Автор: инфодеск
Views: 681 Охридско Езеро е прогласено за најубаво место во Европа според изборот на туристичките новинари на Time Out, кои во својата најнова листа ги издвојуваат највпечатливите дестинации на континентот.Во текстот, авторите го опишуваат езерото како „поевтина алтернатива“ на прочуеното Езеро Комо, познато по луксузните вили и големиот број туристи кои секоја година ја посетуваат италијанската област Ломбардија. Сепак, тие нагласуваат дека Европа крие бројни други езерски пејзажи кои нудат подеднакво импресивна убавина, но со значително помал метеж.Охридско Езеро е опишано како...
Започна изградбата на катната гаража, инвестиција од над 2 милиони евра
Views: 338 По повеќе години застој, ќе продолжи изградбата на локалитетот Плаошник. Ова денес го најави премиерот Мицковски. Годинава се издвоени скромни средства, но идната година ќе бидат обезбедени повеќе пари за рестартирање на активностите на Светиклиментовиот универзитет , со цел завршување на планираните содржини на еден од најважните културно-историски локалитети во земјава.– Следен проект на кој треба да му се посвети внимание во Охрид е Плаошник, конечно да го завршиме тој проект. Почнат одамна за жал не бил во приоритетите на многу влади претходно. Оваа...
Полицијата трага по 16-годишна девојка од охридско село, која синоќа се оддалечила од домот
Views: 396 На 1 мај 2026 година, во 02:30 часот, во СВР Охрид било пријавено исчезнување на 16-годишна девојка од едно охридско село. Според пријавата од таткото на девојката, таа на 30 април се оддалечила од семејниот дом.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на девојката.
Охрид се навраќа во златната ера: Вечерва „MTV Greatest Hits“ концерт на Оркестар DIVA во НУЦК „Григор Прличев“
Views: 368 Еден од најбараните проекти на Оркестар DIVA конечно доаѓа и во Охрид. Концертот „MTV Greatest Hits“ носи уште поинакво, подлабоко значење особено сега, кога MTV повеќе не постои во онаа форма во која сите го паметиме, како симбол на една генерација, еден звук и едно време, велат од Оркестарот DIVA.– Концертот ќе биде враќање во една златна ера, во време кога музиката имаше поинаква тежина, кога песните не беа само хитови, туку дел од нашето растење, од нашите спомени, од нашите први љубови, другарувања, излегувања и соништа. Заедно ќе се потсетиме на песните што...
Денес се одбележува Први Мај, Меѓународниот ден на трудот
Views: 251 Денот на трудот е меѓународен празник кој се одбележува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.Се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на штрајкот на околу 40.000 работници била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден. Полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени.Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората...
Преподобен Јован, ученик на Григориј Декаполит
Views: 229 Ученик на светиот Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес, царот Лав Ерменин го подложи свети Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со свети Јосиф Песнописец. Кога Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта, Јосиф го погреба Јована близу до гробот на неговиот учител Григориј.
УХМР: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
Views: 295 Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.Денес минималните температури во Охрид од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.До недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.
Пукната цевка пред Пештани, прекин на водоснабдувањето
Views: 347 Од ЈП Водовод информираат дека настанат е уште еден голем дефект, пукната е цевка со профил ф 300 мм пред село Пештани.Вечерва од 18:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има селото Пештани и новите згради пред селото.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.









