Skip to main content

Автор: инфодеск

Во недела во Струга ќе биде промовирана книгата „Светило на врв планина“

Post Views: 251 Во Струга ќе биде промовирана илустрирана книга за деца  Светило на врв планина – првото илустрирано житие Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите. Авторка на текстот е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите се  дело на уметницата Викторија Попоска. Изданието содржи седум тематски поглавја, секое придружено со визуелни изрази  кои ја оживуваат приказната за младите читатели.Според уредникот на изданието, протереј отец Александар Димоски, идејата за создавање на ова дело произлегла токму од желбата житието на Света Спаса Вишенска да биде...

Продолжи со читање

Утре акција за заловување кучиња скитници во Вевчани

Post Views: 250 Во текот на утрешниот ден, 23ти мај, петок, предвидена е акција за заловување кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на териоторијата на општина Вевчани, заради понатамошен стручен третман, информира градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.Градоначалникот апелира до сопствениците соодветно да ги згрижат своите миленичиња, бидејќи при реализирање на минатата акција, биле заловени и домашни кучиња, кои во моментот на спроведување на акцијата биле затекнати на улиците.

Продолжи со читање

Струшко возило излетало од коловозот кај „Инекс“

Post Views: 173 На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 32 годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денес повторно без вода корисниците од „1ва Македонска Ударна Бригада” и дел од „Марко Цепенков”

Post Views: 267 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата “1ва Македонска Ударна Бригада” и на дел од улицата “Марко Цепенков”.

Продолжи со читање

Свикана 57. седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 165 Свикана е 57. седница на Советот на Општина Охрид на ден 28.05.2025 година (среда) со почеток во 09:00 часот која ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 56-та седницаПредлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид ги објави термините за обука по прва помош за пловни објекти

Post Views: 159 Црвен крст Охрид ги објави термините за обука по прва помош за пловни објекти, која ќе се одржува во нивните простории.Обуката по прва помош е задолжителен дел од процесот за добивање дозвола за управување со пловни објекти, согласно важечките законски регулативи.– Место на одржување: Простории на Црвен крст Охрид на улица Димитар Влахов бр.52– За повеќе информации и пријавување, контактирајте нѐ на:Тел: 046 261 909; 070 315 309Е-пошта: ohrid@redcross.org.mk

Продолжи со читање

Силен земјотрес ги погоди грчките острови Крит и Санторини

Post Views: 298 Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини во 6:19 часот наутро по локално време. Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион. Од крајот на јануари, околу Санторини и соседните острови се регистрирани илјадници земјотреси. До сега нема информации за повредени или материјална штета, но европските власти издадоа предупредување за можно цунами за делови од Грција, Турција, Италија, Франција и Португалија.

Продолжи со читање

Пренос на моштите на свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Post Views: 202 Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мира Ликиска во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради нападите на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се излеваше од нив. На овој ден уште се...

Продолжи со читање

Денес и утре нестабилно време со локален дожд и грмежи

Post Views: 131 Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.Денес и утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 9 до 23 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Охрид за прв пат го одбележа Светскиот ден за разновидност на културите

Post Views: 213Со музика, песна и ора на три јазици, македонски албански и турски  во Охрид за првпат се одбележа Светскиот ден за разновидност на културите, за дијалог и развој.Во рамките на проектот „Разликите зближуваат“ учениците од „ОУ Братсво и Единство“ порачаа дека јазикот и традицијата не смеат да бидат препрека за другарување. Различните верувања, обичаи, празници треба да ги зближуваат. Тие се предност, богатство и привилегија.Од општината најавија дека негувањето на мултикултурализмот и промоцијата на различностите ќе прераснат  во...

Продолжи со читање

In Memoriam: Почина Силвија Мојсовска, поранешна директорка и наставник по македонски јазик и книжевност во OОУ „Григор Прличев“

Post Views: 392 Почина Силвија Мојсовска, поранешна директорка во ООУ „Григор Прличев“, која повеќе од 20 години од својот работен век ги помина како наставник по македонски јазик во училиштето „Григор Прличев“.–Силвија својата амбиција и желба за работа ги преточуваше во многу дела кои често ги китеа нашите претстави и програми, дела кои остануваат да сведочат за нејзината оргиналност. Наставниците сведочат за нејзината љубезност, срдечност и трпеливост секогаш да ислуша, но и за нејзината духовитост која беше мотив и ветер во грб на сите. Нашата Силва вечно ќе ја...

Продолжи со читање

Лишен од слобода возач од струшко затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Post Views: 231 На 21.05.2025 во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишија од слобода М.Е.(35) од с.Радолишта, струшко.-При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот...

Продолжи со читање