Skip to main content

Автор: инфодеск

Батерија која ќе го смени светот на технологијата

Post Views: 39 Станува збор за нова генерација на литиум-јонски батерии кои ќе имаат голем животен век од 20 години, што само по себе ќе ја намали и количината на отпад предизвикан од потрошени батерии. Новата генерација на оваа батерија ја направил Chen Xiaodong, професор од NTU. Неговиот изум ќе овозможи полнење на електричните автомобили и до 20 пати побрзо отколку досега. Ќе може да издржи преку 10.000 циклуси на полнење, што е 20 пати повеќе од постоечките технолошки решенија, пренесува International Business Times. За производство на оваа батерија, Chen и неговиот тим...

Продолжи со читање

Се појавија нови борци против Исламската држава

Post Views: 39 Се чини дека борците на Исламската држава сѐ повеќе се соочуваат со напади од разни герилски групи. Мали групи на Сиријци ловат џихадисти во нивните упоришта на северот од земјата за да стават крај на сѐ поголемата бруталност на оваа исламистичка група. Главна цел на герилците е да го разниша раководството на Исламската држава, вели лидерот на “Бело платно”, група која тврди дека досега убила повеќе стотини милитанти во провинцијата Деир ал Зор. Додека воздушните напади на сојузниците продолжуваат, овие герилски групи се покажаа како нов противник на Исламската...

Продолжи со читање

Директна закана кон Ватикан од Исламската држава

Post Views: 44 Исламската држава во својот пропаганден весник Dabiq објавила директна закана кон Ватикан. На насловната страница е објавена монтажа на знамето на Исламската држава на врвот на обелискот во средината на плоштадот на св.Петар. Со монтажата стои наслов – “Пропадната крстоносна војна”. Со ова Исламската држава ги споредила западната коалиција, предводена од САД, со средновековните крстоносни војни. Спрема нивното толкување сите луѓе од запад потекнуваат од Рим, колевката на христијанството и поради тоа Рим и Ватикан се симболичната мета. Во весниците се цитира и...

Продолжи со читање

Microsoft добил 200.000 повратни информации од корисниците за Windows 10

Post Views: 42 Дали на крајот Windows 10 ќе биде точно она што корисниците, но и самиот Microsoft, го сакаат и го очекуваат, тешко е да се каже, но ако се суди според иницијалната верзија за тестирање, работите се интригантни и интересни. На официјалниот блог, еден од корисниците на Microsoft, Јое Belfore, објавил податок дека само минатиот викенд на Windows Insider, кој овозможува превземање и тестирање на Windows 10, се регистрирале преку милион корисници. Дали веднаш го инсталирале не е познато, но истакнато е дека 200.000 корисници му вратиле на Microsoft за тоа како го...

Продолжи со читање

На кобниот лет 447 капетанот спиел

Post Views: 53 Капетанот на кобниот лет на Air France решил да отспие бидејќи бил преуморен од претходната ноќ во Рио каде се забавувал со својата девојка, оперска пејачка, која исто така била на кобниот лет. Двајца од тројцата пилоти на Air France спиеле додека единствениот буден сфатил што ќе се случи и извикал “Еб…, мртви сме”. Нивниот авион потоа се сруши во океанот со 228 патници и членови на екипажот. Несреќата на Airbus 330 се случи во мај 2009 година, а новите стравични детали од последните моменти на летот 447 од Рио де Жанеиро кон Париз се објавени во...

Продолжи со читање

Каде во ЕУ е најефтино да се купи стан?

Post Views: 42 Цените на недвижнините, во вториот квартал оваа година во рамките на Европската унија, најмногу опаднале, на годишно ниво, во Словенија 9,8%. Следуваат Италија со 4,8% и Романија со 3,8%, покажуваат податоците на Еуростат. Истовремено, најголем пораст на цените на недвижнините е забележан во Естонија од 14,35%, Ирска 12,5% и Велика Британија 10,2%, пренесуваат словенечките медиуми. Спрема податоците на европската статистичка агенција, цените на станбените единици во еврозоната во вториот квартал останале на исто ниво како истиот период лани, но во ЕУ пораснале за...

Продолжи со читање

Побрз WiFi за пет пати

Post Views: 33 WiFi користиме скоро секаде каде што имаме можност со компјутерот или телефонот, но иако работи солидно, Samsung тврди дека пронашол побрз начин за пренос на податоците по пат на безжичната мрежа кој е дури пет пати побрз од постоечкиот. Теоретски WiFi е брз, но благодарение на ѕидовите, прозорците, вратите и останатите препреки, таа брзина никогаш не ја достигнуваме, но Samsung тврди дека има решение за овој проблем. Имено, од компанијата истакнуваат дека развиле 60 GHz WiFi технологија која ќе ги спои теоријата и праксата, со други зборови препреките нема да...

Продолжи со читање

Еве колку барања за отстранување прифатил Google до сега

Post Views: 35 Откако во февруари оваа година е усвоен европскиот закон наречен “right to be forgotten” во кој секој од нас има право да побара неговите податоци да се отстранат од резултатите на пребарување, Google објави колку точно линкови отстранил. Точниот број е 170.706 линкови (URL), што отприлика е 42% од вкупниот број на барања кои се поднесени до Google. Од почеток беше јасно дека компанијата нема да удоволи на секое барање, што е нормална постапка, бидејќи ако се удоволува на секое барање без добра причина тогаш би се уништила целокупната структура на Google и би...

Продолжи со читање