Skip to main content

Автор: инфодеск

Со дефиле по охридските улици денес ТППЕ Охрид ќе го одбележи Денот на пожарникарите

Post Views: 139 Со дефиле низ градот со противпожарни возила и презентација на противпожарна опрема, ТППЕ Охрид денес ќе го одбележи 20.мај – Денот на пожарникарите.Дефилето ќе биде од 11:00 часот, а од 11:30 часот во дворот на единицата ќе се одржи презентација на противпожарна опрема. 

Продолжи со читање

Спомен на јавувањето на небо на Крстот Господен во Јерусалим

Post Views: 160 Во времето на царот Констанс, синот на свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро, над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици-аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак, патријархот Кирил му...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од западен и северозападен правец

Post Views: 137 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 6 до 21 степен Целзиусов.Од УХМР информираат дека од утре следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе опаднат за...

Продолжи со читање

Драстично поскапување на дизелот од вечерва

Post Views: 222  Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,00 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4,00 денари по литар.Од полноќ на станиците за полнење ќе важат следните цени:ЕУРОСУПЕР БС-95            75,50 ден/лит,ЕУРОСУПЕР БС-98            77,50 ден/лит,ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)        67,00 ден/лит.

Продолжи со читање

Доброволното противпожарно друштво Ентузијаст од Охрид доби донација возило

Post Views: 190 Ентизијаст доби донација возило. Во пресрет на летото, кога се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор, а со цел да не се повтори состојбата од лани, со големите  пожари кои беснееа во НП Галичица и на Илинска планина, во охридскиот регион силно се работи на превенција. Викендов,  доброволното противпожарно друштво Ентузијаст од Охрид, доби донација, возило од Австрија. Градоначалникот Пецаков вели, оваа сезона се поподготвени за делување од лани.– Поподготвени дефинитивно, меѓутоа за такви пожари сепак е најбитно...

Продолжи со читање

Охридските државни шампиони во ракомет на средба со градоначалникот Пецаков

Post Views: 238 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионерската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2. Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од  РК „Вардар“.Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната игра и убедливиот триумф и посочи дека  и во иднина локалната самоуправа ќе го поддржува...

Продолжи со читање

Посета и можност за идна соработка меѓу библиотеките од Охрид и Корча

Post Views: 214 Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска беа во еднодневна студиска посета на Јавната библиотека „Тими Митко“ од Корча, Албанија.Библиотеката „Тими Митко“ во Корча е основана пред 104 години и има значајна улога во зачувувањето на албанската културна и научна традиција. Во својата историја долга еден век таа функционирала на повеќе локации низ градот, но секогаш била дом на книгата и средиште и двигател на...

Продолжи со читање

Охрид SOS: Проектот за пренасочување на Сатеска во првобитното речно корито e квази-решение

Post Views: 162 Идејата за пренасочување на Сатеска во првобитносто корито, со цел почисто езеро и заштита од поплави , на харија добра, но со лоша реализација, велат од Охрид СОС. Охрид ЅОЅ поднесле жалба до УНДП за сите нерегуларности во процесот на реализација на овај проект, по што Единица за усогласеност со социјалната и животната средина на УНДП отвори истрагаи. Итрагата заклучила дека пренасочувањето на Сатеска се спроведува врз основа на оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС), толку лоша што реализацијата на проектот дури „има потенцијал за зголемување на...

Продолжи со читање

Авион на „Луфтханза“ летал 10 минити без надзор

Post Views: 281 Авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“ на релација Франкфурт-Севилја на 17 февруари 2024 година летал околу 10 минути без пилот во пилотската кабина, откако копилотот се онесвестил додека бил сам, објави германската новинска агенција ДПА. Во летот имало 199 патници и шест членови на екипажот.Авионот продолжил да лета стабилно поради тоа што автопилотот бил активен, но копилотот ненамерно ги управувал контролите, се вели во извештајот. Додадено е дека звуците што се во согласност со „ненадејната и тешка онеспособеност“ на копилотот биле снимени на...

Продолжи со читање

Промовирана книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции“

Post Views: 384 Вчера, по повод 18 мај, меѓународниот ден на музеите беше промовирана книгата ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.) од авторот Даница Размовска Бачевска.Промоцијата се одржа во спомен куќата на Христо Узунов во 12 часот, со присуство на колеги, љубители на нумизматиката, членови на семејството.Како домаќин се обрати директорот м-р Горан Патчев со осфрт на меѓународниот ден на музеите како празник на музеите и дискусија околу универзалната идеја за музеи без граници како тема на...

Продолжи со читање

Светиот праведен и многустрадален Јов

Post Views: 147 Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка – Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но, во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, сè како што е подробно опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои. Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до стопалата и лежеше Јов на ѓубриштето...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена облачност и температури до 19 степени Целзиусови

Post Views: 126 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.Од утре следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат до УХМР.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање