Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид подготвен за 11-тиот Конгрес за ретки болести: Над 300 учесници и врвни светски експерти на едно место

Views: 358 Македонското здружение за ретки болести со голем гордост го најавува претстојниот „11th Congress on Rare Diseases in Southeastern Europe“, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај 2026 година во Хотел „Гранит“, Охрид.Под мотото „Кон персонализирана медицина“ (Towards Personalized Medicine), овој конгрес претставува еден од најзначајните научни собири во регионот. Организациониот одбор со особено задоволство известува дека до овој момент се пријавени над 300 учесници, што го потврдува огромниот интерес и релевантноста на темите кои ќе бидат опфатени.Она што го прави овој...

Продолжи со читање

Аеродром Охрид

„Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на новата линија меѓу Виена и Охрид

Views: 267 „Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на планираната нова линија меѓу Виена и Охрид. Таа требаше да профункционира на 17 мај, но датумот сега е поместен на 21 јуни, објави порталот СДК.МК.Во октомври беше најавено дека, за почеток, австриската компанија, која е дел од групацијата „Луфтханза“, ќе лета еднаш неделно, а во јули и август ќе ја одржува линијата двапати неделно со авион од типот „ербас А320“. Линијата ќе биде отворена до 18 октомври.„Аустријан“ ќе ја пополни празнината што се отвори откако „Визер“ ја укина линијата Виена-Охрид во март оваа година.

Продолжи со читање

Денеска се одбележуваат 123 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев

Views: 286 Денес се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист,...

Продолжи со читање

Утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи показна вежба за евакуација и спасување

Views: 269 Црвен крст Охрид во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи продолжува со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните установи.-Времето во кое живееме, меѓу другото, налага голема сериозност и посветеност на активности за подигање на свесноста и подготвеноста за делување во случај на несреќи, елементарни непогоди и кататастрофи, како на институциите, така и на...

Продолжи со читање

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него

Views: 274 Овој светител беше епископ во Камбанија Италијанска. Во времето на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сè трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон, Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и...

Продолжи со читање

Сончево со мала локална облачност и температури до 17 степени Целзиусови

Views: 224 Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес во Охрид минималните температури од 0, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека од утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. До петок ќе дува умерен ветер од јужен правец, а од сабота ветерот ќе го смени правецот во северен. Кон крајот на работната седмица се очекуваат врнежи од дожд.

Продолжи со читање

Денес се слави Светата Матрона Московска

Views: 332 Родена е во 1881 година, во сиромашно селско семејство. Родена е слепа. Од раното детство покажуваше дарови на прозорливост и исцеление, ги предвидуваше несреќите и ги предупредуваше луѓето. Во седумнаесеттата година ѝ се одземаа нозете. Во 1925 година се пресели во Москва. Секојдневно Матрона примаше и по педесет луѓе кои доаѓаа при неа со душевни и телесни неволји. Никому не одби да помогне, но ги препознаваше оние кои доаѓаа со зли намери. Се упокои во Господа на 2 мај 1952 година, а погребана е на даниловските гробишта, покрај црквата, по нејзината желба „за да ги слуша...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно

Views: 250 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).Денес минималните температури од 6, а максималните до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за повремени слаби врнежи од дожд во југозападните делови. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Продолжи со читање