Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Views: 213 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.Минималните температури од 5, а максималните до 21 степен Целзиусов.Од УХМР најавуваат дека од денес следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок.

Продолжи со читање

Во четврток во Струга ќе се одржи традиционалната литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

Views: 353 Традиционално и оваа година, на 7 мај, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона на ќе бидат носени во торжествена литија низ струшките улици ќе го осветат градот на поезијата.Моштите на светителот од манастирот во Рајчица, според Дебарско-кичевската епархија, свечено ќе бидат пречекани во 13 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат.По отслужената вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско кичевски Георгиј, заедно со митрополит Тетовско – гостиварски Јосиф и свештенството од...

Продолжи со читање

Во сабота во Охрид ќе се одржи „Генералка викенд“

Views: 243 Од 8 до 10 мај ќе се одржи шестото издание на националната иницијатива за чистење за почиста и позелена иднина „Генералка викенд“, а и годинава во рамки на истата ќе се чисти и во Охрид.Иницијативата е плод на соработка помеѓу Сороптимист клубот МОМА Охрид, Општина Охрид, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, клубот Сороптимист Вадуц и нашиот стратешки партнер за управување со отпад, австриската компанија Саубермахер. Според програмата на 8 мај, петок, ќе биде поставена донираната урбана опрема која се состои од 6 нови контејнери за отпад, 3 дозери (држачи) за хигиенски ќеси...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид нуди бесплатно психолошко советување

Views: 273 Од Црвен крст Охрид информираат дека нивниот центар нуди бесплатно психолошко советување, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување.Заинтересираните граѓани можат да закажат термин за советување на телефонскиот број 070 729 615, а советувањето го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.Инаку, Црвен крст Охрид го организира бесплатното психолошко советување во соработка со Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.

Продолжи со читање

Ден на македонската полиција

СВР Охрид со низа настани ќе го одбележи 7 Мај – Денот на македонската полиција

Views: 269 Со повеќе пригодни манифестации, СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ ќе го одбележат 7 Мај – Денот на македонската полиција.Во рамки на активностите, утре (6 мај) од 13 до 19 часот, на градското пристаниште во Охрид ќе се одржи отворен ден, во организација на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да ги разгледаат пловните објекти, како и опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција при извршување на своите задачи.Централниот настан ќе се одржи на 7 мај, кога СВР...

Продолжи со читање

Пецаков и шведскиот амбасадор Солстром разговараа за еколошки проекти и развој на туризмот

Views: 275 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Н.Е. Ола Солстром, на која се разговараше за тековните еколошки проекти и можностите за унапредување на туристичката соработка.Како што информираат од Општина Охрид, еден од клучните сегменти на соработката е проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, кој се реализира во партнерство со „Салар Интернационал“, организација во рамки на Шведската асоцијација на локални власти и региони.Во делот на туризмот, на средбата биле разгледани...

Продолжи со читање

Показна вежба за евакуација успешно реализирана во ООУ „Св. Климент Охридски“

Views: 262 Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид денеска беше реализирана показна вежба за евакуација при елементарна непогода, во организација на Црвен крст Охрид.На вежбата беше демонстрирано високо ниво на професионалност, координираност и ефикасност од страна на тимовите на Територијалната противпожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, како и тимовите за прва помош, реалистички приказ на повреди и психолошка прва помош на Црвен крст Охрид. Активностите се реализираа во координација со Центарот за управување со кризи – Одделение Охрид и Дирекцијата за заштита...

Продолжи со читање

Крводарителска акција

Утре крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Views: 235 Како најава за одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина (8 мај) и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај) под мотото „ХУМАНОСТА ОБЕДИНУВА“, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид, утре, 06.05.2026 г. (среда) од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе организира крводарителска акција.На крводарителската акција својата хуманост дарувајќи крв можат да ја искажат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, но и секој заинтересиран наш сограѓанин, велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање