Автор: инфодеск
Post Views: 28 Според податоците од Државната изборна комисија за градоначалничката позиција во Струга во втор круг ќе се борат независниот кандидат Менди Ќура и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи.Ќура на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.– Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква...
Спасе Кочовски реизбран за Градоначалник на Вевчани
Post Views: 30 Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ во наредните четири години ќе остане како прв татко на Општина Вевчани. Тој во првиот круг освои 823 гласови, или 55,83% од гласовите.-Победата ја добивме, останува да работиме и да ги релаизираме ветените проекти, да ја оправдаме довербата на вевчанци. Народот одлучи, а ние нема да го изневериме, изјави Кочовски. Стефан Радиноски од коалицијата предводена од СДСМ освои 514 гласови (34,87%), а Господинот Поповски 54 гласови (3,66%).
Охрид со јасна одлука: Пецаков продолжува да биде Градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство во Советот
Post Views: 24 Од Државната изборна комисија потврдија дека актуелниот, д-р Кирил Пецаков, останува градоначалник на Охрид и во текот на следните 4 години, освојувајќи 16.565 гласови или 63,9% од гласовите. Неговите против кандидати, д-р Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата освои 6.151 (23,73%), Гоце Цветковски 630 (3,20%) и Стевче Стевоски од Твоја партија освои 450 гласови (1,74%).Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови и на советничката листа – 12.680 (48,92%), пред СДСМ и Коалицијата кои освоија 4.637 гласови (17,89%). Движењето Знам – За Наша Македонија освои...
УХМР: Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди
Post Views: 10 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР велат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 6 до 11 степени Целзиусови.
Пецаков прогласи победа
Post Views: 10 Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Кирил Пецаков, прогласи победа во прв круг на денешните локалните избори.Актуелниот градоначалник Пецаков се заблагодари на охриѓани за како што рече искажаната историски најголемата поддршка што на било кои локални избори се случила.-Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги реализиравме во изминатите 4 години сега ќе бидат на уште повисоко ниво. Уште еднаш благодарност до охриѓани и за поддршката за Градоначалник која ќе биде 10 000 разлика и го следи односот 3:1 со СДСМ како втора...
Наводен поткуп на изборите во Охрид
Post Views: 9 Основното јавно обвинителство од Охрид поведе постапка за прекршување на изборниот процес, против лица кои наводно подготвувале поткуп на гласачи. Имено, возило било сопрено по оперативни сознанија на полицијата, дека во истото има лица кои вршат кривично дело поткуп при гласање, информираа вечерва од Јавното обвинителство на Република Македонија.– Возило беше запрено, легитимирани се три лица, а во автомобилот биле пронајдени 30 банкноти од по 2.000 денари и наводен список на лица кон кои требало да се даваат тие пари, информираат од обвинителството.Од...
ДИК: Излезноста во Охрид до 18:30 часот е 48,23% , во Дебрца 62,04%
Post Views: 10 Според официјалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), одзивот на локалните избори во Охрид до 18:30 часот е 48,23%, a на ниво на државата, до 18:30 часот гласале 46,65% од граѓаните. Во Општина Дебрца на гласање излегле 62,04% од вкупниот број избирачи.За кандидат за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од гласачите кои гласале, но само доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на...
20 пријави за нарушување на изборниот молк во Македонија, 2 во Охрид
Post Views: 9 За време на предизборниот молк, од 18-ти октомври, до 07:00 часот на 19-ти октомври 2025 година, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк.– Од нив шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, три на подрачјето на СВР Велес, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани. Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се...