Skip to main content

Автор: инфодеск

Завршен матурски концерт на младиот хармоникаш Бојан Маркоски во Охрид

Views: 326  Од Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Струга ги покануваат сите заинетресирани лица да присуствуваат за завршниот матурски концерт на младиот и талентиран охридски хармоникаш Бојан Маркоски, кој ќе се одржи на 13 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19 часот.Гости на концертот ќе бидат Ѓоко Чеменкоски, Владимир Србиноски, Стефан Чеменкоски, Христо Дејкоски, Димитар Трпеноски и Андреј Наумоски.

Продолжи со читање

Шајн: Граѓаните не се банкомат, заслужуваат рационализација и подобро менаџирање

Views: 334 Претседателот на Општинската организација на СДСМ Охрид, Асен Шајн, реагира на поскапувањата на услугите на јавните претпријатија, за кои одлуки беа донесени на последната седница на градскиот Совет, оценувајќи дека товарот повторно се префрла врз граѓаните. Според него, локалната власт нуди „иновативно” решение за проблемите во општината, кое, како што наведува, веќе втор мандат се сведува на нивно решавање преку џебот на граѓаните.Тој посочува дека објаснувањето за поскапувањата,зголемени плати и повисоки режиски трошоци е делумно оправдано, но отвора клучно прашање...

Продолжи со читање

Поради оштетена цевка при градежни работи без вода неколку улици во Охрид

Views: 335 Според информациите од ЈП Водовод Охрид, при изведување ископ од страна на градежна компанија за изградба на станбен објект на улицата „Асном“, оштетена е цевка со профил ф 350 мм. Прекинот започнал од 14:00 часот и ќе ги зафати корисниците на улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, „Галичица“, дел од „Асном“, дел од булевар „Туристичка“, „Карпош Војвода“ и дел од „Лазо Трпоски“.Од ЈП Водовод Охрид информираат дека нивните екипи се веќе на терен и активно работат на санација на дефектот, со цел водоснабдувањето да биде нормализирано во најкраток можен рок.

Продолжи со читање

Хуманоста на дело: Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со концерт за поддршка на матуранти

Views: 353 Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид уште еднаш покажаа дека младите знаат и можат да бидат солидарни и двигатели на позитивни промени.На 29 април 2026 година, во спортскиот терен на училиштето, под менторство на проф. Жармена Китрозоска, се одржа хуманитарен концерт со цел да се обезбеди помош за матурантите од социјално загрозени семејства.Настанот обедини бројни ученици кои ги претставија своите таленти преку музички настапи, танц и стендап уметност, создавајќи атмосфера исполнета со емоции и позитивна енергија.И оваа година, како и...

Продолжи со читање

Полициски билтен: семејно насилство, возење без дозавола, попречување на службени лица

Views: 248 Во изминатото деноноќие на подрачјето на Охрид, полицијата евидентирала повеќе настани со приведувања поради семејно насилство, сообраќајни прекршоци и попречување на службени лица.На полноќ, околу 00:30 часот, полициски службеници привеле 36-годишен охриѓанец по пријава од неговата 65-годишна мајка. Според пријавата, претходната вечер околу 21:00 часот во семејниот дом тој се однесувал агресивно кон неа и кон својата сопруга, упатувал закани и ги избркал од домот. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.Истиот ден, во 14:20 часот, на...

Продолжи со читање

Пуштена во употреба клучката Требеништа на автопатот Охрид–Кичево

Views: 347 Од денеска во употреба се пушта клучката Требеништа, со што се заокружува уште еден значаен сегмент од автопатот Охрид–Кичево.Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, доцна синоќа извршија увид во градежните активности на терен.Како што информираше Николоски преку објава на неговиот Фејсбук профил, работите на автопатот се одвиваат со засилена динамика, при што се користат и поволните временски услови за работа во доцните вечерни часови.„Работите на...

Продолжи со читање

Волонтери на Црвен крст Охрид во посета на новиот Центар за активно стареење

Views: 286 Волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид, која е насочена кон унапредување и зголемување на грижата за повозрасните лица, ја посетија просторијата на Центарот за дневен престој со активно стареење во Охрид, кој е во завршна фаза пред отпочнување со работа.Од организацијата информираат дека, како едни од иницијаторите за отворање на ваков центар на територијата на Општина Охрид, со задоволство го следат процесот на неговата реализација.Според нив, се очекува центарот да прерасне во значајно место за социјализација, поддршка и...

Продолжи со читање

Поради дефект прекин на водоснабдувањето на дел од населбата Рача

Views: 242 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од населбата Рача (на потегот од Боевци до Хотел Парк).Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање