Skip to main content

Автор: инфодеск

Од полноќ изелот поевтинува, бензините поскапуваат

Post Views: 217 Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 75,5 денари за литар. За 0,592 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,45 денари, додека цената на Екстра лесното масло за...

Продолжи со читање

РЦСО „Ванчо Питошески“ ги отвора вратите за новите ученици

Post Views: 194 Угостителското училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид подготвено да ги отвори вратите за новите ученици. Уписите се на 17 јуни, а интересот за најдефицитарните струки и профили во туризмот и угостителството е голем.Училиштето е комплетно реновирано, условите за теоретска, но и практична настава се одлични. Реновирани се и собите во домот. Годинава отворени се шест атрактивни профили.-Се аплицира прво електронски, а третиот ден учениците треба да ги донесат документите. Годинава имаме шест профили од кои еден е нов хотелско ресторански техничар, другите...

Продолжи со читање

Шахистите од ШК Ласкер го освоија третото место на екипните младински првенства на Македонија

Post Views: 413 Викендов во ПСУ Јаха Кемал Скопје, се одржаа Екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 08 до 18 години во шах каде учествуваа 179 млади, а во организација на Шаховска Федерација на Македонија. Охридските шахисти го освоија третото место на екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 8 до 18 години.ШК Ласкер Охрид учествуваше со своја екипа во категорија U14 каде учествуваа 8 екипи, првенствата се играа на четири табли, по Бергер систем (секој со секого), со темпо на игра 60 минути со 30 секунди додаток...

Продолжи со читање

Од денес дел од улицата „Даме Груев“ ќе биде затворена за сообраќај

Post Views: 132 Од денес поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“,  целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.-Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите, велат од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Општина Охрид со апел да се отстранат пловните објекти на Сараиште

Post Views: 142 Сопствениците на пловни објекти  – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани. Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред почетокот на летната туристичка сезона.

Продолжи со читање

Младите од Црвен крст Охрид вчера одржаа „Час за забава“

Post Views: 124 Вчера во Скејт Парк, две ЦКА-ПХВ групи со цел собирање финансиски средства за реализирање на два мали проекти кои работат со ЈЗУ Општа Болница Охрид оддел Геријатрија и Здружение на глуви и наглуви лица организираа „Час за забава“.-Присутните уживаа во прекрасната атмосфера исполнета со музиката од бендот „HUMANE – ХУМАН”, друштвени игри, спортски активнсоти, тимски предизвици, караоке и многу насмевки и дружење, велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Свети Василиј Острошки

Post Views: 136 Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против неговата волја. Како архијереј, прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го...

Продолжи со читање

Следните денови ќе имаме променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд

Post Views: 124 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Денес наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, информираат од УХМР.Денешните температури во Охрид во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Денес Црвен крст Охрид организира „Час за забава“

Post Views: 296 Денес две ПХВ групи со вкупно 12 младинци се здружуваат за да организираат незаборавен „Час за забава“ во Скејт паркот во Охрид, со почеток во 11:00 часот.Котизацијата за учество изнесува 50 денари, а целта на настанот е да се соберат финансиски средства кои ќе одат за реализација на овогодишните ЦКА-ПХВ проекти.Од општинската организација на Црвен крст информираат дека младите ги очекуваат друштвени игри, спортски активности, загатки и тимски предизвици, малку натпревар, но многу забава.–Понеси позитивна енергија, другари и желба за смеа!, порачуваат...

Продолжи со читање

Недела на раслабениот

Post Views: 173 Кога се искачи Христос во Ерусалим за празникот Педесетница, дојде во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, која беше именувана „Витезда“, што на еврејски значи „дом на милосрдието“, а беше наречена уште и „Овча бања”, бидејќи во неа ги миеја утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот. Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на Ангелот. Таму Христос најде еден човек кој триесет и осум години лежел неподвижен чекајќи некој да го спушти во водата. Христос, Кој...

Продолжи со читање

Денес ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер

Post Views: 190 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Охрид домаќин на меѓународен таеквондо турнир

Post Views: 106 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков го прогласи за отворен Меѓународниот турнир во Олимписко теквондо „Охрид опен 2025“ што денес се одржува во градов.Во своето обраќање во Спортската сала „Билјанини извори“, градоначалникот Пецаков истакна:– Чест ми е што присуствувам на отворањето на годинешниот Меѓународен турнир  во Олимписко Теквондо „Охрид опен 2025“ што  добива традиционален карактер и зазема се поголемо место на охридската спортска мапа затоа што е пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини кои се негуваат кај...

Продолжи со читање