Skip to main content

Автор: инфодеск

Прекин вода

Утрово прекин во водоснабдувањето во стариот дел од градот

Views: 260 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:00 до 11:00 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Коста Абраш“ , „Цар Самоил“ , „Петар Чаулев“ „Климент Охридски“ , „11ти Октомври“ и дел од „Илинденска“.

Продолжи со читање

Преподобен Теодор Сикеот

Views: 237 Место на неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на старецот Стефан, којшто живееше во неговиот дом. Неговата мајка, Марија, беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но, во сон ѝ се јави свети Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на земниот туку на небесниот Цар. Свети Георгиј многупати му се јавуваше и на самиот Теодор или за да го поучи или за да го спаси од некоја опасност во којашто би западнал од злобните...

Продолжи со читање

Сончево и топло

Views: 228 Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Минималните температури денес во Охрид од 7, а максималните до 21 степен Целзиусов.Од УХМР најавуваат дека од утре попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во петок. Од четврток локално ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До петок ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а од сабота ветерот ќе го смени правецот во северен.

Продолжи со читање

Од полноќ дизелот поскапува за 2,5 денари, бензинот за 2 денари

Views: 365 Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто во однос на претходната одлука од 27 април.Согласно новата одлука, од 5 мај 2026 година од 00:01 часот ќе важат следните максимални цени на горивата:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85 денари за литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 87 денари за литарЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 денари за литарЕкстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 98,50 денари за литарМазут М-1 НС – 49,720 денари за килограмСпоред РКЕ, малопродажните цени на бензините...

Продолжи со читање

Лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Views: 351 Забележана е зачестена појава во изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk . Од Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста да биде внимателна за оваа измама.-Измамата ја вршат на тој начин...

Продолжи со читање

Повеќе пријави за физички напади во Охрид, меѓу повредените и малолетници

Views: 294 На 03.05.2026 во периодот од 15:15 до 16:00 часот во СВР Охрид бил извршен службен разговор со две лица на возраст од 47 и 65 години од охридско, постапувајќи по пријава од 30-годишна жена дека физички ја нападнале нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Истиот ден во 18:30 часот, 35-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 16:00 часот во игротека во трговски центар во Охрид, неговото малолетно дете било физички нападнато од друго дете, при што се здобило со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во 20:15 часот,...

Продолжи со читање

„Одговорно слави го успехот“ превентивна кампања на МВР за матурантите

Views: 270 Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи од општа надлежност, заедно со Отсеците за превенција, Одделенијата за полиција и Одделенијата за криминалистичка полиција при сите СВР, спроведува превентивна кампања наменета за матурантите од сите средни училишта во државата, под мотото „Одговорно слави го успехот“.Кампањата се реализира преку работилници, трибини и тркалезни маси, на кои со младите се отвораат теми од значење за нивната безбедност, личен развој и правилно носење одлуки. Меѓу темите што се обработуваат се спречување на семејно насилство,...

Продолжи со читање

 „Безбеден град” се воведува во туристичките центри Охрид и Струга

Views: 316 Се поставуваат  40-те камери во рамки на системот „Безбеден град” во двата туристички центри Охрид и Струга.   Видео надзор  има на  најфреквентните раскрсници и делници, не влезовите на градовите  и во централното градско подрачје.Поставени се на  целиот патен правец кон Свети Наум и плажите, патот кон аеродромот, автопатот Охрид- Кичево,  како и граничниот премин Ќафасан.„Сејф сити”  се очекува  да   ја зголеми безбедноста во сообраќајот.„Сите...

Продолжи со читање