Skip to main content

Автор: инфодеск

Промовирана песната „Тастатурски јунаци“ oд охридско – струшкиот Метео бенд

Post Views: 114 Во слаткарата „Кај МАМА“ на „Мама Љубинка“ помеѓу Градскиот пазар и КАМ маркетот, денеска точно напладне беше промовирана песната „Тастатурски јунаци!“ на охридско-струшката Метео Екипа.– Кога немаш што да правиш, сакаш да ти помине времето поинтересно. Славчо си има проблеми со коментари со „тастатурскиве јунаци“, а Љупчо Лепи Јане, Нане и Џамто знаеме да правиме малку мајтап. Тоа „тастатурски јунаци“ ми се виде интерсно, па им реков на колегите од Супер радио да направиме една песна. Се направи песната, диџеј Реџи дојде снимаше, екипата на Супер...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Конгенитален (вроден) синдром на Хорнер

Post Views: 75 КОНГЕНИТАЛЕН СИНДРОМ НА ХОРНЕР/CONGENITAL HORNER’S SYNDROMEMKБ-10 G90.2ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1,42/6 250 население.ВОВЕДКонгениталниот (вроден) синдром на Хорнер (окулосимпатична парализа) е ретко невролошко нарушување кое се карактеризира со релативна пупиларна миоза (констрикција на зеницата) и блефароптоза („овенување“ на горниот очен капак), забележливи при раѓање и предизвикани од прекин на окулосимпатичката инервација во која било точка покрај нервната патека од хипоталамусот до орбитата. Често можат да бидат присутни и дополнителни...

Продолжи со читање

Д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан” – Охрид доби престижна европска стипендија за професионална надградба

Post Views: 177 По впечатливиот настап во 2025 година, кога со предавањата „All Things Vascular” и „Imaging to the Rescue” ги претстави најсовремените пристапи во третман на комплексни васкуларни и периферни артериски лезии и предизвика значаен интерес кај меѓународната стручна јавност, д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан” – Охрид на 19 февруари 2026 година во Минхен ја доби престижната европска стипендија за едукација и професионална надградба.Стипендијата се доделува преку EAPCI (European...

Продолжи со читање

Во Белград се одржа традиционалната „Охридска вечер“

Post Views: 79 Помоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставниците на туристичкиот сектор од целиот регион, беше целта на традиционалната „Охридска вечер“ која се одржа вчеравечер во Белград, Србија.‎На свеченоста присуствуваа бројни гости од туристичките агенции, хотелскиот сектор и институции поврзани со туризмот од Србија и неколку Балкански држави.‎Во рамки на програмата, на градоначалникот Кирил Пецаков му беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството,...

Продолжи со читање

Преподобен Партениј, епископ Лампсакиски

Post Views: 67 Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Post Views: 71 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.

Продолжи со читање

Охрид дел од Саемот за туризам во Белград

Post Views: 84 Општина Охрид од денес до 22 февруари ја презентира својата богата туристичка понуда на 47-от Меѓународен саем за туризам во Белград, заедно со Министерството за култура и туризам, претставници на ХОТАМ и други туристички чинители.‎На саемот се промовираат природните убавини, културното наследство, гастрономијата и целокупната туристичка понуда на Охрид, со цел привлекување нови туристи и зајакнување на соработката со туристички партнери од регионот.‎Делегацијата на Општина Охрид е предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, кој оствари средби со...

Продолжи со читање

Стружанецот Христо Дејкоски ќе настапува во светскиот младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во САД

Post Views: 115 Од Државното музичко училиште во Струга информираат дека нивниот ученик Христо Дејкоски ќе настапува како член на еден од најреномираните светски младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во Интерлокен, Мичиген, Соединетите Американски Држави.–По исклучително строгата селекција на светско ниво, Христо е награден и со стипендија како признание за неговиот талент, труд и уметничка зрелост. Ова достигнување е и заслуга на неговиот професор Тони Арслан, чија посветена и професионална работа дава резултати што одекнуваат и на...

Продолжи со читање

Менди Ќура: Ископувањата се главната причина за загадувањето на водата во Шум

Post Views: 107 Градоначалникот Менди Ќура на денешната вонредна седница на совет се обрати во врска со состојбата со водата за пиење. Неговото обраќање го пренесуваме во целост.Почитувани,Денеска сум тука за да поднесам извештај за преземените активности во врска со актуелната состојба со водата за пиење во селото Шум и тешката состојба што е создадена, според експертите, како резултат на два главни фактори:Факторот природаЧовечкиот факторПриродните фактори, особено земјотресите, можат да предизвикаат проблеми, како што сме имале и претходно и се...

Продолжи со читање

Денес прекин во водоснабдувањето на улицата ,,Кленоец” до 15 часот

Post Views: 77 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа , денес од 11:30 до 15:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Кленоец “.

Продолжи со читање

АХВ со апел: Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

Post Views: 94 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита...

Продолжи со читање

Во сабота проекција на филмот „Прличев, Сердарот и јас“ на Милчо Јованоски во Култ Културен Центар

Post Views: 113 Во сабота, 21 февруари, со почеток во 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ во авторство на Милчо Јованоски, а во продукција на НУ Библиотека Григор Прличев.Филмот претставува интервју со проф. д-р Георги Сталев Поповски, автор на првиот стихуван превод на „Сердарот“ на македонски јазик, кој говори за настанувањето на делото и за творештвото на Прличев. Снимател на филмот е Емил Јовановиќ, а монтажата на Сандра Јовановиќ и Love & Life Studio.Во рамки на вечерта ќе биде поставена изложба на детски ликовни...

Продолжи со читање