Skip to main content

Автор: инфодеск

Словенија: Откажана наставата во 270 училишта и градинки

Post Views: 41 Во Словенија денес поради очекуваните временски неприлики и обилни снежни врнежи е откажана е наставата во 270 училишта и градинки. Таква одлука е донесена заради безбедност на децата иако засега не се отстваруваат прогнозите на метеоролозите за рекордни снежни врнежи. “Мислам дека правилно одлучивме, бидејќи безбедноста на децата е најважна и не би сакале при превезувањето на децата да дојде до некаква несреќа”, рекла за Словенечката телевизија министерката за образование Станка Сетникар Цанкар. Снег паѓа во јужните и југозападните делови на земјата, а спрема...

Продолжи со читање

Јорданскиот крал најави освета каква ISIS нема видено досега

Post Views: 36 Јорданскиот крал Abdullah, кој е пилот, би можел лично да учествува во воздушните напади на Исламската држава. Монархот најави напади на позициите на Исламската држава откако беше егзекутиран јорданскиот пилот Moaz al-Kassasbeh, а поедини арапски медиуми тврдат дека кралот лично ќе учествува во бомбардирањето. Најавата доаѓа неколку дена од посетата на САД, каде на одредени членови на сенатот им соопштил дека ISIS може да очекува жестока освета. “Кралот рече дека ќе направи нешто што ISIS не го видел досега. Се гледа дека е лут. Ми рече дека единствен проблем ќе...

Продолжи со читање

Направете сами течност за одмрзнување стакла

Post Views: 47 Зимските проблеми со кои среќаваат возачите секое утро се замрзнатите стакла на автомобилите. Борбата со тврдиот слој на мраз вообичаено носи мрзнење на рацете и одзема многу време за чистење и стругање на стаклата во утринското брзање, па затоа многумина би посакале спасоносна течност за топење на површините зафатени со мраз. Течноста за топење на замрзнатите површини ќе ви заштеди време и пари, а сами ќе ја направите од само три состојки: -Потребен материјал: сад со распрскувач, 1dl медицински алкохол (70%), 5 капки детергент за садови и 4dl топла вода....

Продолжи со читање

Неочекувана одлука на Европската централна банка

Post Views: 37 Европската централна банка ненеадејно вчера одлучи да не ги прифаќа грчките обврзници како осигурување за заемите, со што теретот за финансирање на грчките банки е префрлен на грчка  страна, а тоа истовремено значи изолација на Грција, освен ако новата левичарска влада не постигне договор со своите доверители. Оваа одлука значи дека грчката централна банка ќе мора да обезбеди десетици милијарди евра итни заеми во седмиците кои доаѓаат,а е предизвикана со тоа што многумина во Франкфурт сметаат дека новата грчка влада ја напушта меѓународната програма за помош за...

Продолжи со читање

Работник кој оди пешки по 33 км. до работното место никогаш не задоцнил

Post Views: 36 Американецот James Robertson (56) од Детроит, кој се најде во средиштето на вниманието на американските и светски медиуми со тоа што секој ден до работното место и назад пешачи по 33 километри, наскоро благодарение на акцијата на доброчинители, ќе може да си дозволи не еден автмобил туку цел возен парк. Импресиониран со работната етика на Robertson, кој и покрај секојдневното одење никогаш не задоцнил на работа, студентот Evan Leedy (19) покренал интернет фондација со цел да се соберат доволно пари за да може Robertson да купи автомобил. За само неколку дена во...

Продолжи со читање

Легендата на Минесота се прости од кошарката како рекордер во НБА

Post Views: 43 НБА ѕвездата на екипата Минесота Тимберволфс, Кевин Гарнет, објави дека по 21 година проведени во најсилната лига на светот ја завршува кариерата. Гарнет (40) преку својот Твитер профил обзнани дека ја завршува кариерата иако имаше договор со Волфсите за уште една сезона во која требаше да заработи 8 милиони долари. Овој сестран играч, кој играше и за Бостон и кратко за Бруклин Нетс, во кариерата заработил преку 330 милиони долари што претставува рекорд во НБА, не сметајќи ги спонзорските договори. Гарнет својот прв натпревар го одигра далечната 1995 година, а...

Продолжи со читање

Видео: Падна авион на TransAsia Airways во Тајпеј

Post Views: 41 Патнички авион од типот ATR-72-600 се урна веднаш по полетувањето од аеродромот Songshan во Тајпеј – Тајван во 10.45 по локално време. Кинеската информативна агенција Xianhua наведува дека најмалку 15 лица загинале, а повеќето од патниците биле Кинези. Авионот се срушил среде градот, а делови паѓале по патот за да најпосле падне во река, само три минути по полетувањето. Во тек е спасувањето на патниците а пожарникарите потврдиле дека досега успеале да спасат десетина лица од кои 18 лица се повредени и дека по 31 лице се трага. Како што напредува спасувањето овие...

Продолжи со читање

Франција: во операција против џихадистите уапсени осум лица

Post Views: 41 Осум лица се осомничени за членство во џихадистичка ќелија која праќала борци во Сирија и истите се уапсени утрово во Париз и Лион, изјавил францускиот министер за внатрешни работи Bernard Cazaneuve. “Уапсените се сите во притвор а се осомничени за припадност на џихадистичка ќелија која организирала регрутирање и праќање војници во Сирија”, рекол министерот. По извори блиски на случајот, станува збор за седум мажи и една жена по потекло од Турција. “Три лица биле во Сирија и оттаму се вратиле во декември”, истакнал изворот. Министерот Cazaneuve нагласил дека до...

Продолжи со читање