Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес во Ријад почнуваат руско-американските преговори

Post Views: 194 Американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф ќе ги претставуваат САД во разговорите со Русија, што ќе се одржат денес во Ријад. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Јуриј Ушаков, советникот за надворешна политика на претседателот Владимир Путин ќе разговараат со американските претставници за подобрување на билатералните односи и преговори за ставање крај на војната во Украина. Сепак, претставник на Украина нема.– Нема да...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид ќе додели јубулејни признанија за крводарителите

Post Views: 129 По повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија, општинската организација при Црвен крст Охрид традиционално ќе додели јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.-Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2024 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 52, секој работен ден од 8-16 часот, велат од Црвен крст Охрид....

Продолжи со читање

Денеска форум за дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид

Post Views: 142 Во рамки на проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“ денеска во Охрид ќе се одржи форум на сите засегнати страни потрошувачи, локални медиуми, претставници од локална самоуправа, Совет за заштита на потрошувачи на Охрид, претставници од јавните комунални претпријатија.На форумот ќе бидат презентирани наодите од Истражување на задоволството на граѓаните од услугите на јавните комунални претпријатија на општина Охрид, Извештајот за спроведените интервјуа со јавните комунални претпријатија...

Продолжи со читање

Светата маченичка Агатија

Post Views: 127 Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги...

Продолжи со читање

Променливо облачно и студено време со ниски утрински температури

Post Views: 128 Променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.Денес ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре засилен северен ветер. Од утре облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под -10 степени., информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 0 до 7 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Од полноќ ново поскапување на горивата

Post Views: 161 Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство...

Продолжи со читање

Двајца охриѓани ограбиле црква во Опеница

Post Views: 194 На 16.02.2025 во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид приведoa 38 и 29 годишен охриѓанец, кои се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Клубот на млади од Црвен крст Охрид организираше работилница на тема: „Како полесно да донесам одлука за на факултет“

Post Views: 202 Клубот на млади при Црвен крст Охрид, овој викенд организираше многу интересна и корисна работилница за младите на тема кариерно советување насловена „Како полесно да донесам одлука за на факултет“.На оваа работилница присуствуваа 23 млади, а истата беше одржана од страна на Борче Исакоски – поранешен Лидер на Клуб на млади, а присутните ги идентификуваа своите професионални интереси, вештини и можности, со цел да донесат информирани одлуки за својата кариера.– На истата тема продолжуваме да дискутираме заедно со Марија Коваческа –...

Продолжи со читање

Николоски: Градежништвото ќе помогне во економскиот развој на државата, се очекува да се изградат нови 67 километри автопатишта

Post Views: 184 Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.-Ние очекуваме градежништвото да биде главен двигател на економскиот раст, очекуваме оваа година Македонија да е најдобра по раст во целиот регион и тука да помогнеме со инвестициите во градежништвото. Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп-Битола, на Тетово-Гостивар...

Продолжи со читање

Одржано четвртото издание на Рапид турнир во шах „Езерски Бисер 2025“

Post Views: 236 Шаховскиот клуб „Ласкер“ со поддршка на Општина Охрид во ООУ „Братство Единство“, вчера го организираа четвртиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2025”. Натпреварот се одвиваше по Швајцарски систем во 9 кола, а учество зедоа 55 шахисти од Македонија.Најдобро пласирана шахистка беше Елена Лушеска од ШК „Ласкер“ Охрид, најдобро пласиран млад шахист беше Димитар Симоноски од ШК „Шах Шех“ Битола, а титулата за најдобро пласиран шахист во категорија 60+ ја освои Шкриељ Зеца ШК „Прилеп“ Прилеп.Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Идиопатска апластична анемијa

Post Views: 125 MKБ-10 D61.0ПРЕВАЛЕНЦАИдиопатската апластична анемија е забележана кај приближно 1 – 9/1 000 000 лица.ВОВЕДАпластичната анемија се дефинира како хематолошка состојба која се карактеризира со намалување на клеточните елементи на периферната крв. Тоа е ретка, но исклучително сериозна состојба што произлегува од необјаснетиот неуспех на коскената срцевина да произведе крвни клетки. Апластичната анемија, генерално се развива пред возраст од 30 – 40 години како резултат на вродена хромозомска абнормалност, како што е анемија на Фанкони или вродена...

Продолжи со читање

Преподобен Исидор Пелусиот

Post Views: 190 Родум Египќанец, син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги изучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, свети Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот, одошто на красноречиво...

Продолжи со читање