Skip to main content

Автор: инфодеск

Поради интервенција без вода корисниците од „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески”

Post Views: 161 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 10:30 до 11:30 часот , без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески”, информираат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Во петок акција кабаст и зелен отпад во населба Бараки

Post Views: 157Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 23.05.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки).–Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 23.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи матурската парада

Post Views: 191 Денес точно напладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ матурантите од охридските средни училишта ќе го одиграат танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките се погрижи професорката м-р. Катерина Стојаноска. Охридските матуранти истовремено ќе танцуваат со нивните врсници од шеесетина градови од Европа.Инаку, матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана. Танцот „Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век и се изведува во...

Продолжи со читање

Наум Смилевски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освои прво место на Државниот натпревар на млади истражувачи

Post Views: 172 Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ го освои првото место на државниот натпревар на млади истражувачи во категоријата aвтоматика и роботика, кој во организација на „Народна техника на Македонија“ се одржа саботата во ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.– На 62. Државен натпревар на млади истражувачи од Република Македонија, ученикот од I-4 одделение Наум Смилевски, во категоријата aвтоматика и роботика го освои првото место. Самостојно изработи производен процес со подвижна основа и CNC машина за пишување и механизам за машинско...

Продолжи со читање

Чудото на светиот апoстол и евангелист Јован

Post Views: 141 Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од неговиот гроб од која се исцелуваа болни од разни болести.

Продолжи со читање

Следните денови променливо облачно и топло време со сончеви периоди

Post Views: 141 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на...

Продолжи со читање

Одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на Методи Патче

Post Views: 129 Со свечена академија и пригодна културна програма денеска во Охрид беше одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на охридскиот револуционер Методи Патче.На настанот кој се одржа во спомен куќата на „Христо Узунов“ пред присутните гости се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Овој меморијален центар е чувар на охридската револуционерна историја и во континуитет не потсетува на сите херои што го поклониле својот живот за слободата на Охрид и Македонија. Денеска, овде, сите заедно ќе имаме можност да ја слушнеме...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа 8. Меѓународна конференција на проценувачи

Post Views: 176Инфлацијата, војните, немирите и вештачката интелегенција се клучните предизвици со кои се соочуваат проценувачите во земјава.   Несигурноста на глобално ниво е уште еден голем предизвик кој влијае во светски рамки, а тоа воедно влијае и на нереалниот раст на цените на недвижностите. За да се добие што пореална вредност мора да се следат стандардите, и меѓународните и европските, но и да се преземаат искуства од поразвиените земји, порачаа експертите на денешната Конференција на проценувачи во...

Продолжи со читање

Жито маркети го отвора својот 80-ти маркет – овој пат во Охрид!

Post Views: 355 Со голема чест и задоволство Жито маркети Ви најавува уште едно значајно проширување на нивното семејство – Жито маркети го отвора својот 80-ти маркет во Македонија, и тоа во прекрасниот град Охрид! Свеченото отворање е на 28-ми мај (среда) во 14:30 часот.Новата продавница во Охрид е дел од Охрид Mall, дизајнирана според највисоки стандарди, со модерен изглед, пријатна атмосфера и широк асортиман на производи – од секојдневни намирници, свежо овошје и зеленчук, до домашни и увозни деликатеси.-Ова јубилејно отворање не претставува само нова локација, туку...

Продолжи со читање

Охридски комуналец: Секојдневно се соочуваме со мини-депонии на секој чекор, во секој дел од градот и урбана заедница

Post Views: 122 Од ЈП Охридски комуналец реагираат и дека покрај нивните заложби за чист и уреден Охрид, продолжува деградирачкиот однос на поединци.-И покрај објавениот Календар на акции за кабаст и зелен отпад за 2025 год., секојдневно се соочуваме со мини-депонии на секој чекор, во секој дел од градот и урбана заедница, стои во нивното соопштение.Од таму додаваат дека во вонредна акција, од нови мапирани диви депонии во населби Даљан, УЛ.АСНОМ и ул. Галичица подигнати се 32 м3 кабаст и зелен отпад.

Продолжи со читање

Поради дефект без вода “1ва Македонска Ударна Бригада” и дел од “Марко Цепенков”

Post Views: 143 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата “1ва Македонска Ударна Бригада” и на дел од улицата “Марко Цепенков”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

39 земјоделци и граѓани од Општина Дебрца во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”

Post Views: 182 Викендов, 39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството.Од Општина Дебрца информираат дека општината ги покри трошоците за автобускиот превоз, а останатите трошоци беа на товар на учесниците,а кое нешто е во согласност со мерката дефинирана со Годишната програма за локален економски развој на општина Дебрца, учество на саеми,...

Продолжи со читање