Автор: инфодеск
Post Views: 145 Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови.
Вечерва премиера на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“
Post Views: 148 Вечерва со почеток во 20:00 часот во Културниот центар НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиерата на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“.Станува збор за третата етапа од трилогијата на проектот „Сиот свет е сцена-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“.– Се однесува на неискористените потенцијали на просторите и културното наследство-места полни со сеќавања, метаморфоза, нови перцепции,...
Недела на блудниот син, втора недела пред великиот пост
Post Views: 172 Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син. Има некои коишто живеат мошне блудно уште од млада возраст, и во пијанство и во нечистотија, и откако ќе паднат во длабочината на тие зла, доаѓаат до очај, кој, пак, е пород на гордоста. И затоа не сакаат да дојдат до грижа за добродетелите, туку уште подлабоко запаѓаат во злото. Светите отци човекољубиво имаат одговор за таквиот човек, и сакајќи да го одвлечат од очајанието таквиот, му ја принесуваат тука оваа приказна која страстите на очајот ги истргнува од корен, а луѓето ги упатува кон добродетелите....
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Гастрошиза
Post Views: 145 Гастрошизата е тешко конгенитално заболување на предниот абдоминален ѕид, односно вроден дефект во кој цревата на новороденчето се протегаат надвор од абдоменот низ дупка до папокот. Големината на дупката е променлива, а другите органи, вклучувајќи го желудникот и црниот дроб, исто така можат да се појават надвор од телото на бебето.Компликациите можат да вклучуваат проблеми со хранење, недоносеност, интестинална атрезија и интраутерино ограничување на растот. Повеќето мажи можат да создадат потомство преку вештачко оплодување (ИВФ). Самите оперативни техники...
Во четврток започнува новата театарска сезона на охридскиот театар
Post Views: 192 Народен театар Охрид новата театарска сезона ја започнува во четврток, 20-ти февруари, со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Билетите по цена од 300 денари ќе бидат во продажба од понеделник, 17-ти февруари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00...
Утре премиера на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“
Post Views: 171 Утре, недела, на 16-ти февруари 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Културниот центар НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиерата на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“.Станува збор за третата етапа од трилогијата на проектот „Сиот свет е сцена-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“.– Се однесува на неискористените потенцијали на просторите и културното наследство-места полни со сеќавања,...
Делегација од Општина Охрид положи цвеќе пред спомен обележјето на Андон Дуков
Post Views: 194 Делегација на Локалната самоуправа, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски вчера положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Андон Дуков, по повод годишнината од неговата смрт.Свежо цвеќе положија и претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и граѓани.Андон Дуков бил резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец во НОБ. Тој бил роден во Охрид на 20-ти јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката...
Сретение Господово
Post Views: 218 Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: шваноматоза
Post Views: 151 ШВАНОМАТОЗА/SCHWANNOMATOSISMKБ-10 Q85.03ПРЕВАЛЕНЦА – точната преваленца е непозната, но се претпоставува дека е забележана кај 1/1 700 000 население.ВОВЕДШваноматоза е исклучително ретко генетско нарушување кое е тесно поврзано со неврофиброматоза и се карактеризира со развој на повеќе бенигни тумори наречени шваноми на нервите низ телото. Шваномите се претежно бенигни тумори кои најчесто се јавуваат кај лица со NF2 и шваноматоза (понекогаш наречена неврофиброматоза тип III).Се работи за ретка форма на неврофиброматоза, која опфаќа околу 2–5%...
Болницата „Св. Еразмо“ доби нова опрема – видео сет за интубација
Post Views: 309 Центарот за развој на Југозападен плански регион на ЈЗУ специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, во рамки на проектот „Опремување на современ центар за физкална терапија во болницата Св. Еразмо“ ја донираше опремата – видео сет за интубација.– Преку ова опрема, ЈЗУ „Св. Еразмо“ од Охрид ќе има подобра визуелизација и поголема прецизност. Видео сетот овозможува јасен и зголемен приказ на дишните патишта, што значително ја зголемува точноста при поставувањето на ендотрахеалниот тубус. Ќе се зголеми и безбедноста на...
Охридски Комуналец: мапирани 5 диви депонии и подигнати 22 м3 отпад
Post Views: 171 Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид информираат дека мапирани се 5 (пет) диви депонии, подигнати 22 м3 кабаст и зелен отпад и градежен шут.-Повторно упатуваме апел да не се деградираат јавните површини од страна на поединци, зошто овие слики се секојдневие за сите останати граѓани, велат во нивното соопштение.
Роденденска „Импровокација“ на 25 февруари
Post Views: 198 Култното шоу „Импровокација“ слави 9 години.-Денешниот ден за некого е ден на вљубените, а некои го слават и култот кон Трифун пијаницата. Да речеме дека Импровокација ги слави заеднички, односно сме заљубени во пиењето , велат организаторите.Тие го најавија роденденското издание на „Импровокација“ кое ќе се случи на 25 февруари, од 20:00 часот во Народен Театар Охрид.Карти по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 075283066.