Skip to main content

Автор: инфодеск

Пет интересни факти за компанијата Huawei

Post Views: 39 Кинескиот Huawei во третиот квартал оваа  година испорачал повеќе од 32 милиони уреди од кои 16,8 милиони смарт телефони, што е за 26% повеќе отколку истиот период лани, соопштено е од компанијата. Од соопштението на компанијата издвојуваме неколку интересни факти за оваа кинеска компанија: -Huawei е спонзор на неколку спортски организации, а неодамна го продолжија партнерството со шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид а започнаа соработка и со турскиот Галата Сарај. -Во октомври оваа година Interbrand го стави Huawei, односно неговата бизнис единица за...

Продолжи со читање

Поинаков начин на употреба на аспиринот

Post Views: 47 Нема потреба да се објаснува за што сѐ се користи аспиринот во медицината и здравјето на луѓето, но овој лек сепак може да се употреби и за други корисни работи. Ова се четири поинакви начини на употреба каде аспиринот има успешно дејство. –Го намалува појавувањето на првут – Поради салицилната киселина која се наоѓа во аспиринот, а која е состојка на многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борбата против оваа досадна појава во косата. Здробете два или три аспирини и измешајте ги со вообичаената количина на шампон која ја користите при секое...

Продолжи со читање

“100.000 против данок за интернет”

Post Views: 38 Илјадници Унгарци протестираа во неделата поради најавениот данок на промет на интернетот кој, како што стравуваат, нема само да го подигне вкупното оданочување, туку ќе ги ограничи правата и слободите. Владата на Виктор Орбан кои многумина ја обвинуваат за недемократски мерки, во вторникот го претстави новиот план на оданочување. Нацрт планот за оданочување предвидува давателите на услуги на интернет да плаќаат данок од 0,5 евра за 1 GB промет. Собирањето на луѓето во неделата се организирало на Facebook каде групата брои повеќе од 210.000 фанови. Протестантите, а...

Продолжи со читање

24 банки на работ на уништување

Post Views: 34 Стрес тестот е спроведен во 123 банки во Европската унија, за да се види дали би можеле да издржат уште една финансиска криза. BBC пишува дека тој тест не го поминале 24 банки. Банките сега имаат девет месеци да ги доведат во ред своите финансии или да ризикуваат затворање. Ревизијата се темели на финансиското здравје на банките на крајот од 2013 година. Во меѓувреме, десет од 24-те наведени банки превземале мерки за подобрување на своите биланси. Преостанатите 14 банки се наоѓаат во еврозоната,а најголемата од нив која паднала на испитот е италијанската Monte dei...

Продолжи со читање

Исламистите се уфрлуваат во туристички обиколки?

Post Views: 34 Она што се случи во Отава е аларм за узбуна и во Лондон, тврдат лабуристичките пратеници во Парламентот. Туристичките тури околу зградата на Парламентот во Лондон станале опасни, сметаат некои од пратениците. Имено, разузнувачките служби тврдат дека исламистичките екстремисти се уфрлуваат во разгледувањето на Парламентот за да добијат што повеќе информации за зградата, внатре и однадвор. Стравуваат, дека и во Лондон би можело да се случи она што се случи во Канада, пишува Daily Mail. Поради ова на посетителите на Парламентот им е забрането фотографирање во...

Продолжи со читање

Директорот на Google го обори рекордот на Felix Baumgartner

Post Views: 36 Alan Eustace, еден од главните извршни директори на Google  во потполна тајност скокнал од работ на вселената и го обори рекордот на Felix Baumgartner поставен пред две години, пишува британскиот Telegraph. 57-годишниот Eustace скокнал од 41.842 метри, а својата небеска авантура ја започнал од напуштениот аеродром во Њу Мексико. Откако му требале 2 часа да се искачи на висина од 41.000 метри, се спуштал кон Земјата со брзина од 1.287 километри на час во слободен пад кој траел 4,5 минути. За разлика од Baumgartner, Eustace сам го финансирал проектот, а се...

Продолжи со читање

Необичен потез на Skechers

Post Views: 47 Познатиот бренд за спортска опрема Skechers припрема нова маркетиншка кампања за својата линија “Relaxed Fit”, а нејзино заштитно лице ќе биде познатиот тапанар на Битлси, Ринго Стар. Кампањата ќе вклучува серија на телевизиски спотови со хумористичен тон, а ќе се прошири и на печатените и онлајн медиумите, соопштено е од Skechers. Рекламите ќе тргнат на пролет во 2015 година. “Ринго поседува шарм, харизма и инстантна глобална препознатливост која ќе ја подигне свеста за нашата популарна колекција Relaxed Fit во САД, а поготово во светот”, се вели во...

Продолжи со читање

Ikea со решение за времето проведено во седечка положба

Post Views: 39 Проблемите со времето поминато во седечка положба и тоа како влијае на здравјето, а Ikea е позната по својата иновативност и напредни решенија па така понуди интересен концепт кој барем делумно може да ги ублажи последиците. Компанијата се обиде да пронајде решение кое не го исклучува продолжението на работата, но овозможува да се “истегнете” или работата да ја продолжите во стоечка положба. Новата прилагодлива маса која е наречена Bekant-Ergonomi е идеална за сите оние кои се по цел ден во канцеларија. Имено, станува збор за маса која се прилагодува по висина, но...

Продолжи со читање