Skip to main content

Автор: инфодеск

Во подготовки театарската премиера на „Парите се отепувачка“

Post Views: 20 Од Народен Театар Охрид информираат дека во тек се подготовките за нивниот најнов проект „Парите се отепувачка” од Ристо Крле, а во режија на Андреј Цветановски.Премиерната изведба ќе биде на 31-ви октомври 2025 година.

Продолжи со читање

Преподобна Пелагија

Post Views: 8 Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците. И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од себеси, се исплаши од Бога, се покаја за своите нечисти гревови и припадна пред свети Нон со молба да ја крсти. „Смилувај се...

Продолжи со читање

Денес во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, утре дожд

Post Views: 14 Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.Минималните температури од 10, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Утре ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Продолжи со читање

Во сабота премиера на краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“

Post Views: 7 Во сабота, 25 октомври, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар е закажана премиерата на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски. Премиерата е закажана во 19:30 часот.–„Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ја раскажам човечноста што често не ја забележуваме, да покажам дека херојството може да...

Продолжи со читање

Денес настан на тема: Значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција на ракот на дојка

Post Views: 11 Здружението на лица со дијабет од Охрид, а по повод месецот за превенција од рак на дојка, денеска организира настан кој преку разни содржини ќе има задача да го повтори значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција.–Пред присутните ќе се обрати Др. Тони Чифлигароски, а за своите искуства од справувањето со болеста, периодот после откривање на истата и со пораки кои инспирираат, ќе се обратат жени-борци, говорнички. За присутните ќе има и мали изненадувања, ќе има и лотарија и тивка аукција, со цел настанот да ја покаже и...

Продолжи со читање

Во Дебрца втор круг за Градоначалник за Зоран Ногачески и Златко Силјаноски

Post Views: 15 Во вториот круг за градоначалничката функцијата на Општина Дебрца ќе се борат Златко Силјаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кој освои 1.212 гласа (48,1%), и актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, кој освои 663 гласа (26,31%).На изборите за членови на совет во Дебрца ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 1.136 (45,08%), а коалиција предводена од СДСМ 538 (21,35%), Искуство за успех 216 (8,57%).ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија 6 места во Советот на Општина Дебрца, , СДСМ и коалiцијата 2 мандати и Искуство за...

Продолжи со читање

Втор круг за Градоначалник на Струга за Менди Ќура и Арсим Далипи

Post Views: 28 Според податоците од Државната изборна комисија за градоначалничката позиција во Струга во втор круг ќе се борат независниот кандидат Менди Ќура и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи.Ќура на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.– Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква...

Продолжи со читање

Спасе Кочовски реизбран за Градоначалник на Вевчани

Post Views: 30 Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ во наредните четири години ќе остане како прв татко на Општина Вевчани. Тој во првиот круг освои 823 гласови, или 55,83% од гласовите.-Победата ја добивме, останува да работиме и да ги релаизираме ветените проекти, да ја оправдаме довербата на вевчанци. Народот одлучи, а ние нема да го изневериме, изјави Кочовски. Стефан Радиноски од коалицијата предводена од СДСМ освои 514 гласови (34,87%), а Господинот Поповски 54 гласови (3,66%).

Продолжи со читање