Автор: инфодеск
Post Views: 280 Граѓанската платформа Охрид СОС ги повика граѓаните да ја потпишат петицијата за запирање и повлекување на деталниот урбанистички план кој предвидува рушење на неколку објекти, меѓу кои и уникатната градска куќа, како и Здравствениот дом – Маларична и две вредни згради од модерната архитектура – детската градинка и старата училишна зграда на ООУ „Григор Прличев“.Предлог-планот претставува сериозна закана за културното и архитектонското наследство во самиот центар на Охрид. Со неговата реализација, а за изградбата на четирикатница долга преку 100 метри и...
Во среда Охрид Мол ќе ги отвори вратите за посетители
Post Views: 324Новиот трговски центар Охрид Мол ќе ги отвори вратите за посетителите во среда, 28-ми мај 2025 година.Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, новиот трговски центар во Охрид ветува дека ќе го редефинира концептот за пазарување. Во Охрид Мол присутни ќе бидат познати модни брендови како “NewYorker” и “Sinsay”, потоа “D Sport” кој ќе биде најголемата спортска продавница во Охрид, како и еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа, “DM drogerie...
Светата маченичка Гликерија
Post Views: 150 Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ, осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја запраша каде е нејзината лампада (зашто сите носеа лампади во рацете), Гликерија го покажа крстот на челото и рече: „Ова е мојата лампада“. На нејзината молитва гром удри во идолот и го искрши на парчиња. Намесникот се разгневи и нареди да ја бијат и да ја затворат. Ги запечати затворските врати, решен да ја...
Денес сончево и потопло со мала до умерена локална облачност
Post Views: 100 Во раните утрински часови во крајните источни региони ќе има слаб дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), информираат од УХМР.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 19 степени Целзиусови.
Недела на слепиот
Post Views: 228 Во овој ден го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот. И ова чудо го направи со помош на вода, како и она со Самарјанката и со раслабениот. А се случи вака: Додека Господ разговараше со Јудеите и Себе се правеше рамен на Отецот, велејќи: Јас постојам уште пред да се роди Авраам, тие зедоа камења за да ги фрлат по Него. Но Он, заминувајќи оттаму, најде еден слеп човек кој одеше со пипање. Така било од неговото раѓање, имајќи ги само празнините во очите. Учениците, пак, Го прашаа Спасителот: Учителу, кој...
Денес во Струга промоција на книгата „Светило на врв планина“ – првото илустрирано житие за Св. Спаса Вишенска
Post Views: 313 Денес со почеток во 17 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде промовирана илустрирана книга за деца „Светило на врв планина“ кое е првото илустрирано житие за Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите. Авторка на текстот е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите се дело на уметницата Викторија Попоска. Изданието содржи седум тематски поглавја, секое придружено со визуелни изрази кои ја оживуваат приказната за младите читатели.Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд
Post Views: 155 Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови. Во деновите потоа времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во...
Цвеќе во чест на Светите Кирил и Методиј
Post Views: 139 Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо свеќе пред монуенталниот споменик на Светите Кирил и Методиј, а по повод 24 Мај – Денот на Сесловенски просветители Кирил и Методиј.Во чест на Просветителите пред нивниот споменик се поклонија и владини и државни претставници чии централни чествувањата по повод празникот се во Охрид.Свеченостите за 24мај- Денот на Сесловенските просветители продолжуваат попладнево.
Свечено доделени наградите на најдобрите ученици од Охрид
Post Views: 169 Како дел од свечената програма за чествување на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– Поради името што го носам, 24-ти мај секогаш сум го доживувал како мој личен празник, како мој важен дaтум. Но денес, кога стојам...
Утре Охрид домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската квиз асоцијација
Post Views: 152 Македонската квиз асоцијација (МКА) го најави завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Традиционалниот настан по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид, најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Организаторите информираат дека секој учесник ќе одговара на вкупно 200...
Вечерва традиционален концерт во црквата Св. Софија во чест на Св. Кирил и Методиј
Post Views: 193 Свечена културна манифестација посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј по 11-ти пат традиционално ќе се одржи во вечерва со почеток во 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид.Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патчев“, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова. На крајот од програмата ќе настапи пијанистката Викторија Митеска-Малезан.Во рамки на вечерта ќе бидат...
Македонија ги слави светите рамноапостоли Кирил и Методиј, втемелувачи на словенската писменост и култура
Post Views: 172 Денеска во Македонија се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.Светите Кирил и Методиј родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник.Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. За двајцата браќа најважна е Моравската...