Skip to main content

Автор: инфодеск

Осум медали за охридскиот „Хваранг Фист“ на третото коло од Македонската теквондо лига

Views: 216 Два златни, еден сребрен и пет бронзени медали освоија натпреварувачите на охридскиот теквондо клуб „Хваранг Фист“ на третото коло од Македонската теквондо лига во олимписко теквондо, кое викендов се одржа во Скопје.Клубот настапи со 11 натпреварувачи: Ненад Целески, Јана Спироска, Ристе Гелески, Максим Ристески, Димитар Грујоски, Љубица Митреска, Радмила Огненоска, Ева Милошеска, Анастасија Спироска, Миа Тасевска и Доротеа Најдеска.Од „Хваранг Фист“ велат дека турнирот поминал во одлична организација на Македонската теквондо федерација и Теквондо клубот „Корио“, со...

Продолжи со читање

Денеска во 17 часот извлекување на наградите од акцијата „За посреќно детство“ на Црвен крст Охрид

Views: 127 Црвен крст Охрид денеска (19 октомври) со почеток во 17 часот ќе го организира извлекувањето на главните награди од хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.Во извлекувањето ќе учествуваат броевите на сите талончиња купени за време на акцијата, а граѓаните ќе имаат можност да го следат настанот во живо преку официјалниот YouTube-пренос.Извлекувањето може да го следите во живо на следниот линк: https://www.youtube.com/live/8TvUe_ucW3oОд Црвен крст Охрид ги повикуваат сите учесници да ги подготват своите талончиња и внимателно да го следат...

Продолжи со читање

Над 50 хектари опожарени во Дебрца, пожарот се заканувал на посеви и фотонапонска централа

Views: 132 Над 50 хектари полско земјиште со висока сува вегетација изгореа вчера на потегот од селото Белчишта кон Лешани и Злести во општина Дебрца. Пожарот се заканувал да предизвика поголема материјална штета, но благодарение на навремената и координирана интервенција на противпожарните екипи, беа спасени приватни посеви со пченка и фотонапонска централа.Во гаснењето на пожарот учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид со три противпожарни возила, како и членовите на „Ентузијаст Дебрца“. Со часови се бореле со огнената стихија, а нивната интервенција...

Продолжи со читање

Проф. Климе Попоски од ФТУ говорник на Меѓународна конференција за осигурувањето во услови на стареење на населението

Views: 116 Од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид информираат дека проф. д-р Климе Попоски учествуваше како поканет говорник на меѓународната конференција „Navigating Longevity Risk: The Role of Insurance in an Ageing Society“ и на Регионалниот семинар на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори – IAIS за регионот на Централна и Источна Европа и Кавказ.Од таму додаваат дека настаните се одржаа на 15 и 16 октомври 2026 година во Народната банка на Словачка во Братислава, со учество на претставници на меѓународни организации, осигурителни супервизори, креатори на...

Продолжи со читање

Апостол Тома

Денес го славиме Светиот апостол Тома

Views: 132 Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажали што мора да оди во толку...

Продолжи со читање

Денес сончево со температури до 18 степени Целзиусови

Views: 91 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Во Охрид денес минималните температури од 5, а максималните до 18 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Продолжи со читање

Пациентите од југозападна Македонија ќе примаат терапија за мултиплекс склероза во „Св. Еразмо“ – Охрид

Views: 170 Потпишани протоколи за дисперзирање на терапијата за мултиплекс склероза, со што се овозможува пациентите да ја добиваат терапијата поблиску до местото на живеење, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.Протоколите се потпишани со Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје и Клиничката болница во Штип.Досега сите 835 пациенти кои примаат имуномодулаторна терапија биле упатувани на Клиниката за неврологија во Скопје. Од нив, 491 пациент живее надвор од скопскиот регион, што значело...

Продолжи со читање

Запленет и уништен еден тон пилешки желудници во месарници во Струга и Охрид

Views: 207 Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени при вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за производ чиј увоз и употреба во производството на храна за луѓе се забранети уште во јули 2024 година.Инспекторите заплениле и уништиле и 55 килограми месни подготовки во кои биле употребени пилешки желудници.Против две месарници кои не ја почитувале забраната се преземени соодветни прекршочни мерки.Од АХВ информираат дека вонредните контроли се дел од засилените активности за...

Продолжи со читање