Skip to main content

Автор: инфодеск

Facebook со свој мобилен телефон?

Post Views: 39 Шпекулациите за смартфон од Facebook се повторно актуелни и најголемата социјална мрежа наводно преговара со јужнокорејскиот Samsung за можна соработка на тоа поле. Спрема пишувањата на јужнокорејските медиуми, шефот на Facebook, Mark Zuckerberg и неговата директорка за операции Sheryl Sandberg се сретнале со потпретседателот на Samsung, Lee Jay-Yong во Сеул, за да ја разгледаат оваа можност. Партнерството помеѓу Facebook и Samsung би можело да има смисол, со оглед на тоа дека двете компании посредно веќе соработуваат, пишува Business Insider. Имено, Facebook го...

Продолжи со читање

Чадор на иднината

Post Views: 43 Група на кинески инженери и дизајнери направија необичен чадор кој корисникот го штити од дожд со помош  на воздух. Експерти по аеронаутика од Нанкинг и Пекинг креирале чадор кој користи воздух наместо платно,  а неговиот врв го испушта воздушниот штит кој не само што штити од падавини туку овозможува непречен преглед на околината. Тимот на истражувачи кој за својот футуристички проект собрал 25.000 долари преку онлајн платформата kickstarter, реализирал три прототипа: мал модел, долг 30 цм и тежок 500 грама, со автономна батерија која трае 15 минути, класичен...

Продолжи со читање

На Converse му е доста од лажни “старки”

Post Views: 30 Брендот на Nike, Converse, тужи 31 компанија меѓу кои се и светската малопродажна компанија Wal-Mart и производителот на спортски обувки Sketchers. Тие тврдат дека овие компании продаваат копии на планетарно популарните обувки. Дека ова Converse го мисли сериозно покажува и тоа дека освен пред судот на американската држава NewYork, тужба поднел и до меѓународната комисија за трговија. Покрај тоа што Converse, кој е купен од Nike во 2003 година, бара материјална отштета од тужените компании, велат дека им е приоритет конечно да ги тргнат сите фалсификати од полиците...

Продолжи со читање

Нова услуга од Skypе

Post Views: 39 Новата услуга која ја нуди Skype е наменета за брзо и едноставно разменување на видео материјал, а поддржана е од преку 140 модели на паметни телефони. Qik иницијално е покренат како startup во 2007 година, кога Rama Sunkar, Bhaskar Roy и Nikolay Abkairov ја осмислиле платформата која Skype ја купи во 2011 година за 150 милиони долари. Подоцна Skype заврши под контрола на Microsoft, а сега е родена нова можност за размена на кратки, динамични и брзи видео содржини со своите пријатели кои ги имате на Skype. Qik Skype е достапен за Android, iOS и Windows мобилните...

Продолжи со читање

По Бетмен и Мојсеј оскаровецот во улога на уште една икона

Post Views: 43 Во новиот филм, кој се снима спрема книгата кој ja напиша Walter Isaacson, оскаровецот Christian Bale ќе го глуми Steve Jobs. Изворите потврдиле дека Bale е во преговори за глумење во филмот “Jobs”, издание на Sony за соосновачот на Apple. Се работи за филм снимен спрема вистински настан кој го режира Danny Boyle, а чие сценарио го напишал Aaron Sorkin. Sorkin истакнал дека филмот се одвива во три долги дела од кои секој има дејствие во бекстејџот пред лансирањето на не многу популарните производи на Apple. “Првиот е Mac, вториот е NeXt, откако го напушти Apple и...

Продолжи со читање

Новиот iMac “all in one” со фантастичен 5К “retina” екран

Post Views: 43 На вчерашното претставување на Apple дискретно се појави и новиот iMac компјутер со различни хардверски перфоманси, но со брилијантен “retina” екран. Станува збор за iMac компјутерот кој во конфигурацијата оди со 27 инчен екран кој ќе има резолуција од 5120 х 2800 пиксели, што во пракса значи неверојатни 17,7 милиони пиксели и резолуција од 5К, а тоа е зголемување од 4 пати во однос на класичниот 27 инчен iMac без retina екран. Секако, новиот iMac доаѓа со нов OS X Yosemite оперативен систем, кој Apple  го претстави вчера во комбинација со хардверските...

Продолжи со читање

Што крие црната актовка на претседателот Путин?

Post Views: 39 Со рускиот претседател, Владимир Путин, на патувањата секогаш се двајца морнарички офицери кои ја носат неговата црна актовка која привлекува внимание со својата содржина. Станува збор за “атомскиот ковчег” во кој е уред со кој Путин може да лансира ракети со атомски боеви глави, пишува Telegraf. Рускиот претседател никогаш не се дели од него, ниту кога патува во посети на други земји. Кодното име на нуклеарната актовка е “Cheget”. Таа е споена со посебен комуникациски систем со кодно име Кавказ кој поддржува комуникација помеѓу високи функционери во моменти кога...

Продолжи со читање

Фаблетот на Google е конкурент на iPhone 6 и Note 4

Post Views: 41   Последните неколку години фаблетите станаа популарни мобилни уреди – иако овие хибриди помеѓу смартфон и таблет со екран од 5,5 инчи за многумина се преголеми, за нив има голема побарувачка, а некои аналитичари сметаат дека токму фаблетите ќе ја намалат продажбата на помалите телефони. Овој тренд го почна Samsung со својот модел Galaxy Note, а поради големата нивна продажба, го натераа Apple оваа година да претстави фаблет со екран од 5,5 инчи.   И покрај проблемот со виткањето, некои информации говорат дека iPhone 6 Plus има голема продажба, а првата рецензија...

Продолжи со читање