Автор: инфодеск
Post Views: 120 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Од УХМР информираат дека нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува утре кон крајот на денот и во петок. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.Минималните температури од 8 степени, a максималните до 18 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Охридската библиотека се ребрендира со нов визуелен идентитет
Post Views: 173 Охридската библиотека се ребрендира со ново лого. Нов визуелен идентитет со цел да се оживее ликот на Григор Прличев. Автор е уметникот Ласко Џуровски, кој работи на реставрација на портрети од историските личности во земјава.Целта на новата визуелизација е надградба и чување на македонското културно наследство, промоција на ликот и делото на Прличев.-Преку ликот на Григор Прличев ние ги оживуваме и сите оние елементи кои ги содржи неговото дело и она што го промовира вашата установа во сферата на културата. Се потрудив да направам варијанти кои...
Дваесетгодишната Чарна Невзати ги брани боите на Македонија на Мис на светот 2025
Post Views: 442 Македонија и оваа година со своја претставничка на Мис на светот. Дваесетгодишната Чарна Невзати ги брани гордо и достоинствено боите на нашата земја во рамки на престижниот избор за убавина Мис на светот, чие финале ќе се одржи на 31 мај во Телангана, Индија.Натпреварот официјално започна во саботата вечерта со спектакуларен приказ на културни настапи, меѓународна мода и глобално претставување.-Чекорејќи во наследството на убавината со цел, на 72-та церемонија на отворање на Мис на светот, повеќе од благодарна сум што ја претставувам мојата земја на...
МВР апелира граѓаните да внимаваат на лажни е-маил пораки со фишинг линкови
Post Views: 249 Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив.– Овие пораки лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или барања за преземање на активности. Важно и значајно е граѓаните односно компаниите да знаат дека пораката не е испратена од...
Охрид домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската квиз асоцијација
Post Views: 255Македонската квиз асоцијација (МКА) го најави завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи во недела, на 25 мај 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Традиционалниот настан по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид, најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Организаторите информираат...
Објавен Ревизорскиот извештај за урбанистичкото планирање на зелената инфраструктура во Охрид
Post Views: 175 Државниот завод за ревизија изврши ревизија на тема „Урбанистичкото планирање на зелената инфраструктура во градовите“ со цел да утврди дали мерките и политиките на централната и локалната власт обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите.Со спроведената ревизија ДЗС утврдила дека мерките и политиките на централната и локалната власт не обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите низ Македонија. Од таму додаваат и дека од 34 општини, ГУП-овите на 22 градски општини не го исполнуваат препорачаниот...
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со значајни успеси на Државните натпревари од електротехничка, машинска и сообраќајна струка и Aнглиски јазик
Post Views: 337 Во периодот 08-09.05.2025 година во СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје се одржаа XLII Државни натпревари за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка, на кои нашите ученици постигнаа одличен успех.I МЕСТО во образовниот профил Техничар за производно машинство Јана Василева, ментори: Стојан Новески, Владо Трајчески и Наташа Јанкоска КитаниI МЕСТО во образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника Адријан Дине, ментори: Билјана Ристоска, Душко Савески и Владо ЈанкулоскиI МЕСТО во образовниот профил Техничар за компјутерско...
Во петок охридската библиотека ќе биде затворена за читателите
Post Views: 125 Поради организирана студиска посета на вработените на 16 мај (петок) НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде затворена за читателите.Од установата информираат дека за тој ден нема да се пресметуваат задоцнини за позајмената литература.
Светиот апостол Јаков
Post Views: 130 Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесетте. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати од таму, Евреите со него почнаа да се препираат за Светото Писмо. Бидејќи никако не можеа да му...
УХМР: Променливо облачно со повремен локален дожд
Post Views: 165 Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 18 степени Целзиусови.Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од...
Генералка викенд во Охрид
Post Views: 99 Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа изминатиот викенд во Охрид.Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин каде чистеа вработените од Шпаркасе Банка. На потегот од Грашница до подрачното училиште „Св. Климент Охридски“, чистеа вработените од „Костал Македонија“. Училишниот спортски клуб „Волеј“ чистеше на просторот околу Горна Порта, на потегот од...
Одлука за спроведување стратегиска оцена за плански документ на УЗ4
Post Views: 110 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 09.05.2025 година, донесеОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА УЗ 4 УБ 4.4 И ИЗРАБОТКА НА ДУП ЗА УЗ 4 УБ 4.4 ОПФАТ 1, ОПШТИНА ОХРИД