Автор: инфодеск
Post Views: 30 Бројни технолошки компании ги претставија новите модели на телефони, таблети и часовници, но впечаток е дека главните адути на Sony се во врвот на смарт производите. Моделот Xperia Z2 спрема многу експерти беше еден од најдобрите паметни телефони, а Sony сега го надогради и подобри својот најсилен смартфон кој на пазарот ќе им конкурира на iPhone и на Galaxy S5. Xperia Z3 има 5,2 инчен екран со резолуција 1920х1080 пиксели, работи на четворојадрен Snapdragon 801 процесор од 2,5 GHz, има 3 GB RAM, 16 GB простор за податоци кои можат да се надоградат со мемориска...
Гласините за iPhone 6 се покажаа вистинити
Post Views: 34 Гласините за кои читавме со месеци се покажаа дека се вистинити – Apple на презентацијата претстави два нови модели на iPhone со големи екрани и уредот кој многу се чекаше – смарт часовникот. Apple Watch ќе биде достапен во две големини и тоа на почеток на идната година а ќе чини 349 долари. Tim Cook напомена дека не сакале да направат часовник кој ќе биде намалена верзија на iPhone, па така Apple Watch ќе има интерсно копче Digital Crown за навигација и управување со апликации и со потполно нов интерфејс, а интересно е тоа дека екранот ќе препознава разлика...
Како Шкотското “ДА” на референдумот ќе влијае на Европа
Post Views: 34 Следниот четврток, на 18 септември, Шкотланѓаните со гласање ќе се изјаснат дали се за независност, а спрема последните анкети, “за” ќе гласаат повеќе од 50%. Ако Шкотланѓаните се одлучат за независност, тоа би можело да предизвика домино ефект за слични ситуации низ Европа, велат аналитичарите, а пренесува Business Insider. Во Шпанија, на пример, се загрижени дека шкотскиот пример би можел да ги охрабри сепаратистите во Каталонија кои планираат референдум по истото прашање на 9 ноември, а шпанската влада тоа го третира како неуставно. Геополитичкиот експерт Ian...
Што да направите кога од вас сакаат да позајмат пари роднини и пријатели
Post Views: 32 Позајмувањето пари на најблиските често може да биде контрапродуктивно, дури до таа мерка што луѓето прекинуваат односи и врски, пишува Credit Cards. Спрема Maggie Baker, автор на книгата “Луди по пари”, една од најголемите грешки при позајмување на пари е кога луѓето ќе кажат ДА пред да размислат. Многумина позајмуваат пари за да не испаднат себични и поради стравот да не го изгубат меѓусебниот однос. Во случај кога се позајмуваат пари многу е важно да не ја загрозите својата финансиска ситуација, а златно правило при позајмување е: “позајми мислејќи дека никогаш...
Малку познати факти за патиките “старки”
Post Views: 34 Со оглед на истражувањата кои покажале дека секоја 43-та секунда во светот се продава еден пар на “старки”, тешко дека постои лице кое барем еднаш не ги поседувало патиките од компанијата Converse, која е продадена на Nike во 2003 година. Тие се создадени за прв пат во 1917 година како кошаркарски патики, а со времето станаа заштитен знак на урбан тренд, па така денес ги носат сите од музичари до директори. Еве некои малку познати факти за “старките” кои ги пишува refinedguy.com –Продадени се повеќе од 800 милиони пара до 2013 година. Дури 60% од...
Deutsche Telekom ја шири својата дејност
Post Views: 31 Deutsche Telekom, сопственикот на T-mobile и T-home во Македонија, сака да го прошири работењето и во спортското обложување, објавил германскиот весник Suddeutsche Zeitung. Ова засега е ограничено само на Германија каде операторот потврдил дека ги направил сите припремни работи. Во идните две недели ќе се знае дали германските власти ќе ѝ одобрат концесија за обложување на компанијата Deutsche Sportwetten GmbH. Од Deutsche Telekom потврдиле, доколку тоа се случи, планираат да го превземат мнозинскиот пакет над таа компанија за обложување. Додаваат дека за овој...
Нова закана од страна на Русија
Post Views: 25 Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, рекол дека на било какви нови санкции ќе се одговори “асиметрично”, можеби и со забрана на прелети на авиони над руското небо, ако нејзините западни партнери продолжат со “искушенијата да користат сила во меѓународните односи”. Во интервју за дневниот весник Ведемости, Медведев рекол: “Ако бидат воведени санкции поврзани со енергетскиот сектор, или понатамошни рестрикции кон рускиот финансиски сектор, ќе мораме да одговориме асиметрично”. Европската унија договорила нови стопански санкции кон Русија кои би требало да стапат на...
Обама тргнува во лов на џихадистите
Post Views: 31 Американскиот претседател Барак Обама рекол дека оваа недела ќе го изнесе својот план за пресметка со милитантите на Исламската држава, која би можела да биде закана и за САД. Тој ќе одржи говор во среда на кој ќе го опише својот план, а ќе се сретне и со челниците на конгресот за да побара поддршка за неговата стратегија. “Следната фаза е да се прејде во напад, бидејќи во иднина тие можат да бидат закана за нас иако тоа сеуште не е”, рекол Обама. “Со оглед дека Исламската држава привлекла странци од Западот во нивните редови, кои несметано можат да допатуваат во...







