Skip to main content

Автор: инфодеск

Зошто астронаутите спијат лошо во вселената

Post Views: 26 На бројните опасности на работното место во вселената, сега како нов проблем се придодаде и недостатокот на сон. Астронаутите не спијат доволно пред мисијата во вселената, објавиле научниците во студијата објавена во часописот Lancet Neurology. Истражувачкиот тим утврдил дека астронаутите спијат помалку од шест часа, ноќ пред лансирањето, а на меѓународната вселенска станица (ISS) во просек сонот им трае шест часа и пет минути. Американската вселенска агенција NASA на своите астронаути им препорачува спиење од осум часа во вселената. Оваа разлика покажува дека...

Продолжи со читање

Повторно инциденти на протестите во Фергусон

Post Views: 24 Полицијата соопштила дека уапсила 47 лица за време на протестите во градот Фергусон, САД, кој го тресе насилие поради неодамнешното убиство на црниот тинејџер Мајкл Браун. Портпаролот на полицијата Рон Џексон рекол дека демонстрантите ноќеска фрлале шишиња полни со вода и урина на полицијата, поради што тие интервенирале. Тој рекол дека инцидентот се случил на самиот крај на ноќешните протести, кои пред тоа биле мирни, пренесува агенцијата AFP. Џонсон додал и дека полицијата запленила и три парчиња оружје и дека за разлика од протестите одржани во понеделникот...

Продолжи со читање

Зошто Американците му вртат грб на сокот од портокал

Post Views: 20 Американците за 4 недели, заклучно со 2 август, купиле 34,96 милион галони сок, што е за 9,2% помалку од истиот период минатата година, покажале податоците на аналитичката агенција Nilsen. Малопродажбата на сокот од портокал го достигна својот максимум од 48,63 галони во јануари, бидејќи поради ладната зима Американците купуваа многу од овој пијалок кој е богат со С витамин. Меѓутоа, од тој момент продажбата е во непрекинато паѓање, наведува Nilsen. Таа количина е најниска од кога се води евиденција и се собираат податоци, од јануари 2002 година. Спрема мислењето...

Продолжи со читање

Работа со годишен бруто приход и до 60.000 евра

Post Views: 18 Професијата келнер е добро платена работа во Австрија, имајќи во предвид дека може да се отствари годишен бруто приход и во висина од 60.000 евра, покажала анализата на една консалтинг фирма за персонал. Келнерите во гастрономските објекти како хотелите, рестораните, баровите и кафулињата се задолжени за услуги и совет, и на клиентите по прашањето на избор на јадење, пијалок а примаат и нарачки и наплатуваат. За оваа професија се потребни лица кои завршиле занает или стручно гастрономско училиште Месечните примања на еден келнер се регулирани со колективен договор...

Продолжи со читање

Шпијунирање и по пат на YouTube

Post Views: 24 Гледањето на само еден видео запис на YouTube можело на владите и шпијуните да им го отвори прозорецот во вашиот живот. Веќе повеќе од една година медиумите пренесуваат информации за начините на кои американската влада и NSA можеле да следат и да прислушкуваат милиони корисници на интернет. Податоците за следење и методите на прислушкување на NSA ги шокираше многу корисници на интернетот и уште еднаш се покажа дека потполна сигурност не постои. Кон крајот на минатата недела на Engadget објавија податоци за начинот на шпијунирање преку YouTube. Имено, тие можеле да...

Продолжи со читање

Од нив стравуваат џихадистите

Post Views: 21 Ирачките Курди, со поддршка на американските воени сили од воздух, успеаа да ја завземат браната Мосул во понеделникотм и така го зададоа најголемиот удар на милитантите од ISIL. “Ако ја контролирате браната Мосул, го држите в рака поголемиот дел на Ирак, можете да ги уценувате со поплави, струја или вода”, рекол Daniel Pipes за CNN а пренесува Business Insider. Браната Мосул ја нарекол најопасна брана на светот. Во борбите против џихадистите, запад ги помага Курдите, односно Курдската работничка партија, која Американците ја квалификуваат како терористичка...

Продолжи со читање

Се заканува ерупција на вулкан во Европа

Post Views: 23 Постои голема можност дека вулканот Bardarbunga на Исланд да еруптира. Имено, исландската влада во понеделникот го променила статусот на вулканот, кој се наоѓа под најголемиот европски ледник, во “портокалово”, што значи дека е зголемен ризикот од ерупција и облак на пепел. Станува збор за втор степен на ризик на скалата до пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност ќе резултира со експлозивна ерупција, што би довело до емисија на пепел. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека Bardabunga лежи 700 метри под мразот и за...

Продолжи со читање

Дали би издржале 99 дена без Facebook

Post Views: 28 Интернет експериментот – кампања е покрената под името “99 дена слобода” и има за цел на луѓето да им помогне во “ослободување” од Facebook и да истражи како тоа ќе влијае на нив. Кампањата се наоѓа на линкот 99daysoffreedom.com и ќе ви помогне да се убедите себеси и другите дека сте во состојба да го напуштите Facebook на попвеќе од три месеци. Овој експеримент е покренат откако Facebook спроведе тајни психолошко-емотивни тестови на околу 700.000 свои корисници, поради кои социјалната мрежа би можела да е строго казнета во некои делови на светот. На интернет...

Продолжи со читање