Skip to main content

Автор: инфодеск

Еве зошто е лесно да се хакираат славните личности

Post Views: 38 Од Apple  веќе одговорија дека фотографиите не се украдени со искористување на пропустот на нивниот iCloud, туку хакерите ги искористиле информациите за корисничките имиња, лозинки и сигурносни прашања, а некои новинари ги обвинија самите корисници за користење на лоши лозинки. Имено, токму тие сигурносни прашања на кои е потребно да се одговори кога корисниците ќе ја заборават лозинката се голем проблем на iCloud и на бројни други интернет сервиси, при што се најчесто загрозени славните личности. Huffington Post пишува дека одговорите на некои од тие сигурносни...

Продолжи со читање

Samsung ги претстави своите новитети

Post Views: 32 Samsung ги претстави своите четири нови уреди и тоа фаблетите GalaxyNote 4 и GalaxyNote Edge, смарт часовникот GalaxyGear S и виртуелната кацига Gear VR. Samsung GalaxyNote 4 е опремен со Super Amoled екран со големина од 5,7 инчи и резолуција од 2460х1440. Рамката на куќиштето е обложена со метал, за разлика од досегашните рамки на кои многумина имаа замерки. На задната страна се наоѓа пластичен поклопец со примерок на кожа, слични како и на досегашните модели. Внатре има моќен Qualcomm Snapdragon 805 четворојадрен процесор со 2,7 GHz и 3 GB работна меморија за...

Продолжи со читање

Сите полуделе по овој телефон

Post Views: 42 Во продажба биле пуштени 40.000 апарати кои биле распродадени за 4,2 секунди, а вкупната побарувачка за овој Redmi 1S на Xiaomi била околу 250.000 апарати. Xiaomi за кратко време премина пат од “само една од многуте кинески компании” до еден од најпопуларните производители на мобилни телефони во светот. Поради копирањето на апаратите од Apple оваа компанија е наречена кинески Apple, а нејзиниот шеф, кој новите производи ги претставува во сини фармерки и црна маичка, го нарекуваат кинески Steve Jobs. Нивните телефони наголемо се популарни во Кина а следниот чекор на...

Продолжи со читање

Стравување од можни црни сценарија

Post Views: 21 Западните разузнувачки служби издале предупредување од можни терористички напади, слични на оној од 11 септември 2001 година, откако исламските милитанти во Либија ја превзеле контролата над десетина комерцијални авиони. Извештаите на разузнувачките служби, за проблемот со превземените патнички комерцијални авиони, се предадени и на американската влада за разгледување, со акцент на можноста дека некои од тие авиони би можел да се искористи за терористички напад на или околу 11 септември, кога е годишнината од терористичките напади во Њујорк, пренесува Washington...

Продолжи со читање

Какви канцеларии ги прават работниците поефикасни

Post Views: 30 Заедничкото истражување на британските, австралиските и холандските научници, покажало дека работниците во канцелариите се посреќни и поефикасни ако во просторијата има растенија. Тие ги споредувале нивото на квалитетот на воздухот и задоволството на вработените во празни и “зелени” простории во компаниите во своите земји. Работниците кои биле во празни простории ги преместиле во простории со растенија и во следните два месеци додека траело истражувањето тие биле за 15% поефикасни. Резултатите биле објавени во списанието Experimental Psychology. “Вложувањето во...

Продолжи со читање

Ситуации во кои не треба да се користи кредитна картичка

Post Views: 24 Користењето на кредитни картички на краткорочен план го олеснува купувањето, но ако не внимавате последиците на вашите финансии можат да бидат големи. Постојат ситуации во кои секако мора да се воздржите од купување со картички а порталот about.com донесува некои од нив: –Ако немате доволно да го покриете потрошеното – Најлоша ситуација за користење на кредитната картичка е кога немате доволно пари да ја покриете. Ова е многу едноставен начин да банкротирате и да се натрупаат додатни долгови од кои тешко ќе се вратите. –Да се чувствувате подобро – Се...

Продолжи со читање

Грижа за своите вработени

Post Views: 23 Развојот на технологијата, интернет и смарт телефоните донесоа бројни добри работи, ја забрзаа и подобрија работата, но поради константната достапност многу од вработените биле контактирани и вон работното време и се барало да работат и од дома. Поради тоа луѓето се константно под стрес и не можат повеќе да се опуштат по работата и да уживаат со фамилијата бидејќи знаат дека екипата од работа може да ги контактира во секое време. Затоа во Германија размислуваат за воведување на закон кој би оневозможил контактирање на вработените вон работното време. Едно...

Продолжи со читање

“Надоаѓа голема војна!”

Post Views: 26 Украина е соочена со голема војна со Русија која ќе однесе десетици илјади животи, изјавил во понеделникот украинскиот министер за одбрана Валериј Хелетеј. “во нашата куќа дојде голема војна. Во таа војна загубите нема да се бројат во стотици туку во илјадници па дури и неколку десетици илјади мртви”, напишал министерот на својот Facebook профил. “Мораме итно да организираме одбрана против Русија, која се обидува, не само да ги завземе позициите на окупираните територии, туку ќе покрене офанзива и на други подрачја во Украина”, додал тој. НАТО ќе ја засили својата...

Продолжи со читање