Автор: инфодеск
Post Views: 390 Охрид конечно ставен на интернационалната голферска мапа. За прв пат во Македонија се одржа голф турнир, кој што е дел од рангирање во македонската национална голф лига.Вчера во Охрид се одржа третото коло од националната голф лига 2025 на Македонија. Домаќин и организатор е Голф Клубот Охрид.Првите две кола од лигата се одржаа во Порто Карас, Грција во организација на голф клубот ЗГРМ Вардар. Учесниците се натпреваруваа во две категории, НЕТ и ГРОСС дивизија. Во НЕТ категоријата победник беше охриѓанецот Виктор Филипчевски, второто место му...
Прогласени најуспешните жени-менаџери во Македонија, охриѓанката Елена Лотеска Наумовска од брод „Армада“ една од лауреатките
Post Views: 260 Минатата вечер во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје се одржа манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“. Агенцијата „Марили“, традиционално по 29-ти пат ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот.За лауреатки беа прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, а се препорачани од нивни колеги и соработници и доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности. Меѓу нив беше и охриѓанката Елена Лотеска Наумовска, која инаку е генерален менаџер на бродот „Армада“.Годинава, 13 менаџерки...
Денес ќе биде промовирана книгата „Охридска тврдина“ од Даница Размовска Бачевска
Post Views: 236 По повод 18 мај – Меѓународен ден на музеите, денес ќе биде промовирана книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.)“ од авторот Даница Размовска Бачевска. Издавач на книгата е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.Промоцијата ќе се одржи во 12:00 часот во Меморијалната куќа на Христо Узунов.
Недела на самарјанката
Post Views: 167 Во овој ден го празнуваме празникот на Самарјанката, бидејќи тогаш Христос јавно Себеси се објави за Помазаник, односно Месија на еврејски (од зборот меса што значи елеј), односно Христос на грчки јазик. Сограѓаните на Самарјанката, откако Спасителот поминал кај нив два дена, ѝ говореле: „Сега не веруваме поради твоите зборови, туку самите чувме и познавме дека Он е навистина Спасителот на светот, Христос.“ И кај сите е така. Најпрвин со надворешно слово биваат призвани кон Господа (или како што е сега кај нас, од раѓање се вбројуваат помеѓу христијаните), а...
Преку денот сончево, попладне со услови за слаб локален дожд
Post Views: 287 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, поизразен во западните делови.Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид од 6 до 19 степени Целзиусови.
Утре промоција на книгата „Охридска тврдина“ од Даница Размовска Бачевска
Post Views: 167 По повод 18 мај – Меѓународен ден на музеите, утре ќе биде промовирана книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.)“ од авторот Даница Размовска Бачевска. Издавач на книгата е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Промоцијата ќе се одржи утре, 18 мај во 12:00 часот во Меморијалната куќа на Христо Узунов.
Од денес времен режим на сообраќај во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Post Views: 158 Од Општина Охрид информираат дека надлежните служби од денес започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно.
Светата маченичка Пелагија Тарсиска
Post Views: 217 Родена е во градот Тарс, од родители незнабошци, но богати и прочуени. Кога слушна од христијаните за Христа, таа се разгоре со љубов кон Спасителот и во душата беше целата христијанка. Се случи самиот цар Диоклецијан да запре во Тарс и додека се задржуваше во овој град, неговиот син, принцот, се вљуби смртно во Пелагија, па сакаше да ја земе за жена. Преку својата зла мајка Пелагија одговори дека таа веќе Му се има ветено на Небесниот Женик, Господ Исус Христос. Бегајќи од скверниот принц и од нејзината злобна мајка, Пелагија го побара и го најде епископот...
Променливо облачно, до понеделник ќе имаме пониски утрински температури
Post Views: 173 Променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Температурите во Охрид денес во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови.Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
Нова вредна донација во одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид
Post Views: 207 Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека Одделението за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување доби нова, современа медицинска опрема која ќе придонесе за уште побезбедно и поефикасно спроведување на тешки интубации.Донацијата опфаќа два конвенционални ларингоскопски сета со пет шпатули по Macintosh, еден неонатолошки конвенционаленларингоскопски сет со три шпатули – Macintosh F.O, Miller F.O и ларингоскопски сет со флексибилен врв за тешка интубација – Macintosh FLAOLIGHT со три шпатули.Сетoвите доаѓаат во заштитни куферчиња , со држачи и...
Презентиран планот за противпожарна заштита на Охрид и Дебрца пред стручна австриска делегација
Post Views: 157 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.На средбата присуствуваа претставници на Противпожарната единица од Охрид при што беше извршена Презентација на Планот за противпожарна заштита на Општина Охрид и Дебрца.Во рамки на презентацијата беше опфатено...
Од утре времен режим на сообраќај во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Post Views: 188 Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно.