епидемија која не престанува да се шири
Post Views: 54 Од оваа болест ширум светот болуваат 382 милиони луѓе, а се предвидува во наредните две десетлетиа дека од неа ќе заболат околу половина милијарда луѓе. Дијабетисот станува глобална епидемија, предупредуваат експертите. Се проценува дека во 2013 година болуваат 382 милиони луѓе а во наредните 20 години се очекуа пораст од 55%. Само 10% од луѓето со дијабетис, болеста ја добиле во детството, додека дека 90% од заболените од дијабетис тип2, болеста ја добиле од неправилна исхрана и премалку движење. Тоа последично води и до кардиоваскуларни проблеми, болести на...
Пилотите на Lufthansa стапуваат во штрајк
Post Views: 35 Пилотите на германската национална воздухопловна компанија Lufthansa во среда ќе штрајкуваат, а тоа ќе се одрази на кратките и средно-долгите дестинации, изјавиле од компанијата. Штрајкот го организира синдикатот на пилоти “Vereinigung Cockpit” поради нерешени прашања околу бенефициите при одење во пензија, пишува BBC. Освен проблемите со бенефициите за одење во пензија, работниците се противат и на планот на проширување на бизнисот и интересот на Lufthansa спрема нискобуџетните летови. Штрајкот би требало да трае 24 часа а ќе се одрази најмногу на домашните...
Летечките автомобили стануваат реалност
Post Views: 32 Словачката компанија AeroMobil почна со развој на концептот на летечки автомобили уште во деведесетите години, а кон крајот на минатата година е најавен AeroMobil 3.0 кој од октомври започна со тестирања и пробни возења, односно летања со ова превозно средство, а извршниот директор на оваа компанија Juraj Vaculik најави дека негова продажба може да се очекува во 2017 година. Додека првите концепти на летечки автомобили бараа авионски писти, новиот модел може да полетува и слетува на тревнати површини така што Vaculik предложил во иднина покрај автопатиштата да се...
Facebook со нови правила за фотографии и статуси
Post Views: 65 Корисниците на Facebook често се незадоволни со правилата на оваа социјална мрежа спрема која мораат да користат вистински имиња и презимиња а не, на пример, некои уметнички прекари по кои се познати, а посебно се незадоволни со содржините кои компанијата ги брише од Facebook. Од оваа компанија сега објавиле детални информации околу содржините кои се забранети и кои ќе бидат избришани доколку корисниците ги објавуваат, а можат да се прочитаат во правилата на самата Facebook страница. Новите правила сега вклучуваат и забрана за “опасни организации” и се објаснува...
Еврото и доларот скоро израмнети
Post Views: 40 Еврото и доларот скоро се потполно изедначени (за 1 евро се добива 1,05 долари), а курсот на европската валута е најниско ниво во последните 12 години. До тоа дојде поради купувањето на државни обврзници од страна на Централната европска банка која се обидува со овој потег да го стимулира растот на стопанството во еврозоната. Имено, мнозинството на европски компании се зависни од извозот на други пазари така што европската стока станува поевтина и поконкурентна ако е еврото послабо од доларот. Печатењето на свежи пари од страна на Европската централна банка ја...
20 години кинески хакери крадат податоци од американски компании
Post Views: 37 Кинеската влада го хакирала компјутерскиот систем на секоја поголема американска компанија, тврди Mike McConnell, екс директор на Американската разузнувачка служба (NSA), кој на таа должност беше во времето на претседателот George W.Bush од 1991 до 1996 година. “Кина влезе во секоја поважна компанија во САД за да дојде до доверливи информации. Никогаш, ама навистина никогаш, не пронајдовме кинески malware”, рекол McConnell на Универзитетот во Мисури, а пренесува CNN. Тој истакнал дека кинескиот malware ги краде податоците кога на кинеските шпијуни ќе им...







